Осигурување
Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци
Речиси шест милиони евра за пет месеци наплатиле граѓани од нивните полиси за осигурување живот со кои имале можност и за штедење на уплатените средства. За смртни случаи покриени со ризико осигурување компаниите исплатиле 613.000 евра, а за осигурување со инвестициска компонента во овој период се исплатени 640.000 евра.
Граѓаните наплатиле 443 милиони денари (над 7,2 мил.евра) од осигурување живот во првите пет месеци годинава, покажуваат официјалните податоци кои шесте компании за осигурување живот ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во овој период над 2.500 граѓани добиле надомест за штетите кои биле покриени со полиси за осигурување живот издадени од пет компании за осигурување живот.
Најмногу средства во овој период се исплатени по полиси за осигурување живот со штедна компонента. Ова е најстариот производ на животно осигурување кој на нашиот осигурителен пазар се продава 20 години. Негова главна карактеристика е тоа што покрај осигурувањето живот нуди и штедење на вложените средства. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата за дадениот период. Во првите пет месеци годинава од ова осигурување граѓаните од компаниите за осигурување наплатиле 366 милиони денари (5,95 мил.евра). Во најголема мерка, во првите пет месеци, парите се исплатени на осигуреници на кои им завршил договорот за осигурување и ги добиле нивните вложени средства зголемени за каматата.
На второ место според висината на исплатените средства во првите пет месеци, е осигурувањето со инвестициски компонента кое е популарно познато под називот „јунит линкд“ осигурување. Овој осигурителен продукт на граѓаните заедно со осигурување живот им овозможува и вложување на поголем дел од уплатените средства во удели на инвестициски фондови. Заради тоа што цените на уделите на инвестициските фондови зависат од светските берзи тие се подложни на промени. Токму таа карактеристика создава можност за пристојни па дури и солидни приноси од вложувањата, но носи и ризик кога паѓаат цените на берзите. Важно е да се знае дека со вложувањето во овој осигурителен продукт ризикот од вложувањето го носи осигуреникот. Со цел подобра информираност и поголема заштита на осигурениците АСО донесе правилник со кој дефинираше квантум на информации што мора да ги добијат осигурениците од продавачите на осигурување пред да одлучат да купат „јунит линкд“. Во првите пет месеци кај ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 39,35 милиони денари (640.000 евра).
Најмало учество во исплатените средства во овој период има осигурувањето без штедна компонента кои е популарно познато како ризико осигурување. Кај овој продукт осигуреникот го осигурува својот живот и доколку настане смрт во осигурениот период компанијата исплаќа осигурена сума на членови на негово семејство или на носители на правото на обештенување кои ги навел осигуреникот во својата полиса. Поради смрт на осигуреници во овој период компаните за осигурување живот исплатиле 37,7 милиони денари (613.000 евра) на нивни семејства или лица кои биле носители на правото на осигурување.
Повеќе податоци за состојбата на пазарот за осигурување живот се достапни на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
За потребата од и значењето на осигурувањето живот повеќе може да научите на нашиот едукативен портал https://edukacija.aso.mk/
Бизнис
Триглав ќе дели бруто дивиденда од 3 евра по акција
Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година.
Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра. Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на Друштвото и претставува распределба на 50% од нето-добивката на Групацијата Триглав за 2025 година.
Се очекува известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав да биде објавено на 23-ти април 2026 година, а Годишнто собрание е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.
Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Наша цел е да обезбедиме акцијата на Триглав да остане стабилна, профитабилна и сигурна инвестиција што ги исполнува очекувањата на акционерите, вклучително и преку нејзиниот дивиденден принос. Оваа година, предложивме распределба на дивиденда во износ еднаков на половина од минатогодишната консолидирана нето-добивка, што е во согласност со дивидендната политика. Во моментов, тоа претставува приближен дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG, што е над просекот за европските осигурители. Овој предлог, на избалансиран начин ги зема предвид сите цели на дивидендната политика, вклучително и остварувањето на високите амбиции во однос на развојот и растот на Групацијата Триглав во стратешкиот период. Истовремено, ќе продолжиме да обезбедуваме капиталната адекватност на Групацијата Триглав да остане во рамки на целниот опсег на среден рок, бидејќи таа претставува основа за успешно работење и сигурност на нашите клиенти. Сметаме дека предложената дивиденда овозможува развој на Групацијата Триглав во посакуваната насока, а притоа продолжува да ги исполнува очекувањата на акционерите.“
Предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор во однос на овогодинешната дивиденда е во согласност со дивидендната политика и политиката за управување со капиталот на Групацијата Триглав. Тој ѝ овозможува на Заваровалница Триглав да одржува соодветно ниво на капитал потребно за обезбедување на целната среднорочна капитална адекватност, паралелно со континуиран раст на работењето. Воедно, настојува да ги исполни очекувањата на акционерите што произлегуваат од дивидендната политика, остварените деловни резултати и деловниот развој на Заваровалница Триглав. Доколку капиталните барања на Заваровалница Триглав се зголемат во иднина, ќе се постапува во согласност со усвоената политика за управување со капиталот.
Надзорниот одбор го одобри ревидираниот Годишен извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2025 година, кој, во согласност со финансискиот календар, ќе биде објавен во понеделник, 30-ти март 2026 година. Се очекува Друштвото на 23-ти април 2026 година да го објави свикувањето на редовното Годишното собрание на акционери, кое е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.
Осигурување
Black Friday понуда на Croatia Осигурување: 70% попуст за годишно патничко осигурување
Croatia Осигурување објави промотивна Black Friday акција со која нуди 70 проценти попуст на годишно патничко осигурување, достапно до 31 март 2026 година.
Според компанијата, осигурувањето опфаќа покриеност до 120 дена во текот на годината и е наменето за сите кои сакаат сигурност при патување, без разлика на дестинацијата.
Понудата вклучува брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита од непредвидени ситуации кои можат да ги нарушат патувањата. Од компанијата посочуваат дека ваквиот тип осигурување овозможува поголема сигурност и мир за корисниците при нивните патувања.
Акцијата важи исклучиво за пријави направени онлајн преку официјалната платформа на Croatia Осигурување.
Осигурување
Еуролинк осигурување со промотивна понуда за „Бизнис Комплет“ со 40% попуст
Еуролинк осигурување ја претстави својата понуда „Бизнис Комплет“, наменета за компании кои инвестираат во развој и сакаат дополнителна сигурност за својот бизнис.
Од компанијата порачуваат дека растот на бизнисот подразбира вложувања во нова опрема, простор и идеи, но и потреба од заштита на тие инвестиции. Токму затоа, пакетот „Бизнис Комплет“ нуди решение за осигурување кое овозможува стабилност и сигурност во деловното работење.
Во рамки на актуелната кампања, која трае до крајот на март, клиентите можат да искористат 40% попуст на премијата за првата година, доколку склучат договор на период од три години.
Заинтересираните компании можат да побараат понуда преку телефонскиот број 02/15888 или преку веб-страницата на Еуролинк осигурување.
Од компанијата нагласуваат дека целта на оваа понуда е да им овозможи на претпријатијата да инвестираат послободно и посигурно, знаејќи дека нивниот бизнис е заштитен.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!



