Банки
Фриленс пакет прилагоден на потребите на современите професионалци
ПроКредит Банка скрои примамлива понуда наменета за фриленсери од Македонија, специјално дизајнирана да ги задоволи уникатните потреби на современите професионалци. Како прва банка во земјата што ја препозна важноста на фриленсерите во земјата, ПроКредит Банка нуди низа финансиски решенија и поддршка за младите луѓе кои вообичаено работат за странски пазар.
Фриленс пакетот обезбедува целосна поддршка на фриленсерите, кои работат дигитално, имаат приливи од странство и најчесто немаат регулиран статус на вработување во Македонија. Следејќи ги потребите на модерните професии ПроКредит Банка екслузивно нуди:
- Личен банкарски советник кој ќе ве води низ банкарскиот процес и ќе ви помогне да донесете информирани финансиски одлуки
- Кредитни понуди за станбен, инвестициски, еко и автомобилски кредит
- Трајна изјава за спуштање на приливи од странство со можност за бесплатни приливи
- Можност за уплата и исплата на ЕВРА директно од банкомат во зоните 24/7 без провизија
ПроКредит банка нуди можност за добивање на кредит, како што е кредит за инвестиции или станбен кредит, за клиенти кои работат за странство и имаат редовни месечни примања. Право на аплицирање за кредит остварува секој фриленсер од Македонија, кој има отворена сметка во ПроКредит банка и има доказ за историја на работен ангажман со кој се потврдува континуиран прилив не пократок од шест месеци.
Дополнителна придобивка од пакетот е можноста за потпишување трајна изјава за спуштање приливи од странство, што значи дека клиентот треба само еднаш да дојде во банка и понатаму сите останати приливи автоматски се спуштаат на личната сметка. Со тоа ПроКредит овозможува флексибилност, слобода и заштеда на време, за разлика од досега познатата традиционална пракса за посета на банка при секој пристигнат прилив. Право на трајна изјава има секој фриленсер што ќе приложи договори дури и со различни клиенти, но по ист основ за извршување ист тип на дејност.
Покрај денарската сметка, ПроКредит банка обезбедува сметки и во евра, задоволувајќи ги потребите на своите клиенти кои претпочитаат различни валути, како и стандардните денарски и девизни штедни влогови. Банката обезбедува мултивалутни картички, во денари и во евра, овозможувајќи им на своите клиенти повлекување и уплата на ЕУР на банкомати.
ПроКредит е единствена банка на пазарот која работи исклучиво преку дигитални канали, што го олеснува секојдневниот пристап на клиентите во управување со своите финансии.
Одберете банка која ве поддржува во секој чекор, за да можете безгрижно да се фокусирате на развојот на вашата кариера.
За повеќе информации за Фриленс пакетот, посетете ја веб страницата: https://www.pcb.mk/frilenseri.nspx или контактирајте со личен банкарски советник за фриленсери: Телефонски број и Viber: 070 376 960 и 070 376 962
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





