Connect with us

Берза

ЕБОР помага да се зголеми капацитетот на македонскиoт пазар на капитал

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Македонската берза АД Скопје (МБ) се согласија да соработуваат во поттикнување на работењето на локалниот пазар на капитал.

Денес беше потпишан Меморандум на разбирање помеѓу Главниот Извршен Директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев и Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, со кој се создава силна основа за соработка помеѓу двете страни, во насока на зајакнување на локалниот пазар на капитал. Преку подигнување на свеста за финансирањето преку пазарот на капитал, се работи на привлекување на повеќе приватни компании да се финансираат преку јавна понуда на акции или да издадат обврзници. Крајната цел е оваа иницијатива да придонесе кон раст на пазарот, зголемување на инвестициските можности, и поддршка на подинамичен финансиски екосистем.

Фатих Туркменоглу изјави: “Со денешното потпишување се обележува важен чекор кон зајакнување на локалните пазари на капитал во земјата. Преку зголемување на свеста за котација на акции и корпоративни обврзници, создаваме нови можности за приватните компании, во однос на пристап до финансиите, нивен раст, но и придонесуваме кон економскиот развој. Подлабок, подинамичен бенефит за пазарите на капитал е корисен не само за бизнисите, туку и за инвеститорите и пошироко за економијата, а ние сме посветени во поддршката на оваа трансформација.”

Иван Штериев изјави: “Берзите и пазарите на капитал го постигнуваат својот целосен потенцијал само доколку корпоративниот сектор може да го финансира својот развој и преку нив. Македонска берза во континуитет го промовира и популаризира пазарното финансирање на компаниите во нашата држава. Поради низа објективни и субјективни причини на домашниот пазар долго се чека на вистинско ИПО и нови котации на Берзата. Со ЕБРД, како наш најголем долгогодишен поддржувач, споделуваме иста визија дека работите на овој план треба да се менуваат и со потпишувањето на овој Меморандум создаваме стратешка рамка за идна конкретна поддршка на македонските компании што финансирањето на својот развој го планираат преку пазарот на капитал.”

Европската банка за обнова и развој се стреми кон поддршка на малите и средни претпријатија, во насока на проширување на базата на оние кои привлекуваат нов акционерски капитал и издаваат обврзници на пазарот, и тоа преку:

  • Споделување на знаења со Македонската берза за најдобрите меѓународни пракси, во однос на проширување на базата на издавачи на финансиски инструменти;
  • Зголемување на корпоративната финансиска култура во земјата, преку активности за градење на капацитет кај локалните компании, во соработка со Македонката берза;
  • Обезбедување на таргетирани советодавни услуги за локалните компании, кои размислуваат за издавање на акционерски капитал или издавање на обврзници, со цел да бидат подготвени и за настап на пазарот на капитал.

ЕБОР има инвестирано повеќе од ЕУР 2.9 милијарди во 197 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата.

Берза

Македонска берза: Голем одзив и одлични резултати на овогодинешниот инвеститорски ден

Објавено

на

Шеста година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.

На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 396 нормални трансакции што претставува инвеститорски ден со најголем број склучени трансакции од воведување на оваа иницијатива. Воедно, на овој ден се склучија и најголем број на трансакции на дневно ниво во 2025 година. Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 547 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.

Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 917 илјади евра, односно изнесува околу 56 милиони денари.  

Иницијативата „Инвеститорскиот ден“ ја прифатија и во неа активно се вклучија сите единаесет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер, Шпаркасе Банка Скопје и Халк Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Продолжи со читање

Берза

Македонска берза ја најавува 24-та Годишна конференција во Охрид

Објавено

на

Македонска берза ја најавува 24-та Годишна конференција, што ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година во хотел Метропол – Охрид.

Годишната конференција на Берзата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјава, кој веќе повеќе од две децении обединува клучни фигури од банкарскиот и финансискиот сектор. На настанот традиционално учествуваат претставници на банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, регулатори, академици и медиуми, како и бројни странски експерти и говорници од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.

Препознатлива по својата актуелност и квалитетот на панелите, презентациите и дискусиите, конференцијата секоја година отвора теми од клучно значење за развојот на финансискиот систем и економијата во целина.

Овогодинешната агенда носи неколку значајни фокуси, меѓу кои:

– Македонските и регионалните економски перспективи

– Можностите и предизвиците за иницијални јавни понуди (IPO) и раст на домашните компании

– Развој на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови

– Важноста и улогата на малите берзи

– Влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување

– Трендовите во дигиталната трансформација на компаниите

Деталната агенда за конференцијата е достапна на следниот линк 👉 24-та годишна конференција на Македонска берза.

Продолжи со читање

Берза

Македонска берза на 12 септември го организира шестиот „Инвеститорски ден“

Објавено

на

Со цел поттикнување на домашните индивидуални инвеститори и развој на инвестициската култура во земјата, Македонска берза на 12 септември 2025 година (петок) ќе го организира настанот „Инвеститорски ден“ – по шести пат во своето работење.

Иницијативата има за цел да го зголеми учеството на населението во тргувањето со акции на домашните компании што котираат на Берзата, како и да придонесе за подобро познавање на хартии од вредност кај граѓаните. Настанот е поддржан од Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ), сите единаесет членки на Берзата и од Комисијата за хартии од вредност.

Бесплатно тргување за физички лица

На „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купуваат и продаваат акции на сите пазарни сегменти без да платат провизии кон Берзата, ЦДХВ или овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи).

За да се искористи оваа можност, потребно е:

– трансакциите да се реализираат преку БЕСТ системот, со посредство на една од членките на Берзата;

– вкупниот дневен промет по инвеститор да не надмине 10.000 евра;

– купопродажбите да се извршат преку клиентска или сопственичка сметка.

Исклучок од поволностите се системските и администраторски блок-трансакции, јавните понуди и берзанските аукции, за кои важат редовните трошоци.

Поддршка од сите членки

Во иницијативата активно се вклучени сите единаесет членки на Македонската берза, кои ќе им овозможат на инвеститорите полесен и поевтин пристап до домашниот пазар на хартии од вредност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange