Анализи
ДЗС: Просечната плата во мај изнесувала 36.345 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 36.465 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).
Анализирано по дејности, просечната плата изнесува:
- Земјоделство, шумарство и рибарство – 28.627 денари
- Рударство и вадење на камен – 47.786 денари
- Преработувачка индустрија – 31.713 денари
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 48.302 денари
- Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 28.755 денари
- Градежништво – 35.706 денари
- Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и моторцикли – 33.978 денари
- Транспорт и складирање – 35.129 денари
- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 27.480 денари
- Информации и комуникации – 70.703 денари
- Финансиски дејности и дејности на осигурување – 53.792 денари
- Дејности во врска со недвижен имот – 34.629 денари
- Стручни научни и технички дености – 45.980 денари
- Административни и помошни услужни дејности – 30.595 денари
- Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување – 38.269 денари
- Образование – 33.418 денари
- Дејности на здравствена и социјална заштита – 39.686 денари
- Уметност, забава и рекреација – 34.679 денари
- Други услужни дејности – 45.847 денари
Највисока плата има кај вработените во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (93.536 денари), додека најниска кај вработените во производство на кожа и слични производи од кожа (24.214 денари).
Целосното соопштение можете да го погледнете тука.
Анализи
Албанија подготвува станбен кредити со 0% камата и 100% финансирање
Албанија подготвува нов модел за поддршка при купување стан, кој предвидува станбени кредити со субвенционирана камата, а за одредени категории и можност за целосно банкарско финансирање на вредноста на недвижноста.
Според најавите на албанската министерка за економија и иновации Делина Ибрахимај, една од предложените шеми предвидува купувачите на станови во вредност до 60.000 евра да можат да добијат кредит со каматна стапка од 0%. За станови поскапи од 60.000 евра, корисникот би плаќал камата до 3%, а државата би го субвенционирала делот над ова ниво.
За недвижностите над 60.000 евра се разгледува и можност банките да финансираат до 100% од вредноста на станот, односно купувачот да не мора да обезбеди сопствено учество. Максималната вредност на недвижностите што би биле опфатени со оваа мерка сè уште се разгледува, а како ориентир се споменува износ од околу 200.000 евра. Програмата треба да биде насочена кон млади лица на почетокот на кариерата, млади двојки и семејства.
Новите мерки сè уште се во подготовка. Албанските власти работат на законската рамка, а дел од новите шеми би можеле да започнат уште во ноември. Планирана е и поддршка за изнајмување станови, при што државата би покривала половина од киријата до одреден лимит.
Албанија веќе спроведува и конкретни програми со нулта камата. Во август беше отворен повик за 300 станбени кредити со 0% камата за вработени во јавната администрација кои ги исполнуваат условите за програмата.
Може ли ваков модел и во Македонија?
Албанскиот пример го отвора прашањето дали слична шема би можела да се примени и во Македонија, особено во услови на растечка побарувачка за станбени кредити.
Податоците на Народната банка покажуваат дека во август станбените кредити во Македонија биле за 16,2% повисоки во споредба со истиот месец минатата година, додека на месечно ниво пораснале за 0,6%.
Сепак, евентуалното субвенционирање на станбените кредити отвора и друго важно прашање – дали дополнителното поттикнување на побарувачката, доколку понудата на нови станови не расте со исто темпо, би можело дополнително да влијае врз цените на недвижностите.
Во поширок економски контекст, S&P Global Ratings во септември го потврди суверениот кредитен рејтинг на Албанија на „BB“ со стабилен изглед. Агенцијата очекува раст на албанската економија од 3,4% во 2026 година и просечно околу 3% годишно во периодот 2027–2029.
За споредба, Северна Македонија кај S&P има рејтинг „BB-“ со стабилен изглед, односно едно ниво под Албанија.
Анализи
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 48.499 денари, што претставува раст од 7,1 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, позначителен раст на платите е забележан во финансиските дејности и осигурувањето, каде зголемувањето изнесува 10,7 отсто. Кај снабдувањето со вода, управувањето со отпад и санацијата на околината растот е 10,4 отсто, додека кај дејностите со недвижен имот платите се зголемиле за 9,6 отсто.
Во споредба со јуни, просечната нето-плата во јули е повисока за 0,2 отсто. Најголемо месечно зголемување е забележано кај стручните, научните и техничките дејности од 4,3 отсто, потоа во трговијата и поправката на моторни возила од 3,2 отсто и во градежништвото од 2,3 отсто.
Највисока просечна нето-плата во јули е исплатена во секторот информации и комуникации и изнесувала 89.532 денари.
Следуваат финансиските дејности и осигурувањето со просечна плата од 69.191 денар, додека во рударството и вадењето камен просечната нето-плата изнесувала 59.258 денари.
Анализи
Револут најавува натамошно ширење: сака да стане глобална банка со минимален кредитен ризик
Револут има амбиција да стане првата вистински глобална банка, со околу 80 милиони клиенти, но притоа да задржи деловен модел со многу низок кредитен ризик, објави Financije.hr.
Дигиталната финансиска компанија веќе одамна не е само картичка за патувања и поволна конверзија на валути. Денес преку една апликација нуди плаќања, штедење, инвестирање, тргување со акции и криптовалути, осигурување и сè поширок спектар банкарски производи.
Револут, основан во 2015 година, денес работи на околу 40 пазари и има приближно 80 милиони клиенти. Според податоците наведени во текстот, вредноста на компанијата достигнала 115 милијарди долари.
За разлика од традиционалните банки, кај кои голем дел од депозитите се претвораат во кредити, кај Револут односот меѓу кредитите и депозитите изнесува само околу шест проценти. Компанијата настојува кредитите што ќе ги одобри да може да ги продаде на други финансиски институции или да ги претвори во хартии од вредност, со што најголемиот дел од кредитниот ризик би го преземале други инвеститори.
Ваквиот модел го позиционира Револут повеќе како финансиска и дистрибутивна платформа отколку како класична банка. Приходите не се засноваат само на кредити, туку и на картични провизии, претплати, тргување, конверзија на валути, управување со средства и дистрибуција на финансиски производи.
Компанијата продолжува и со регионалното ширење. Во Хрватска Револут веќе има повеќе од 750.000 корисници, а домашните картични плаќања во последните 12 месеци пораснале за 59 проценти, додека меѓународните за 43 проценти. Износите на штедењето се зголемиле за 60 проценти на годишно ниво, а вкупните депозитни салда за 29 проценти. Од компанијата најавиле и понатамошно проширување на понудата на хрватскиот пазар.
Сепак, ваквиот модел не значи дека финансискиот ризик исчезнува. Наместо тоа, тој се пренесува кон банките, фондовите, осигурителните компании и другите инвеститори што ги преземаат кредитите.
Според анализата, дигиталните банки веројатно нема целосно да ги заменат традиционалните, туку би можеле значително да ја променат поделбата на улогите во финансискиот сектор – едни институции да го контролираат односот со клиентите и продажбата на производи, а други да го обезбедуваат капиталот и да го носат долгорочниот ризик.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





