Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска: Со финансиска едукација, младите имаат повеќе можности да ги остварат сопствените цели, но и да придонесат за економијата

Објавено

на

Во рамките на „Глобалната недела на парите“, преку акцијата „Одблиску со гувернерот на Народната банка“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги отвори вратите на својот кабинет за дел од студентите на Економскиот факултет при УКИМ, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата и активностите на Народната банка. Гувернерката порача дека само личности кои се добро едуцирани за начинот на управување со финансиите, може да бидат независни и да придонесат кон развојот на нашата економија и општество. 

На средбата, гувернерката одговори на повеќе прашања на студентите, меѓу кои и за тоа што презема Народната банка за подобрување на финансиската писменост и инклузијата на младите заради нивна подготовка за активно вклучување на пазарот на работна сила.

„Во овие тешки времиња, при неколку последователни кризи, практиката покажа дека битките се водат со знаења. Ме радува тоа што, како студенти кои го завршуваат високото образование, го гледате сопствениот развој во нашата земја. Без вас, младите, нема иднина, а вратите на Народната банка, како носечка институција во земјава, се секогаш отворени за млади кадри кои сакаат да се надградуваат, да научат, да ги прошират видиците. Народната банка настојува да регрутира млади и перспективни високообразовани кадри, со потенцијал за аналитичка и истражувачка работа и со желба за професионален напредок. Тоа за нашата институција значи вложување во иднината, и во кадровска, и во мотивациска смисла“, им порача гувернерката Ангеловска-Бежоска на студентите, заблагодарувајќи им се за интересот да се запознаат со работата на централната банка и за желбата да ги споделат нивните идеи заради градење подобра иднина во која активно ќе бидат вклучени и младите.

Гувернерката истакна дека финансиската писменост и инклузија во земјава се на слично ниво со земјите од регионот на Југоисточна Европа, сепак според глобалната база на податоци на ИНФЕ-ОЕЦД во последните години, иако има напредок, и натаму заостанува зад еврозоната. Оттаму, заложбата на Народната банка е преку повеќе активности и иницијативи до образовните инстанции, со користење современи форми на комуникација да се зајакне финансиската едукација на населението и да се заштитат потрошувачите на финансиските услуги.

По отворениот разговор со гувернерката, студентите го посетија Tрезорот на Народната банка, каде што имаа можност да се запознаат со секојдневното управување со физичката сигурност, квалитетот и обезбедувањето на потребните залихи на кованите и книжните пари во земјава, додека при посетата на Музејот на Народната банка имаа презентација на постојаната поставка и слушнаа за историјата на монетите на овие простори, како и улогата на централната банка во грижата за сопственото културно наследство. 

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange