Останато
Димитриеска-Кочоска: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.
Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.
„Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање“, рече Димитриеска-Кочоска, која додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари.
Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.
Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.
Останато
Пантелеон ГС донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Жителите на Кочани и целата земја се уште ја живеат колективната траума од трагедијата која се случи во март годинава. Помош и поддршка беше потребна тогаш, но и денес, а ќе биде потребна и во иднина.
Токму затоа компанијата Пантелеон ГС одлучи да донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.
„Како компанија која веќе 5 години успешно работи на пазарот и вработува во најголем дел млади луѓе, сметаме дека хуманоста е доблест, и нешто што треба да се негува. Иако работиме за компании на конкурентниот американски пазар, ние сме дел од оваа локална заедница, и секогаш тежнееме да понудиме поддршка на оние кои се засегнати и им е потребна помош. Вработените во нашата компанија најискрено сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените“ вели Административниот Директор Влатко Палчевски.

За да се обезбеди оваа значајна сума на средства компанијата оваа година ќе се откаже од сите корпоративни настани и сите планирани средства ќе бидат пренасочени кон Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, основана со цел помош и поддршка во рехабилитацијата на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и нивна реинтеграција во општеството.
Пантелеон ГС е прва компанија која не е член на МБА, а донира средства во фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, преку која верува дека средствата навистина ќе стигнат до тие на кои им се потребни. Истовремено, дел од вработените во компанијата директно ќе се вклучат во активностите и реализацијата на проектите на Фондацијата со цел остварување на плановите.
Компанијата Пантелеон ГС и изминативе години беше активна во локалната заедница давајќи поддршка на различни општествено корисни проекти.
Бизнис
УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани!

Управата за јавни приходи соопшти дека во јули е остварен значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со истиот период лани.
“Вкупната наплата од даноци (данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9 проценти во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година“ , велат од УЈП.
Додаваат дека растот на приходите не е случаен и дека е резултат на зголемена економска активност, посветена работа, партнерство и доверба со даночните обврзници.
“Во изминатиот период, а во согласност со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима”, велат од УЈП.
Бизнис
Трамп повторно го нападна шефот на ФЕД: Џером Пауел е премногу политички настроен и ја чини земјата трилиони долари!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно јавно го нападна актуелниот претседател на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, обвинувајќи го за лошо управување со монетарната политика и политичка пристрасност која ја чини американската економија трилиони долари.
Во објава на својата социјална платформа Truth Social, Трамп напиша: „Џером ‘Предоцна’ Пауел го направи тоа повторно! Тој е ‘предоцна’, и всушност, премногу лут, премногу глупав и премногу политички настроен за да биде претседател на Федералните резерви. Тој ја чини нашата земја трилиони долари“

Трамп го обвини Пауел дека САД ги загубиле трилиони долари поради неговото доцнење со одлуките за каматните стапки, додавајќи и критика кон, како што ја нарече, „една од најнеспособните или најкорумпираните реконструкции на згради во историјата на градежништвото“.
Затегнат односи и политички притисоци врз монетарната политика
Откако Џером Пауел беше назначен за претседател на ФЕД во 2018 година токму од страна на Трамп, нивниот однос често беше обележан со тензии, особено во периоди кога ФЕД одбиваше да ги намали каматните стапки според барањата на Белата куќа. Иако Пауел беше реименуван од претседателот Бајден, неговата независност и натаму е мета на критики од одредени политички кругови.
Импликации за пазарите и инвеститорите
Иако ваквите изјави од американскиот претседател Доналд Трамп се чести во политичката арена, тие можат да предизвикаат несигурност на финансиските пазари, особено ако се доведе во прашање независноста на Федералните резерви која е клучен столб за стабилноста на американската монетарна политика.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 1 месец
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 4 недели
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 4 недели
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје