Банки
Доновска-Гечева од Народната банка: Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат
Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, при Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, во гостување на телевизија Канал 5.
„Законот за платежни услуги и платни системи има за цел да ја осигури транспарентноста и заштитата на потрошувачите. Во согласност со Законот, Народната банка пропиша единаесет најрепрезентативни услуги коишто се поврзани со платежната сметка и овозможуваат споредба на надоместоците. Од септември минатата година, на веб-страницата на Народната банка е поставена алатка преку која граѓаните може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќаат давателите на платежните услуги, според банката или според видот на услугата. Алатката е едноставна за користење, но доколку на граѓаните им се потребни дополнителни информации, исто така содржи и објаснувања“, вели Доновска-Гечева.
Заменик-директорката посочува и дека банките се должни, на почетокот на годината, да им достават извештај на своите корисници за надоместоците коишто им ги наплатиле во текот на изминатата година.
Доновска-Гечева истакнува дека рамковниот договор помеѓу банката и корисниците на платежните услуги е клучен документ, со кој се уредуваат правата и обврските за двете страни. „Законот за првпат ја определува содржината на рамковниот договор и во таа смисла, сите одредби коишто ги пропишува Законот за поголема заштита на потрошувачите важат и за договорите коишто граѓаните ги исклучиле пред стапувањето во сила на овој закон, односно пред 1 јануари 2023 година. Секако, доколку граѓаните не се задоволни од обезбедувањето одредена платежна услуга во согласност со договорот, тие имаат право да поднесат приговор до банката од која ја користат таа услуга, а понатаму и поплака до Народната банка. Ние соодветно постапуваме според поплаките на граѓаните“, вели Доновска-Гечева.
Банки
Народната банка објави конкурс за најдобро видео: награда од 60.000 денари
По повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во земјава, Народната банка објави конкурс за избор на најдобар видеоматеријал на социјалните мрежи на тема „Што значи за мене Народната банка?“.
За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена нето-награда од 60.000 денари.
Целта на конкурсот е учесниците на креативен и разбирлив начин да прикажат како работењето на централната банка е поврзано со секојдневниот живот на граѓаните – од парите, заштедите и плаќањата, до пошироките финансиски одлуки.
Како можни теми за обработка, Народната банка ги посочува стабилноста на денарот и цените, инфлацијата и куповната моќ, стабилноста на девизниот курс, сигурноста на банкарскиот систем, плаќањата и платниот систем, девизните резерви, како и економската статистика и транспарентноста.
Сепак, овие теми се дадени само како насока, а учесниците имаат слобода сами да го изберат пристапот и начинот на кој ќе ја раскажат својата приказна. Видеото може да биде во форма на анимација, интервју, скеч, документарен запис или друг креативен формат.
Конкурсот е отворен во периодот од 1 до 31 октомври 2026 година.
За учество, видеото треба да биде објавено на личен профил на Facebook или Instagram, при што објавата задолжително треба да биде јавно достапна. Потребно е да се користи хаштагот #МојатаНБ, како и да биде означен официјалниот профил на Народната банка.
На Facebook официјалниот профил е @narodnatabanka, а на Instagram @narodnabanka.mkd.
Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело со времетраење до три минути, изработено на македонски или албански јазик.
Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија.
Со конкурсот, Народната банка настојува да го доближи значењето на централното банкарство до пошироката јавност и да поттикне поголемо разбирање за тоа како монетарната и финансиската стабилност влијаат врз секојдневието на граѓаните.
Банки
НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредит наменет за граѓаните кои планираат реновирање на домот, уредување или реализација на други лични планови.
Според информациите објавени од Банката, максималниот износ на кредитот достигнува до 2.500.000 денари, а една од главните карактеристики на понудата е можноста за брзо одобрување на кредитот, кое, како што посочуваат од НЛБ Банка, може да се реализира за само неколку минути.
Понудата е насочена кон клиентите на кои им е потребно дополнително финансирање за различни потрошувачки цели, меѓу кои реновирање и уредување на домот, како и други планирани трошоци.
Од НЛБ Банка ги повикуваат заинтересираните граѓани детално да се информираат за условите на промотивниот потрошувачки кредит преку официјалната интернет-страница на Банката.

При носење одлука за кредитно задолжување, покрај максималниот достапен износ и брзината на одобрување, значајно е да се земат предвид и каматната стапка, рокот на отплата, висината на месечната рата, провизиите и вкупниот износ што клиентот ќе го отплати во текот на целиот кредитен период.
Банки
Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот

