Connect with us
no baners

Осигурување

Black Friday понуда на Croatia Осигурување: 70% попуст за годишно патничко осигурување

Објавено

на

Croatia Осигурување објави промотивна Black Friday акција со која нуди 70 проценти попуст на годишно патничко осигурување, достапно до 31 март 2026 година.

Според компанијата, осигурувањето опфаќа покриеност до 120 дена во текот на годината и е наменето за сите кои сакаат сигурност при патување, без разлика на дестинацијата.

Понудата вклучува брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита од непредвидени ситуации кои можат да ги нарушат патувањата. Од компанијата посочуваат дека ваквиот тип осигурување овозможува поголема сигурност и мир за корисниците при нивните патувања.

Акцијата важи исклучиво за пријави направени онлајн преку официјалната платформа на Croatia Осигурување.

Осигурување

Еуролинк осигурување со промотивна понуда за „Бизнис Комплет“ со 40% попуст

Објавено

на

Еуролинк осигурување ја претстави својата понуда „Бизнис Комплет“, наменета за компании кои инвестираат во развој и сакаат дополнителна сигурност за својот бизнис.

Од компанијата порачуваат дека растот на бизнисот подразбира вложувања во нова опрема, простор и идеи, но и потреба од заштита на тие инвестиции. Токму затоа, пакетот „Бизнис Комплет“ нуди решение за осигурување кое овозможува стабилност и сигурност во деловното работење.

Во рамки на актуелната кампања, која трае до крајот на март, клиентите можат да искористат 40% попуст на премијата за првата година, доколку склучат договор на период од три години.

Заинтересираните компании можат да побараат понуда преку телефонскиот број 02/15888 или преку веб-страницата на Еуролинк осигурување.

Од компанијата нагласуваат дека целта на оваа понуда е да им овозможи на претпријатијата да инвестираат послободно и посигурно, знаејќи дека нивниот бизнис е заштитен.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава осигурување нуди пакети за осигурување на велосипед и велосипедисти

Објавено

на

Сава осигурување на пазарот нуди осигурување на велосипед и велосипедисти, кое опфаќа покритие од незгода, одговорност кон трети лица и можност за каско осигурување.

Корисниците можат да изберат помеѓу три пакети: СТАРТ, ПРО и ПРЕМИУМ, со годишни премии од 1.199, 1.899 и 2.699 денари, при што висината на осигурителното покритие зависи од избраниот пакет.

Основното осигурување овозможува заштита од последици на несреќен случај, како траен инвалидитет, смрт од незгода и кршење на коски, како и покритие за одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани врз лица или имот.

Дополнително, постои можност за склучување каско осигурување за велосипедот, кое покрива ризици како провална кражба, сообраќајна незгода, пожар, експлозија и удар од гром.

Полисата може да се купи онлајн преку веб шоп, преку агент или со контакт со компанијата, а од Сава осигурување посочуваат дека услугата нуди сигурност и поддршка за сите љубители на велосипедизмот во секојдневното користење на велосипедот.

Продолжи со читање

Бизнис

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар

Објавено

на

Во насока на унапредување на регулативата и заштита на интересите на осигурениците, претставници на Асоцијацијата на брокерски друштва одржаа втор работен состанок со Министерството за финансии. На состанокот, како активен чинител во креирањето на поквалитетен пазар, учествуваше Александар Атески, Член на Управниот одбор на Flex Broker.

Фокусот на разговорите беше ставен на потребата од обезбедување фер конкуренција и справување со појавата на нелиценцирани канали за продажба на осигурување. Асоцијацијата укажа на практиката каде одредени субјекти, вршат дистрибуција на осигурителни продукти без соодветна лиценца. Дополнително, беше отворено прашањето за заобиколување на законските рамки преку промоторски и маркетинг договори, кои во пракса функционираат како посредна продажба.

„Брокерските друштва се единствениот професионален и лиценциран канал кој работи исклучиво во интерес на клиентот. Нашата мисија е да обезбедиме максимална заштита за осигурениците, а тоа е можно само доколку сите учесници на пазарот функционираат под исти, строго дефинирани правила“, беше истакнато на состанокот.

Во рамки на дискусијата за финансиското работење, се разговараше за можностите за фактурирање и моделот на функционирање на брокерските друштва, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност.

Насоките за развој на македонскиот осигурителен пазар остануваат цврсто врзани за европските практики. Заклучокот од средбата е дека заедничката соработка со институциите е клучна за градење на доверба кај граѓаните и создавање пазар кој се темели на професионализам, знаење и транспарентност.

Flex Broker останува посветен на конструктивниот дијалог со институциите, верувајќи дека само преку професионализам и јасна регулатива може да се изгради современ и сигурен осигурителен пазар.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange