Connect with us

Бизнис

УЈП и Занаетчиската комора со заедничка иницијатива за подобра бизнис-клима

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, заедно со својот тим, оствари работна средба со претставници на Занаетчиската комора на Скопје, предводени од претседателот Горан Ристовски, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите.

Средбата се одвиваше во конструктивна и партнерска атмосфера, при што фокусот беше ставен на тековните административни процедури и можностите за нивно поедноставување. Двете страни се согласија дека поддршката на занаетчиството е клучна за економскиот развој и зајакнување на малите бизниси.

Посебно внимание беше посветено на поедноставениот даночен режим, односно паушалното оданочување на занаетчиите, кое во комбинација со грантовите за започнување бизнис може да придонесе за намалување на неформалната економија и нелојалната конкуренција. На средбата беа разменети и идеи за дополнителни мерки за поттикнување на формалното работење.

Од Управата за јавни приходи истакнуваат дека остануваат посветени на градење доверба преку транспарентност и отворена комуникација, поддршка на малите бизниси, поедноставување на процедурите и намалување на административниот товар, како и на сузбивање на неформалната економија.

Институцијата нагласува дека ќе продолжи да функционира како сервис на граѓаните и бизнисите, со цел создавање подобра бизнис-клима и сигурна иднина за занаетчиите и економијата во целина.

Бизнис

NLB Lease&Go со флексибилни лизинг решенија за различни модели на возила

Објавено

на

NLB Lease&Go им нуди на клиентите можности за избор и финансирање различни модели на возила, од градски автомобили до модели погодни за подолги патувања.

Компанијата промовира флексибилни лизинг решенија, со можност клиентите да изберат возило според своите потреби, стил и планови.

Од NLB Lease&Go посочуваат дека постапката е едноставна и брза, а достапни се различни можности за финансирање.

Повеќе информации за понудата и условите се достапни на официјалната веб-страница на NLB Lease&Go.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Скопје денеска конференција посветена на новата генерација Еврокодови

Објавено

на

Во Стопанската комора денеска ќе се одржи Националната конференција за Еврокодови 2.0, под наслов „Од стандардизација до национална имплементација“.

Настанот ќе биде посветен на активностите и следните чекори за воведување на втората генерација европски стандарди за проектирање и градба во земјава.

Како дел од конференцијата е предвидено и потпишување Национална иницијатива за имплементација на Еврокодовите 2.0 за периодот 2027–2030 година.

Потписници на иницијативата ќе бидат претставници на Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Институтот за стандардизација, Градежниот факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како и Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Конференцијата треба да придонесе кон координиран пристап меѓу институциите, стручната јавност и градежниот сектор во процесот на примената на новата генерација европски стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Успешно заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза

Објавено

на

Вчера заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза, која во текот на два конференциски дена обедини повеќе од 250 учесници од финансискиот сектор.

На настанот учествуваа 27 говорници и панелисти од шест држави, а програмата опфати осум специјални презентации, три дискусии и дебати, како и две интервјуа на бина.

Во фокусот беа актуелни теми поврзани со развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативните извори на финансирање, банкарството, инвестирањето, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии.

Годишната конференција на Македонска берза веќе 25 години претставува една од позначајните платформи за размена на знаења, искуства и идеи, како и за поврзување на претставници од финансискиот сектор во земјава и регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange