Connect with us
no baners

Останато

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Објавено

на

no baners

Македонските атлетичари Дарио Ивановски во машка и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција се победници на годинешната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, која по осми пат се одржа нa улиците на главниот град. Во конкуренција на вкупно 1650 натпреварувачи, Ивановски триумфираше со време од 31 минута и 19 секунди, додека Поп Арсова победи со национален рекорд од 34:42 мин.

Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката и годинава беше Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.

На трката во која учествуваа 1650 љубители на трчањето, професионални тркачи и оние кои трчаат рекреативно, втор на целта во машка конкуренција пристигна нашиот атлетичар Мухахид Мислими, додека трет беше Иван Пешовски од Македонија. Во женска конкуренција второпласирана беше Милјана Ристиќ од Македонија, а третото место го освои минатогодишната победничка, Билсерин Сулејман од Бугарија.

ХалкЕко Скопје трча 10км е втора трка во Македонија (после ВизЕр Скопски маратон) која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светската Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции. Покрај тоа, патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво. Од фонтаната Лотус пред Градскиот парк, како почетна и завршна точка на трката, долж булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански одреди, се натпреваруваа и забавуваа 1.650 учесници, кои ги бодреа многу граѓани долж предвидената траса. Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за годинашното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.

Трката е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк, како промотор на активности врзани за негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а таа самата е организатор на хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која на 8 септември се одржува во Маврово.

Платформата ХалкЕко на Халкбанк е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено и за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина. Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 48.000 садници во земјава.

no baners
no baners

Останато

Почнува исплатата на К-15: Минимум 19.116 денари во приватниот сектор, 13.670 денари во јавниот

Објавено

на

Работодавачите од приватниот сектор од денеска можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Законскиот рок за исплата трае до 31 декември годинава.

Износот на К-15 во приватниот сектор не е однапред фиксиран, туку зависи од периодот во кој работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата за пресметка е просечната месечна нето-плата по работник во земјава, исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата.

Според правилата, регресот за годишен одмор може да изнесува најмалку 40 проценти, а најмногу 100 проценти од просечната исплатена нето-плата во државата, со можност за одредени исклучоци.

Доколку работодавач од приватниот сектор овој месец одлучи да исплати К-15, минималниот износ би бил 19.116 денари, додека највисокиот износ би достигнал 47.790 денари.

Оваа сума е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година. Во февруари просечната нето-плата изнесувала 46.159 денари, во март 48.433 денари, а во април 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, па минималниот К-15 изнесува 40 проценти од таа основица.

За разлика од приватниот сектор, во јавниот сектор износот на К-15 е фиксен. Тој изнесува 30 проценти од просечната плата во претходната година. Бидејќи просечната плата за 2025 година изнесувала 45.566 денари, регресот за годишен одмор во јавниот сектор за годинава изнесува 13.670 денари.

Право на К-15 имаат вработените кои имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Работодавачите може да исплатат и повисок износ, доколку тоа е предвидено со колективен договор или со внатрешна одлука на компанијата.

Сепак, постојат и исклучоци. Компаниите кои работат со загуба или се соочуваат со финансиски потешкотии може, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската. За тоа е потребна соодветна документација и одлуки усогласени со синдикатите.

Работодавачите од приватниот сектор кои нема да исплатат регрес за годишен одмор може да се соочат со казни до 4.000 евра. За правното лице е предвидена глоба од 2.000 до 3.000 евра, додека одговорното лице кај работодавачот може да плати казна од 500 до 1.000 евра.

Продолжи со читање

Останато

Делегација на ФОД учествуваше на годишното собрание и конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити

Објавено

на

Делегација на Фондот за осигурување на депозити учествуваше на Годишното собрание и Меѓународната конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), што се одржа во Букурешт од 9 до 13 јуни 2026 година.

Настанот беше организиран од Романскиот фонд за гаранција на банкарски депозити (FGDB), а ФОД го претставуваа Ирена Митровска, помошник раководител на секторот за обесштетување на депозити, меѓународна соработка, промотивни активности, односи со јавноста и ИКТ, и Антигона Сефери, помошник раководител на секторот за правни работи, општи административни работи и управување со квалитет.

На конференцијата се разговараше за најновите случувања и реформи поврзани со новата рамка за управување со кризи и осигурување на депозити (CMDI), како и за предизвиците што ги носат финансиските иновации и развојот на FinTech-секторот. Дел од дискусиите беа посветени и на прекуграничното управување со ризици во банкарскиот сектор.

Од ФОД посочуваат дека учеството на конференцијата ја потврдува нивната посветеност на понатамошно зајакнување на системот за осигурување на депозити, унапредување на структурните реформи и регулаторната рамка, како и на размена на искуства со европските институции.

Продолжи со читање

Останато

Од јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари

Објавено

на

Компаниите од приватниот сектор од 1 јули можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што треба да им биде исплатен на работниците годинава изнесува околу 19.116 денари.

Износот се утврдува според просечната нето-плата за претходните три месеци. За пресметката се земени платите за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, а според колективниот договор, минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 проценти од таа основица.

Право на К-15 имаат вработените во приватниот сектор кои во текот на календарската година имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач.

Работодавачите имаат можност да исплатат и повисок износ од минималниот, доколку тоа е предвидено со колективен договор, правилник или одлука на самата компанија.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange