Connect with us

Банки

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи

Објавено

на

ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи.

Програмата Youth in Business им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, експертиза, финансии и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал. Целта на програмата е да поттикне раст, иновации и финансиско зајакнување, со што ќе се редефинира пејзажот за малите и средни бизниси кои се двигателите на економскиот развој во земјава.

„ПроБиз пакетот е внимателно креиран за да одговори на сите потреби и предизвици со коишто се соочуваат младите претприемачи, нуди можност за финансирање без обезбедување, како и приспособливи придобивки за да може да ги исполни специфичните барања на секој бизнис, без разлика дали станува збор за стартап, бизнис во развој, зрел бизнис или семеен бизнис наследен од новата генерација.

Покрај финансиската поддршка, за корисниците на ПроБиз ќе обезбедиме и финансиско советување, можности за вмрежување и специјализирани обуки и работилници фокусирани на градење вештини во водењето бизнис. Како и нашите останати услуги, ПроБиз пакетот нуди комплетно дигитално банкарство за флексибилно и ефикасно финансиско искуство.“ – изјави Милан Дамчевски, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка.

За младите претприемачи пристапот до финансии е од суштинско значење за инвестирање во нивниот бизнис и постигнување на нивните деловни цели. ПроБиз кредитот нуди олеснет пристап до финансирање и е достапен за правни лица со минимум деловен стаж од 15 месеци чиј законски застапник или мнозински сопственик е помлад од 35 години, за да даде можност на помладата генерација да ги развие своите деловни капацитети и да придонесе кон економскиот раст и развој.

Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат младите претприемачи, ПроБиз кредитите се одобруваат само со меница, не е потребен дополнителен колатерал во форма на хипотека. Без разлика дали се работи за обртни средства или инвестициски потреби, ПроБиз овозможува флексибилни рокови на отплата и грејс периоди.

„Програмата Млади во бизнисот е прва од ваков вид на Западен Балкан и во текот на следните години има за цел да обезбеди 100 милиони евра наменети за партнерските финансиски институции на ЕБОР за финансирање на следната генерација на бизниси кои се соочуваат со непропорционални бариери во однос на пристапот до финансии и практично знаење. Програмата претставува одлична можност да се зајакнат младите претприемачи, овозможувајќи им да напредуваат и да тргнат на пат кој ќе води до финансиски поинклузивна и попросперитетна иднина. Задоволство ни е да го искористиме толку потребното финансирање за младите претприемачи во Северна Македонија во партнерство со ПроКредит Банка.“ – изјави Петер Биелик, главен банкар во Одделот за финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, во ЕБОР.

„Околу 33 проценти од малите и средни претпријатија во Западен Балкан се во сопственост или се управувани од млади луѓе до 35 години. Со помош на техничката поддршка помагаме да се создаде нешто што е долгорочно и одржливо. Обезбедуваме пристап до меѓународни консултанти кои ги носат најдобрите практики од финансиските институции, создаваат уникатни модели, помагаат во поставувањето на механизми кои директно им користат на младите претприемачи и ги поттикнуваат да успеат. Ние ја користиме суштината на она што го работат банките, со цел тие да продолжат да ги користат овие модели на одржлива основа.“ – изјави Матилд Д’Оргевал, Лидер на консултантскиот тим на IPC/CCX во програмата Млади во бизнис на ЕБОР во Западен Балкан.

Поддршката на младите во претприемништвото е клучно за создавање одржлива и инклузивна економија. Младите претприемачи имаат потенцијал да креираат работни места и да го стимулираат економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.

Сите информации за ПроБиз пакетот се достапни на ProCredit Bank – Пакет за млади претприемачи (pcb.mk)

Програмата е поддржана од Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

Банки

Швајцарија повторно размислува за негативни каматни стапки

Објавено

на

Швајцарската народна банка е подготвена повторно да ја намали клучната каматна стапка под нулата доколку тоа биде потребно за инфлацијата на среден рок да остане во целниот опсег од нула до два проценти.

Членката на раководството на централната банка, Петра Чудин, за весникот „Finanz und Wirtschaft“ изјави дека негативните каматни стапки остануваат една од можните алатки на монетарната политика.

„Ако биде неопходно каматните стапки да ги спуштиме под нулата за среднорочно да ја задржиме инфлацијата во опсег од нула до два проценти, тоа ќе го направиме“, изјави Чудин.

Швајцарската народна банка во јуни 2025 година ја намали клучната каматна стапка на нула и оттогаш ја задржува на тоа ниво.

Инфлацијата во Швајцарија во јули забави на 0,4 проценти, и покрај растот на светските цени на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток.

„Блумберг“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека централната банка има намера да ја задржи каматната стапка на нула до крајот на 2027 година, по што би следувало постепено заострување на монетарната политика.

Швајцарија веќе има искуство со негативни каматни стапки. Клучната камата беше под нулата неколку години, сè до септември 2022 година.

Негативната каматна стапка значи дека банките, наместо да добиваат камата за средствата што ги чуваат кај централната банка, плаќаат за нивното депонирање. Со ваквата политика се настојува банките повеќе средства да пласираат преку кредити, со што би се поттикнале потрошувачката и инвестициите, а со тоа и растот на инфлацијата.

Засега, сепак, Швајцарската народна банка не најавува непосредно воведување негативни камати, туку остава отворена можност за таков чекор доколку инфлацијата остане премногу ниска.

Централната банка одржува четири состаноци годишно, а следната седница е закажана за 24 септември.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.

Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.

Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.

„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.

Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.

Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.

Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.

Продолжи со читање

Банки

До 2,6 милиони денари онлајн потрошувачки кредит преку OneID од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари.

Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката.

За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци.

Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет за корисници кои сакаат брз и едноставен пристап до финансиски средства без посета на филијала.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange