Connect with us

Продукти

Халкбанк со нови функционалности за електронско и мобилно банкарство

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје воведува нови функционалности за електронско и мобилно банкарство, кои се однесуваат за онлајн аплицирање и одобрување за дебитна картичка, кредитна картичка и overdraft (дозволено пречекорување), без посета на банка.

Халкбанк е една од предводниците во имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови и прва банка на пазарот што овозможи толу широка палета на дигитални производи меѓу кои се и Онлајн депозитот и Онлајн кредитот.

На овој начин, Халкбанк ја потврдува својата лидерска позиција во воведување нови иновативни, онлајн услуги на пазарот.

Банки

Стопанска банка нуди ТОПСИ банкарски пакет наменет за млади

Објавено

на

Стопанска банка нуди банкарски пакет ТОПСИ, креиран специјално за младите кои водат динамичен и брз начин на живот и имаат потреба од практични и едноставни финансиски решенија.

ТОПСИ пакетот од млади за млади, ексклузивно може да го користат лица на возраст од 18 до 28 години и нуди:

Од Стопанска банка посочуваат дека ТОПСИ пакетот е создаден за младите кои сакаат брзо и лесно да управуваат со своите финансии, без комплицирани процедури и со поголема практичност во секојдневното користење на банкарските услуги.

Заинтересираните можат да аплицираат онлајн или да ја посетат најблиската филијала на Стопанска банка АД – Скопје за повеќе информации и активирање на пакетот.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка нуди промотивен потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за сите кои сакаат своите планови и идеи да ги претворат во реалност.

Кредитот овозможува фиксна каматна стапка од 5,5 проценти во евра, што на клиентите им обезбедува сигурност и стабилност во текот на отплатата. Максималниот износ на кредитот изнесува до 32.500 евра, со рок на отплата до 84 месеци.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета за сите кои имаат планови што сакаат веднаш да ги реализираат, без разлика дали станува збор за лични потреби, инвестиции или исполнување на долгопланирани идеи.

За повеќе информации, заинтересираните граѓани можат да ја посетат најблиската експозитура на Капитал Банка или да се јават на телефонскиот број 02/3102-500. Локациите на експозитурите се достапни на следниот линк: http://bit.ly/4hqdlhx.

Продолжи со читање

Банки

Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.

Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.

Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange