Банки
НЛБ го подобри својот ЕСГ рејтинг
Дали некогаш сте се запрашале каква трага би оставиле зад себе ако вашиот свет денес престане да се врти? Во НЛБ Групацијата, каде наш фокус е создавање на подобар свет, ова прашање си го поставуваме секојдневно. Како една од клучните банкарски и финансиски институции во Југоисточна Европа, ние сме свесни за одговорноста што ја носиме за нашиот матичен регион. Горди сме што нашите напори и нашиот прогрес се препознаени уште еднаш, што се рефлектираше и со подобрениот ЕСГ рејтинг (животна средина, социјала и деловно управување), добиен од една од водечките независни компании за истражување, рангирање и податоци за ЕСГ во светот – Sustainalytics.
Во НЛБ, пред нешто помалку од една година го добивме нашиот прв рејтинг за ЕСГ ризик од Sustainalytics. Веќе следната година, значително го подобривме. Имено, нашата банкарска групација доби нов рејтинг за ЕСГ ризик од 16,0, а од страна на Sustainalytics беше оценето дека постои низок ризик да доживее материјални, финансиски влијанија од ЕСГ факторите. Така, го подобривме минатогодишниот рејтинг за 1,7 поени, а подобрениот рејтинг нè стави меѓу 13% од најдобрите банки, меѓу сите компании оценети од Sustainalytics.
Ги подобривме нашите одржливи операции најмногу во областа на ЕСГ ризици и можности во целиот финансиски бизнис, човечки ресурси и етички операции. Понатаму, Sustainalytics оценува дека немало активност во Групацијата или во нејзините операции што би имала негативно влијание за акционерите, животната средина или за самото работење. Извештајот може да го најдете овде.
„Одржливоста не е само обичен збор кој треба да се сфати лежерно. Напротив тоа е многу сериозен и напорен процес, континуиран и навистина долгорочен. Изграден е од мали чекори и промени кои може да изгледаат безначајни поединечно, но кога се гледаат како целина, тие се спојуваат во едно големо, незапирливо движење. И ова е всушност уште поважно од самиот рејтинг за ризик, иако ние, се разбира, сме исклучително горди, бидејќи тоа е резултат на нашите напори и евалуацијата на независни и светски познати експерти. И последно, но не и помалку важно, тоа е и мотивација за нас и поттик за сите засегнати страни да продолжат да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности“, рече извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак по добивањето на новата проценка на ЕСГ ризикот.
Рејтингот за ESG ризик, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на оценката на работата на компанијата, фондот или перформансите на акциите, само што овде фокусот е на исполнувањето на стандардите за животна средина (E), социјала (S) и деловно управување (G), наместо на кредитната способност. Во финансискиот свет, овој рејтинг станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и врз нејзина основа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. Пред една година НЛБ беше првата банка во Југоисточна Европа која го доби овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.
Банки
Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?
Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.
Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.
Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.
Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.
Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.
Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.
Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.
Банки
Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка
Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.
Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.
Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:
- Емилија Спировска
- Стевче Кузмановски
- Милан Дамчевски
- Маја Михајлова
Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.
Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.
Банки
4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој
НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.
Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и порационална потрошувачка.
НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.
Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.
Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот
Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.
Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.
*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули





