Connect with us
no baners

Продукти

Како Visa преку Google Pay овозможи да се пазарува во Веро со 25% попуст?

Објавено

на

Меѓународната картична шема Visa, за корисниците кои поседуваат платежна картичка од овој бренд и истата ја имаат дигитализирано на својот Google Pay паричник, овозможи одлична поволност, односно искористување и до 25% попуст на сметката во Веро маркетите.

Имено, сите клиенти кои користат Visa платежна картичка од Комерцијална банка, Стопанска банка – Скопје и НЛБ Банка имаат можност за секоја сметка во вредност од минимум 2.000 денари, да добијат ваучер од 500 денари за наредно купување во Веро доколку се плати сметката со Visa картичка од горенаведените банки преку мобилниот паричник Google Pay.

Плаќајте брзо, лесно и безбедно и искористете ги празничните промоции на Visa. Понудата трае до 31 јануари 2024 година или до истекот на средствата предвидени за промоцијата.

Напомена: Пресметката за 25% попуст е валидна доколку сметката за пазарување во Веро маркетите изнесува точно 2.000 денари. За други износи на сметки, процентуалниот попуст може да варира, согласно износот на сметката.

Повеќе детали за кампањата можете да погледнете ОВДЕ.

 

Банки

Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.

Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.

Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со специјална понуда за 8 Март: до 8% дополнителен кешбек со НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка подготви специјална промотивна понуда по повод 8 Март, со која корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка ќе можат да добијат дополнителен кешбек при купување.

Во периодот од 6 до 8 март, клиентите кои ќе купуваат со НЛБ haPPy картичката во партнерската мрежа на haPPy ќе добијат дополнителен кешбек од 8 проценти за секоја трансакција, за износ на купување до 8.000 денари.

Од Банката информираат дека сите заинтересирани кои сè уште немаат НЛБ haPPy кредитна картичка можат едноставно да аплицираат директно од својот телефон преку мКлик мобилната апликација и да ја искористат промотивната викенд-акција.

НЛБ haPPy е кредитна картичка која им овозможува на корисниците поврат на средства (кешбек) при секое купување, со што секојдневните трансакции стануваат уште поисплатливи.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка со поволни услови за ЕКО ДРАЈВ кредит за набавка на возило

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди можност за финансирање на набавка на возило преку ЕКО ДРАЈВ кредит, наменет за сите кои сакаат поголема слобода во патувањата и нови дестинации со семејството или пријателите.

Со овој кредитен производ клиентите можат да обезбедат средства за купување возило со поволна фиксна каматна стапка и флексибилни услови за отплата. Каматната стапка изнесува 4,5 проценти фиксно, а рокот на отплата може да достигне до 84 месеци. Максималниот износ на кредитот е до 50.000 евра.

Од банката посочуваат дека ЕКО ДРАЈВ кредитот е наменет за сите кои сакаат своите патувања да ги претворат во нови искуства и спомени.

Повеќе информации граѓаните можат да добијат во најблиската експозитура на Капитал Банка или на телефонскиот број 02/3102-500. Информации се достапни и на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange