Connect with us
no baners

Останато

Компанијата АССЕКО СЕЕ го промени името во АСЕЕ

Објавено

на

Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер – ASSECO SEE (АСЕЕ), објавува значајна промена во своето име.

Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив – AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје. Оваа промена е дел од стратегијата на групацијата ASSECO SEE за унификација на брендовите и проширување кон глобалниот пазар.

Новото име, AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, означува нова ера за нас како компанија и индустријата во целост. Од сега натаму, сите комуникации со нас ќе се вршат преку брендот AСЕЕ, користејќи го називот AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, додаваат од компанијата.

Останато

Македонската берза ќе ја одржи јубилејната 25. Годишна конференција во Охрид

Објавено

на

Македонската берза најави дека јубилејната 25. Годишна конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“ во Охрид.

Како што информираат од Берзата, конференцијата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјата, на кој ќе учествуваат експерти од Македонија и регионот. Учесниците ќе имаат можност да проследат презентации и панел-дискусии посветени на актуелни теми од финансиската индустрија, како и да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти.

Организаторите најавуваат присуство на реномирани говорници и експерти, а деталната агенда и начинот на регистрација ќе бидат објавени дополнително.

Конференцијата ќе се одржи во период кога финансискиот сектор се соочува со нови предизвици и можности, што се очекува да биде една од клучните теми на годинешниот собир.

Продолжи со читање

Останато

Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.

На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.

Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.

Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange