Connect with us
no baners

Осигурување

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

Објавено

на

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот.

Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари (1 мил.евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обештетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради: смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување ги доставија осигурителните друштва.

Најголемо учество во исплатените средства во јули имаат договорите за осигурување живот со штедна компонента. Во јули осигуреници наплатиле 50,3 милиони денари (818.000 евра) од овој тип на осигурување. Овој осигурителен производ покрај осигурување живот нуди можност по истек на рокот на договорот осигуреникот да ги добие вложените средства зголемени за камата. Овој осигурителен производ овозможува дел од каматата на средствата кои осигурителната компанија, ги прибира од осигуреницитеги вложува во безризични инвестициски инструменти како што се депозити или обврзници, да се вратат како принос на осигурениците. Заради тоа и овој тип на осигурување живот се нарекува осигурување со учество во добивката.

Осигурителните компании во јули исплатиле 6,3 милиони денари (102.000 евра) на семејства или носители на правото за исплата на штета во смртни случаи на лица кои го осигурале својот живот. Овој тип на осигурување не вклучува учество во добивка што значи дека е осигуран само ризикот смрт и доколку не се случи во договорениот временски период за кој важи осигурувањето, вложените средства ги задржува осигурителната компанија со која е склучен договорот.

Кај најновиот тип на осигурување живот на нашиот пазар популарно познат под називот јунит-линкд осигурување компаниите во јули исплатиле 5,56 милиони денари (90.000 евра). Овој производ покрај осигурување живот нуди и вложување на дел од парите во хартии од вредност со кои се тргува на светските берзи. Токму заради тоа што осигуреникот избира во какви хартии од вредност ќе се вложат неговите средства кај овој тип на осигурување ризикот од вложувањето е на товар на осигуреникот.

Во сите типови на осигурување живот во јули граѓаните вложиле вкупно 64,5 милиони денари (1,05 мил.евра). Повеќе од половина од вкупниот износ на вложени средства се однесуваат на полиси со кои е осигуран само ризикот смрт и кои не носат право на учество во добивката. Во првите седум месеци годинава граѓаните во осигурување живот вложиле 1,21 милијарди денари 20 милиони евра).

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Повеќе детални податоци за работата на компаниите за осигурување живот на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/

Осигурување

Полиса ПЛУС нуди домаќинско осигурување од 5 евра месечно за заштита на домот

Објавено

на

Компанијата Полиса ПЛУС нуди можност граѓаните да го заштитат својот дом со полиса за домаќинско осигурување која започнува од 5 евра месечно, со што сопствениците на недвижности можат да обезбедат поголема сигурност за својот имот.

Со ова осигурување се обезбедува покритие за штети предизвикани од пожари, поплави, земјотреси и провални кражби, што претставува заштита од најчестите ризици со кои може да се соочат домаќинствата.

Полисата вклучува и домашна асистенција, односно помош за брзи поправки во итни ситуации во домот, со цел корисниците навремено да ги решат проблемите кои можат да настанат во секојдневното живеење.

Повеќе информации за условите и начинот на склучување на полисата се достапни на веб-страницата polisaplus.com.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување: Осигурувањето на домаќинство носи сигурност, заштита и мир за секој дом

Објавено

на

Домот е местото каде започнува секојдневието, каде се создаваат спомени и се чуваат највредните работи на едно семејство. Токму затоа, заштитата на домот претставува важен чекор кон сигурна и мирна иднина. Од Халк Осигурување посочуваат дека осигурувањето на домаќинство е практичен и едноставен начин да се заштитат домот и личниот имот од различни ризици кои можат да предизвикаат значителна штета.

Современите домаќинства сè почесто се соочуваат со непредвидливи ситуации како пожар, поплава, провална кражба, оштетувања од атмосферски појави, излевање вода од инсталации или несреќи предизвикани од сопствени возила. Во услови на климатски промени, урбанизација и динамичен начин на живот, осигурувањето станува важен механизам за намалување на неизвесноста и обезбедување финансиска сигурност.

Осигурувањето на домаќинство на Халк Осигурување нуди сеопфатна заштита за објектот и покуќнината, покривајќи дел од најчестите и најскапите ризици. Полисата вклучува заштита од пожар и експлозија, атмосферски непогоди како град, бура или удар од гром, излевање вода од водоводни и канализациски инсталации, провална кражба и разбојништво, како и штети предизвикани од удар на сопствено моторно возило во објектот.

Дополнително, осигурувањето ги покрива и трошоците за санација и отстранување на последиците од настанатата штета, што значително го олеснува процесот на обновување на домот и финансиското закрепнување на домаќинството.

Од Халк Осигурување нагласуваат дека навременото инвестирање во осигурување на домаќинство не претставува трошок, туку долгорочна инвестиција во заштитата на најважното место, домот во кој живееме и создаваме. Преку внимателно дизајнирани полиси и стручна поддршка, компанијата има за цел да обезбеди поголема сигурност и мир во домот на секое семејство.

Продолжи со читање

Осигурување

Слобода за безгрижно патување со патничко осигурување од Еуролинк

Објавено

на

Патувањата носат нови искуства, возбуда и можност за откривање на светот, но често можат да донесат и непредвидливи ситуации. Токму затоа, од Еуролинк Осигурување потсетуваат на важноста од патничкото осигурување, кое обезбедува поддршка во моменти кога таа е најпотребна.

Од компанијата истакнуваат дека со патничкото осигурување на Еуролинк, патниците можат да се чувствуваат посигурно за време на своите патувања, знаејќи дека имаат сигурна поддршка доколку се соочат со непланирани околности.

Воедно, од Еуролинк информираат дека полисата за патничко осигурување може лесно да се купи и онлајн, што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да се осигурат пред своето патување.

Повеќе информации и можност за купување на полиса се достапни на нивната онлајн платформа.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange