Connect with us
no baners

Анализи

ДЗС: Просечната плата во мај изнесувала 36.345 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 36.465 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Анализирано по дејности, просечната плата изнесува:

  • Земјоделство, шумарство и рибарство – 28.627 денари
  • Рударство и вадење на камен – 47.786 денари
  • Преработувачка индустрија – 31.713 денари
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 48.302 денари
  • Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 28.755 денари
  • Градежништво – 35.706 денари
  • Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и моторцикли – 33.978 денари
  • Транспорт и складирање – 35.129 денари
  • Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 27.480 денари
  • Информации и комуникации – 70.703 денари
  • Финансиски дејности и дејности на осигурување – 53.792 денари
  • Дејности во врска со недвижен имот – 34.629 денари
  • Стручни научни и технички дености – 45.980 денари
  • Административни и помошни услужни дејности – 30.595 денари
  • Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување – 38.269 денари
  • Образование – 33.418 денари
  • Дејности на здравствена и социјална заштита – 39.686 денари
  • Уметност, забава и рекреација – 34.679 денари
  • Други услужни дејности – 45.847 денари

Највисока плата има кај вработените во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (93.536 денари), додека најниска кај вработените во производство на кожа и слични производи од кожа (24.214 денари).

Целосното соопштение можете да го погледнете тука.

 

 

 

Анализи

Раст на странски туристи во Македонија: Повеќе странци, но ноќевањата стагнираат во првиот квартал од 2026 година

Објавено

на

Во март 2026 година во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 19,7% се домашни, а 80,3% странски, додека кај остварените ноќевања 26,5% се од домашни, а 73,5% од странски туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 5,2% во однос на истиот период лани, при што раст е забележан и кај домашните туристи за 1,3% и кај странските туристи за високи 6,9%.

Сепак, бројот на ноќевања бележи благ пад од 0,3%, како резултат на намалување кај домашните туристи за 1,2%, додека кај странските има минимален раст од 0,2%.

Продолжи со читање

Анализи

Инфлацијата во САД повторно ги тресе берзите: Растат шансите за ново зголемување на каматите!?

Објавено

на

Американскиот долар останува поддржан од засилените инфлациски притисоци во САД, откако најновите економски податоци покажаа значителен раст и на потрошувачките и на производствените цени.

Според објавените податоци, цените на производителите во САД во април го забележаа најголемиот раст во последните четири години, додека потрошувачката инфлација продолжува да расте со најбрзо темпо во изминатите три години.

Овие показатели дополнително ги засилија очекувањата дека ФЕД би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки до крајот на годината.

Во меѓувреме, американскиот Сенат го потврди Кевин Ворш за нов претседател на ФЕД, што пазарите го следат како важен сигнал за идната монетарна политика на централната банка.

Според „FedWatch“ алатката, веројатноста за зголемување на каматните стапки во декември порасна на речиси 32%, што е двојно повеќе во споредба со очекувањата од пред една недела.

Продолжи со читање

Анализи

Волстрит руши рекорди: Аналитичарите предупредуваат на нова „дот-ком“ еуфорија поради вештачката интелигенција

Објавено

на

Волстрит повторно руши рекорди, а сè почесто на пазарот се појавуваат споредби со еуфоријата од крајот на деведесеттите и „дот-ком“ балонот. Главниот двигател овојпат е вештачката интелигенција, која ги турка технолошките акции кон нови историски врвови.

Индексите S&P 500 и Nasdaq во последните денови се движат околу рекордни нивоа, поттикнати од силните корпоративни резултати и значително повисоките очекувања за профит во 2026 и 2027 година. Истражувачката куќа Yardeni Research ја зголеми прогнозата за S&P 500 на 8.250 поени до крајот на годината, поради подобрените проценки за заработката на компаниите.

Најголемо внимание привлекуваат технолошките и полупроводничките компании поврзани со вештачката интелигенција. Аналитичарите на Evercore ISI предупредуваат дека атмосферата на пазарот сè повеќе потсетува на 1999 година, кога инвеститорите масовно купуваа интернет-компании без оглед на нивните реални приходи.

Сепак, денешната ситуација има и клучна разлика. Компании како Nvidia, Microsoft, Alphabet и Amazon остваруваат реални приходи и профити, а побарувачката за AI инфраструктура, дата-центри, чипови и cloud услуги продолжува да расте.

Но, аналитичарите предупредуваат дека растот на пазарот станува сè поконцентриран во мал број технолошки акции, додека голем дел од останатите компании не го следат истиот тренд. Инвестицискиот стратег Џонатан Крински посочува дека неодамна бил забележан редок феномен – повеќе акции од S&P 500 паднале на нови годишни минимуми, иако самиот индекс поставувал рекорди.

Главниот инвестициски директор на Bleakley Financial Group, Питер Буквар, предупредува дека ваква комбинација на рекордни индекси и слабост кај дел од акциите во историјата била забележана само во 1929, 1973 и 1999 година – периоди кои подоцна завршиле со сериозни пазарни корекции.

Брокерот Ненад Гујаничиќ оценува дека денешните технолошки компании се многу посилни од интернет-компаниите од почетокот на 2000-тите, но предупредува дека AI циклусот ги претвора во сè поинтензивни капитални бизниси, со огромни вложувања и зголемени трошоци. Според него, клучното прашање ќе биде дали тие инвестиции ќе донесат доволно профит за да ги оправдаат сегашните високи вреднувања на акциите.

Аналитичарите сметаат дека вештачката интелигенција навистина може да предизвика економска револуција, но предупредуваат дека дури и вистинските технолошки револуции во минатото често завршувале со преголеми очекувања и финансиски балони.

Извор: Финансије.хр

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange