Останато
Јоана Спасовска – нов генерален директор на Флекс Кредит Македонија
На 15 јули во Хотел Дрим – Струга се одржа 3-тата трговска конференција на Флекс Кредит на која беше назначен нов генерален директор – Јоана Спасовска.
Јоана Спасовска е дел од Флекс Кредит уште од самите почетоци на компанијата, односно од отварањето на првата филијала во ГТЦ Скопје во 2020 година.
Таа ја градеше својата кариера во Флекс Кредит минувајќи ги сите скалила во компанијата, почнувајќи како менаџер за развој, преку трговски менаџер, директор на продажба, советник на Управен одбор за развивање на меѓународни пазари на Флекс Кредит па се до новата позиција – Генерален директор.
Јоана Спасовска е дел од новата генерација млади професионалци коишто своето знаење, работно искуство и професионални успеси ги има постигнато во Македонија. По образование е дипломиран економист на Надворешна трговија, при Економскиот факултет на УКИМ. Има работно искуство во банкарскиот сектор и во финансиски друштва пред да започне да работи во Флекс кредит.
Колегите ја знаат како вработен со ‘’работна книшка број 001’’, или како една од првите вработен во Флекс кредит. Од самото основање на компанијата Јоана има започнато со изградба на продажната структура која сега брои околу 150 вработени, или голем дел од вкупно 200-те вработени на друштвото. Низ годините има создадено тим кој успеа за рекордно кратко време да направи најуспешно финансиско друштво од Флекс Кредит, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе.
Јоана Спасовска ја превзема функцијата од досегашниот Генерален дирекор и ко-сопственик на компанијата – Горан Арсов, кој со предавање на позицијата ќе биде фокусиран кон развивање на Флекс Кредит на останати меѓународни пазари.
Од Флекс кредит информираат дека ова е само мал дел од следните новини и освежувања кои ќе ги понудат на пазарот. Следат многу мотивациски програми за потрошувачите како и специјализирани кредити за различни категории на граѓани со повластени услови.
Сите овие новини, уверуваат од друштвото дека ќе допринесат за уште поголемо зацврстување на пазарот и за потврдување на лидерската позиција.
Останато
Изготвувањето на потрошувачката кошничка е при крај, треба да биде донесена до 30 јуни
Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е во завршна фаза, а крајниот рок за нејзино усвојување останува 30 јуни, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој информираше дека документот веќе бил разгледан од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), кои доставиле забелешки и предлози што моментално се обработуваат.
Според Дурмиши, потрошувачката кошничка повторно ќе се најде на дневен ред на наредната седница на ЕСС, по што ќе се утврди дали се потребни дополнителни измени. Доколку сите страни постигнат согласност, кошничката ќе биде официјално објавена и достапна за јавноста.
Министерот посочи дека Министерството во моментов е целосно фокусирано на исполнување на обврските од реформската агенда.
– Работните групи активно работат на сите потребни чекори, а техничките детали околу потрошувачката кошничка се при самиот крај. Забелешките и критиките од членовите на ЕСС се разгледуваат и дел од нив ќе бидат вклучени во финалната верзија – изјави Дурмиши.
Тој нагласи дека по завршување на обврските поврзани со реформската агенда, институциите дополнително ќе се посветат на финализирање на документот.
Останато
Интегритетот како темел на довербата: УЈП и ДКСК преку обуки кон зајакнување на етичките стандарди
Управата за јавни приходи, во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 12 мај во Клуб на пратеници во Скопје одржаа обука на тема „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“. Целта на обуката беше препознавање и спречување на непрофесионално, неетичко и коруптивно однесување.
На настанот воведно обраќање имаа директорката на УЈП, м-р Елена Петрова и претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ. Во своето обраќање директорката Петрова истакна дека интегритетот не е само лична вредност, туку и институционална обврска, врз која се гради довербата на граѓаните и деловната заедница во системот.
Таа посочи дека, по донесувањето на Декларацијата за даночна етика, Управата за јавни приходи активно работи и на подготовка на Стратегија за интегритет и анти-корупција, со која се воспоставуваат јасни принципи, стандарди и механизми за професионално, одговорно и транспарентно постапување.
„Се обврзуваме на систем во кој нема „брзи ленти“, нема „тивки интервенции“ и нема различни правила за различни луѓе. Корупцијата не започнува со големи афери. Таа започнува тогаш кога правилата почнуваат да зависат од лични контакти, неформални барања и услуги „да се провери“, „да се забрза“, „да се среди“ или „да се премолчи“, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова.

Претставниците на ДКСК истакнаа дека особено е значајна заложбата на УЈП за развивање интерни политики, етички стандарди и механизми за превенција на корупцијата, како и градење институционална култура заснована на одговорност, транспарентност и законито постапување.
Во контекст на работата на УЈП, беше истакнато дека институцијата постапува со чувствителни податоци, носи одлуки со директно влијание врз граѓаните и деловниот сектор и работи во средина во која е особено важно да се препознаваат и навремено да се управуваат ризиците од притисоци, неформални влијанија, судир на интереси и злоупотреба на службени информации.
Целта на ваквите едукативни активности е службените лица навремено да ги препознаат ризичните ситуации, да знаат како правилно да постапат, кога да побараат совет, кога да пријават приватен интерес и кога да се изземат од постапување. На тој начин, како што беше истакнато, се заштитуваат и институцијата и вработените, а се јакне довербата на граѓаните и правните лица во јавниот сектор.
Директорката Петрова пред присутните порача дека градењето институција со висок интегритет подразбира доследна примена на правилата, транспарентност во постапувањето и професионален однос во секојдневната работа. Особен акцент беше ставен и на личната одговорност на секој вработен во создавањето институционална култура во која чесноста, отчетноста и еднаквиот третман се вредности што се живеат секојдневно, а не само формално пропишани принципи. Додаде и дека довербата на граѓаните се гради преку доследност, предвидливост и професионално постапување, но и преку подготвеноста институциите отворено да ги препознаваат ризиците и континуирано да работат на нивно надминување и зајакнување на довербата во даночните службеници и УЈП.
„Довербата во УЈП ќе ја зајакнеме со интегритет, транспарентност и доследност секој ден, во секој предмет, за секој рок, во секој контакт со даночен обврзник и во секоја одлука што ја носиме“, порача Петрова.
Таа додаде дека Управата за јавни приходи останува посветена на унапредување на етичките стандарди, јакнење на професионалниот интегритет и создавање институционална култура заснована на одговорност, еднаквост, професионализам и владеење на правилата.
Обуката „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“ е дел од континуираната соработка меѓу ДКСК и институциите од јавниот сектор за зајакнување на системот на интегритет, унапредување на професионалните стандарди и развивање култура на одговорно, законито и непристрасно постапување. На обуката учествуваа 46 вработени.
Бизнис
Отворен е повикот за Western Balkans Startup Accelerator – една од највозбудливите можности за стартапи во рана фаза од регионот!
Стартапи од Македонија и регионот добиваат нова можност за забрзан раст и излез на интернационалната сцена преку „Western Balkans Startup Accelerator“ програмата креирана од еден од најреномираните топ светски акцелератор и инвеститор „Startup Wise Guys“ и поддржана од Zephyr Angels како нивен инвестициски партнер од Македонија.
Стартапите ќе добијат практична поддршка за раст, развој на продукт, fundraising и излез на интернационални пазари преку хибриден формат што комбинира online и onsite сесии низ регионот и Европа.
Дополнително, стартапите добиваат можност за инвестиција од 50.000€, а најдобрите тимови ќе можат да аплицираат и за дополнителна follow-on инвестиција до 250.000€.
Ова не е класична едукативна програма, туку hands-on искуство за founders кои сакаат брзо да учат, да градат релевантни контакти и да го позиционираат својот стартап на следното ниво.
Апликациите се отворени до 18 мај.
Повеќе информации и аплицирање: Western Balkans Startup
Western Balkans Startup Accelerator
ПР објава
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



