Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

no baners

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Доколку сe стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, НЛБ Банка Ве мотивира да аплицирате за работното место:

Специјалист за развој на продукти, услуги и канали
Сектор за развој на понуда и маркетинг

Улога во тимот:

  • Водење на развојот и унапредувањето на банкарските продукти и услуги со фокус на дигитални решенија.
  • Следење на пазарот и идентификација на нови трендови, потреби на клиентите и следење на конкуренцијата во дигиталното банкарство.
  • Инволвираност во креирањето и следењето на дигиталната стратегија на Банката преку насочување и усoгласување на развојот на продукти и услуги во рамките на стратегијата.
  • Комуникација со клучни засегнати страни, вклучувајќи менаџмент, надворешни партнери и корисници.
  • Креирање на позитивно корисничко искуство (UX – User Experience)/ Свесност за важноста на дизајнот на продуктот/ услугата гледани од аспект на корисник.
  • Анализа на feedback од корисници и користење на резултатите и перформанси со цел оптимизација и постојано унапредување на продуктите/ услугите.
  • Познавање на најновите регулативи и прописи за дигитални банкарски продукти.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование,
  • Минимум 2 години работно искуство во областа на развој на продукти, услуги и канали,
  • Креативно и иновативно размислување (Digital mindset),
  • Познавање и користење на дигитални алатки и напредни алатки за работа со податоци,
  • Познавање на банкарските продукти,
  • Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација / исполнување на цели,
  • Напредни комуникациски, аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност и организациски вештини,
  • Напредно користење на Office пакетот,
  • Одлично познавање на Англискиот јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 17.07.2023 година (понеделник).

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange