Connect with us
no baners

Продукти

Мастеркард ги лансираше Google Pay и Google Wallet за корисниците на картички во Северна Македонија

Објавено

на

Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Google Pay, овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредите. Имателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Google Wallet, дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени.

Покрај платежните картички, имателите на картички преку Google Wallet можат да зачувуваат и да пристапуваат до картички за лојалност и билети за патувања и настани. Користењето на Google Pay ги прави плаќањата посигурни, со повеќе слоеви на безбедност додадени на заштитата што Мастеркардкартичката веќе ја обезбедува. Тоа вклучува индустриски стандардизирана токенизација, што значи дека кога се користи за плаќање картичката зачувана во Google Wallet, трансакциите се вршат со помош на бројот на виртуелната картичка (токен). Овој токен е специфичен за уредот и е поврзан со динамичен безбедносен код што се менува со секоја трансакција, обезбедувајќи дополнителен слој на заштита од измами. Воедно, ако телефонскиот уред се изгуби или е украден, може да се користи функцијата „Најди го мојот уред“ за веднаш да се заклучи уредот на далечина, да се заштити со нова лозинка или да се избришат личните податоци.

„Google Pay обезбедува брз, лесен и безбеден начин за корисниците во повеќе од 60 земји и територии да плаќаат користејќи го нивниот телефонски уред Android или уред со Wear OS“, вели Џени Ченг, потпретседател и генерален директор на Google Wallet. „Корисниците можат едноставно да ги додадат своите дебитни и кредитни картички во апликацијата Google Wallet и да бидат уверени дека нивните финансиски информации се безбедни и сигурни кога купуваат или реализираат патувања.“

„Горди сме што сме дигитален партнер на Google кој ја носи оваа безбедност и удобност на дигиталните плаќања за корисниците од Северна Македонија. Во Мастеркард се стремиме кон бизнис зделки само ако тоа носи додадена вредност на крајниот потрошувач“, додава Вања Манова, менаџерка за Мастеркард во Албанија, Бугарија, Северна Македонија и Косово.

Какви видови на употреба ќе поддржува Google Wallet?

При лансирањето, луѓето ќе можат да зачувуваат и да пристапуваат до платежни картички, картички за лојалност и билети, а со текот на времето ќе додадеме поддршка и на дополнителни ставки.

Која е разликата помеѓу Google Wallet и Google Pay?

Google Pay е безбеден начин за плаќање и за безбедно купување во продавници, преку апликации и на интернет. Google Wallet е локацијата каде што ги складирате вашите кредитни или дебитни картички за да можете да ги користите со Google Pay, како и со картички за лојалност, билети и други ставки.

Како Google Wallet им користи на корисниците?

Google Wallet e лесен за пристап и сеопфатен во услугите што ги поддржува, а истовремено обезбедува беспрекорни искуства со Google апликациите и ги исполнува нашите високи безбедносни стандарди.

  • Лесен за пристап – Брзо пристапете до сите ваши работи на телефонот. Корисниците очекуваат да можат да го дигитализираат нивниот физички паричник, од плаќања и картички за лојалност до билети.Google Walletе редизајниран дигитален паричник за Android што обезбедува брз, безбеден пристап до секојдневните основни услуги.
  • Сеопфатен – Google Wallet ги покрива потребите на корисниците. Корисниците ќе имаат погодност да ги остават своите физички паричници дома, а сепак ќе можат да пристапат до платежните картички од нивниот Android телефон.
  • Безбеден и сигурен – Google Wallet е побезбеден од физичките картички. Вистинските броеви на картички никогаш не се споделуваат за да се заштитат корисниците. Google Wallet ги намалува можностите за измама, на начин што бара отпечаток од прст, идентификација преку лице, или пин за плаќање.

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Продукти

КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина

Објавено

на

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.

Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.

Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.

Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.

Продолжи со читање

Продукти

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!

Објавено

на

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова, банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange