Connect with us

Банки

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“ според EMEA Finance

Објавено

на

Реномираниот финансиски магазин EMEA Finance и оваа година ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“. На годинешните 15-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), НЛБ Банка Скопје 7-ми пат по ред го добива ова признание, што е значајна потврда за успешното работење на Банката.

Главните критериуми според кои се доделува оваа престижна награда се: остварените финансиски резултати, посветеностa кон клиентите, имплементираните иновации во работењето, дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува банката за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

Како што истакнуваат од EMEA Finance oвогодинешните победници се „најдобри во класата“ и заради преземените мерки за да ги ограничат и апсорбираат влијанијата на предизвиците со кои беа соочени економиите минатата година.

”Ни претставува задоволство што уште еднаш, седма година по ред нашата Банка ја добива наградата за „Најдобра банка во Македонија “. Тоа е резултат на континуираните напори за постигнување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење. Воедно ова е и потврда за добрата стратегија и доброто системско работење, стручноста и посветеноста на нашите вработени. Не радува што НЛБ Банка е препознаена како иновативна и современа институција ориентирана кон потребите на клиентите и локалната заедница, како Банка која ги следи современите трендови во банкарството, воведувајќи иновативни продукти и која обезбедува значајна кредитна поддршка на проекти кои придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата.. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најдобра банка во земјава.” – велат од НЛБ Банка.

НЛБ Банка Скопје е една од најголемите банки во земјава, финансиски столб на македонската економија, поддржувач на економскиот развој и на бројни општествено корисни проекти во локалната заедница.

ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

Инаку, покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија НЛБ e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2022 година“ од ЕМЕА Finance.

Банки

Швајцарија повторно размислува за негативни каматни стапки

Објавено

на

Швајцарската народна банка е подготвена повторно да ја намали клучната каматна стапка под нулата доколку тоа биде потребно за инфлацијата на среден рок да остане во целниот опсег од нула до два проценти.

Членката на раководството на централната банка, Петра Чудин, за весникот „Finanz und Wirtschaft“ изјави дека негативните каматни стапки остануваат една од можните алатки на монетарната политика.

„Ако биде неопходно каматните стапки да ги спуштиме под нулата за среднорочно да ја задржиме инфлацијата во опсег од нула до два проценти, тоа ќе го направиме“, изјави Чудин.

Швајцарската народна банка во јуни 2025 година ја намали клучната каматна стапка на нула и оттогаш ја задржува на тоа ниво.

Инфлацијата во Швајцарија во јули забави на 0,4 проценти, и покрај растот на светските цени на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток.

„Блумберг“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека централната банка има намера да ја задржи каматната стапка на нула до крајот на 2027 година, по што би следувало постепено заострување на монетарната политика.

Швајцарија веќе има искуство со негативни каматни стапки. Клучната камата беше под нулата неколку години, сè до септември 2022 година.

Негативната каматна стапка значи дека банките, наместо да добиваат камата за средствата што ги чуваат кај централната банка, плаќаат за нивното депонирање. Со ваквата политика се настојува банките повеќе средства да пласираат преку кредити, со што би се поттикнале потрошувачката и инвестициите, а со тоа и растот на инфлацијата.

Засега, сепак, Швајцарската народна банка не најавува непосредно воведување негативни камати, туку остава отворена можност за таков чекор доколку инфлацијата остане премногу ниска.

Централната банка одржува четири состаноци годишно, а следната седница е закажана за 24 септември.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.

Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.

Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.

„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.

Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.

Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.

Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.

Продолжи со читање

Банки

До 2,6 милиони денари онлајн потрошувачки кредит преку OneID од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари.

Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката.

За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци.

Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет за корисници кои сакаат брз и едноставен пристап до финансиски средства без посета на филијала.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange