Продукти
Неверојатен денарски депозит со 4,5% каматна стапка по повод јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола
Една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година прославува 75 години постоење. Оваа домашна банка, со својот широк спектар на банкарски производи 75 години е сигурен партнер на домаќинствата и поддршка на бизнисите во земјата.
Досегашното искуство на сите оние кои својата доверба ја довериле во оваа банка говори за фактот дека Стопанска банка а.д. Битола ја цени лојалноста на своите клиенти и наоѓа начини за да ја награди истата. По повод одбележувањето на овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола за сите свои постоечки, но и за потенцијалните клиенти нуди неверојатна каматна стапка на денарски депозитен производ која е фиксна и на годишно ниво изнесува 4,5% за рок на орочување 45 месеци. Со оваа промотивна понуда Стопанска банка а.д. Битола има за цел да го стимулира штедењето и да го промовира истото како одлична финансиска пракса која во овој случај е со огромен бенефит за сите кои ќе одлучат да ги вложат своите пари во банката.
Минималниот задолжителен влог на овој производ кој е исклучително атрактивен е 6.000МКД, а каматата 4,5% која е фиксна, се исплаќа на годишно ниво – 12 месеци од датумот на влогот, или 12 месеци од претходно исплатената камата.
Овој промотивен производ на Стопанска банка а.д. Битола по повод одбележување на јубилејот 75 години постоење е единствена можност за сите оние кои сакаат да направат сигурен финансиски чекор во стабилна, домашна банка која покрај тоа што негува традиција, води грижа и за вредностите на своите клиенти и општеството.
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Останатопред 2 месеци
Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?
-
Банкипред 2 месециПотрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари – поголема поддршка и побрзо решение


