Банки
ОГРОМЕН СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ “CREDIT SUISSE” – швајцарската банка имала речиси 100 сметки поврзани со нацистите велат сенаторите на САД
Голем скандал го тресе и онака загрозениот швајцарски банкарски гигант “Credit Suisse”. Американските сенатори ја обвинија загрозената швајцарска банка за ограничување на опсегот на внатрешна истрага за нацистички клиенти и сметки поврзани со нацистите, вклучително и некои кои беа отворени до пред само неколку години.
Комисијата за буџет на Сенатот на САД спроведе истрага и дозна дека швајцарската банка Credit Suisse, која неодамна беше спасена од колапс, држела активни речиси 100 досега непознати сметки поврзани со службеници на национал-социјалистичка Германија, а кои по Втората светска војна се криеле од законот во Аргентина.
Некои од овие сметки биле активни сè до 2020 година.
Сенатот објави два извештаи од кои се дознава дека “Credit Suisse” држела сметки на 99 лица кои биле чиновници на високи функции во национал-социјалистичка Германија и на членови поврзани со групи на нацистите во Аргентина. Притоа, 70 аргентински сметки биле отворени во банката после 1945 година, а 14 останале активни до неодамна.
Така на пример, сметка во сопственост на нацист осуден за време на судскиот процес во Нирнберг била активна до 2002 година, банката сепак до ден денеска не разгласува информации за активите на таа сметка.
Банката за ова ангажирала судско-експертска компанија која под контрола на независен адвокат, Нил Барофски, вршела внатрешна истрага, адвокатот напишал извештај за тоа, но претходно бил отпуштен без објаснување а внатрешната истрага била ограничена.
Сенатот побарал извештајот да биде достапен. И по истрагата на Комисијата за буџет, отчетите на банката за сметките на нацистичките службеници станале јавни.
Во 2020, Центарот Симон Визентал, еврејска група за човекови права со седиште во Лос Анџелес, објавува дека нивната истрага во Аргентина открила список на 12.000 нацисти од времето на војната кои живеат во земјата. Според Центарот, многумина од нив ставиле пари „во една или повеќе банкарски сметки во Швајцарише Кредитанштал“ претходникот на “Credit Suisse”.

“Credit Suisse” соопшти дека „целосно соработува“ со истрагата на комитетот, но ги отфрли тврдењата од Центарот Симон Визентал за сметки поврзани со нацистите.
“Credit Suisse” вети дека ќе продолжи и ќе ја прошири внатрешната истрага и се согласи да учествува во исплата на дел од судски тужби на преживеаните од Холокаустот вредна 1,25 милијарди долари.
Сепак, и покрај негирањето на швајцарската банка, еврејските активисти со години тврдат дека “Credit Suisse” одиграла далеку поголема улога во помагање на Третиот рајх и неговите највисоки функционери отколку што се мисли, и дека таа се уште чува пари кои нацистите ги имаат украдено од еврејските жртви за време на Втората светска војна.
Банки
НЛБ Банка со силна порака за пензионерите: Активниот живот не завршува со пензионирањето
Вработените од експозитурата на НЛБ во Охрид беа дел од 30. Републички пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во комплексот „Билјанини извори“ во Охрид, во годината кога се одбележуваат 80 години пензионерско организирање во Македонија.
НЛБ со пензионерската заедница гради долгогодишна соработка, која опфаќа активности поврзани со финансиска едукација, поголема финансиска сигурност, спорт и дружење.
Од НЛБ посочуваат дека учеството на спортските натпревари е уште една можност за поддршка на активниот живот и создавање позитивни моменти за пензионерите.
„Активниот живот не завршува со пензионирањето. Напротив, токму тогаш можат да започнат нови навики, пријателства и нови причини за движење“, порачаа од Банката.
Со своето учество на јубилејниот настан, НЛБ даде придонес кон традицијата која повеќе децении ги обединува пензионерите од целата земја преку спорт, дружење и активен начин на живот.
Од Банката упатија честитки за 30. Републички пензионерски спортски натпревари и порака до пензионерите за уште многу години исполнети со спорт, дружење и активен живот.
Банки
Комерцијална банка со подароци и донација за првачињата на почетокот на учебната година
Комерцијална банка и оваа година го одбележа почетокот на новата учебна година со подароци и поддршка за првачињата во повеќе училишта.
Преку својата препознатлива Верверичка, Банката ги израдува првачињата во училиштата во Кочани, како и учениците од ООУ „Драга Стојановска“ во селото Ракотинци, Скопје, подарувајќи им ранчиња исполнети со подароци.

Дополнително, Комерцијална банка обезбеди донација за набавка на училишен прибор за првачињата во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје.

Од Банката посочуваат дека целта на ваквите активности е да им се обезбеди поддршка на децата за успешен почеток на образованието и можност непречено да ги следат своите желби и соништа.
„Веруваме дека секое дете заслужува поддршка за успешен почеток, квалитетно образование и можност да ги следи своите соништа“, порачаа од Комерцијална банка, посакувајќи им на првачињата многу нови знаења, другарства и незаборавни училишни денови.
Банки
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка
На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.
Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.
Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.
Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.
Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





