Останато
Формирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници
Унапредување на деловното окружување за развој на сметководствено-финансиската и професијата на даночните советници, преку промоција, подигнување на професионалните стандарди и соодветно адресирање на предизвиците е фокусот на активностите на новата Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. За претседател на новата Комора е избран Ромео Костадинов, даночен советник со 30-годишно искуство од областа на економската, финансиска и сметководствена сфера.
„Професионалните сметководители, ревизори и даночни советници се пред постојан предизвик да го следат брзиот развој на технологиите, општествените промени, измените во законските регулативи, и сето тоа задолжително да го имплементираат во секојдневното работење на деловните субјекти. Уште позначајно е што на нивните анализи и извештаи се темелат и економските политики на државата. Заради тоа тие повеќе од голем број на други професии во континуитет инвестираат во стручна едукација и професионално усовршување, но сепак претпријатијата кои се занимаваат со овие дејности не можат реално да го валоризираат трудот кој го вложуваат. Комората која ја формираме станува нивниот партнер и поддржувач во унапредување на статутот на овие професионалци и издигнување и раст на нивните бизниси“, истакнува Костадинов, кој е долгогодишен управител во компанија чија дејност претставува даночно советување, организирање на семинари за професионално усовршување од економско финансиска, даноци и сметководствена област.
Комората со целиот свој стручен и професионален капацитет ќе работи на тоа да се наметне како рамноправен партнер на државните органи, образовните центри и другите институции од стопанскиот систем со цел постигнување на унапредување на професијата и постигнување на поширок општествен напредок. Исто така ќе се вклучи и во иницирање на рамноправно учество во подготвувањето на законите и останатите прописи од сметководствено, финансиска и даночна област како и во утврдување на стручните ставови и позиции за целисходно вршење на дејностите.
„Акцент на активностите ќе се стави и на почитување и следењето на професионалните и етички стандарди на кои се темели квалитетот во работата. Паралелно ќе работиме и на грижата и одбраната на честа и независноста на професијата, поттикнувањето на соработката меѓу членовите на домашно и меѓународно ниво и промоција на услугите и дејностите“, истакнува Костадинов.
Со формирање и дејствување на новата Комора, активностите на Сојузот добиваат додадена вредност бидејќи секторите кои се опфатени имаат пошироки импликации во работењето на сите деловни субјекти и воопшто на економскиот и даночен систем во земјата. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата национална деловна организација со 35 стопански комори, секторски, билатерални и регионални и со над 30 групации, здруженија и асоцијации.
Останато
МФ: Нови 2,9 милиони евра за инвестиции на домашните компании
Министерството за финансии префрли нови 176,5 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, од централниот Буџет кон Развојната банка, наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании.
Со најновиот трансфер, вкупната владина поддршка за домашниот приватен сектор достигна 14,7 милијарди денари, или 239 милиони евра. За оваа намена во Буџетот се предвидени вкупно 250 милиони евра.
Средствата се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, а до компаниите се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки. Целта, според Министерството за финансии, е да се поттикне нов инвестициски циклус во приватниот сектор и да се поддржи економската активност.
Домашните компании можат да ги користат средствата под поволни услови, со каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години.
Останато
УЈП ги подготвува општините и јавните претпријатија за системот е-Фактура
Управата за јавни приходи, во соработка со ЗЕЛС, започна со подготовки на општините и јавните комунални претпријатија за воведувањето на системот е-Фактура. Во рамки на обука организирана за оваа намена учествувале 80 претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија.
На обуката биле претставени главните функционалности на новиот систем, начинот на негово користење, како и обврските и придобивките што ќе произлезат од електронското фактурирање.
Претставниците на УЈП ја презентирале и бесплатната веб-апликација преку која ќе може да се пристапува до е-Фактура, а биле разгледани и практичните аспекти од примената на системот.
Посебен акцент бил ставен на потребите на јавните комунални претпријатија, кои издаваат голем број фактури кон граѓаните. Се разговарало за можностите за масовно испраќање фактури, поврзување на постојните информациски системи со е-Фактура, како и за користење на постојните квалификувани електронски сертификати.
Во пилот-фазата системот може да се тестира на два начина – преку директно поврзување со деловните информациски системи со API-интерфејс или преку веб-апликацијата.
Во моментов се проверуваат функции за креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на електронски фактури. Во следната фаза е предвидено тестирањето постепено да се проширува и на останатите процеси и видови документи.
Од УЈП ги повикуваат општините и јавните претпријатија активно да се вклучат во тестирањето и навреме да доставуваат предлози за подобрување на системот.
Според Управата, раното вклучување на локалната самоуправа и јавните претпријатија е важно за успешна примена на е-Фактура, особено поради тоа што комуналните претпријатија се меѓу најголемите издавачи на фактури во јавниот сектор.
УЈП најавува дека ќе продолжи со информативни и едукативни активности за подготовка на сите обврзници, а од воведувањето на е-Фактура се очекуваат побрзи и поефикасни процеси на фактурирање и поголема транспарентност.
Бизнис
Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот
Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.
Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.
Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.
Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули



