Connect with us

Банки

CASH IN – нова услуга за депонирање готовина на вашата платежна сметка преку банкоматите на УНИБанка

Објавено

на

УНИБанка на своите клиенти им нуди уште една можност за брзо и ефикасно управување со нивните средства.

Со новата услуга CASH IN клиентите можат да депонираат готовина на својата платежна сметка преку банкоматите на УНИБанка, во секое време, независно од работното време на експозитурите на Банката.

Со услугата CASH IN како клиенти на УНИБанка, добивате можност да:

  • Депонирате готовина на Вашата платежна сметка со Visa или Mastercard дебитна картичка издадена од УНИБанка;
  • Депонирате дневен пазар на Вашата платежна сметка со бизнис дебитната картичка издадена од УНИБанка.

Што ви нуди Cash In услугата?

  • Брзина, практичност и удобност – услугата ја користите без претходна регистрација и истата е достапна 24/7. Потребно е само да поседувате активна дебитна картичка издадена од УНИБанка;
  • Бесплатно депонирање на готовина на Вашата сметка преку банкомат;
  • Депонираната готовина е на располагање на Вашата сметка/дебитна картичка во најкраток рок.

На кои банкомати можете да депонирате готовина?

Готовина можете да депонирате на банкомати на УНИБанка, кои се обележани со следната налепница:

Банки

Халкбанк услугите отсега достапни и преку Пошта низ целата земја

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека голем дел од банкарските услуги на банката отсега се достапни и преку поштенската мрежа низ земјата, со што граѓаните добиваат дополнителна можност полесно да завршат дел од своите банкарски обврски.

Во рамки на соработката со Пошта на Северна Македонија, за физичките лица се овозможени готовински и безготовински платен промет во земјата, како и прием на документација за отворање денарска платежна сметка, ажурирање лични податоци, електронско и мобилно банкарство и дебитна платежна картичка.

Преку поштенската мрежа може да се поднесе и пријава за прием на пензија или социјално право, да се издаде пензиски чек, да се добијат информации за орочени депозити и кредитни производи, како и да се достави потребната документација за нив.

Достапна е и услугата за исплата на готовина до местото на живеење за пензии и социјални права.

За правните лица, пак, достапни се готовински и безготовински платен промет во земјата, како и информации за актуелната понуда на орочени депозити.

„Како во Халкбанк – Халкбанк услуги достапни и во Пошта“, порачуваат од банката, нагласувајќи дека целта е банкарските услуги да бидат поблиску и подостапни до корисниците низ целата држава.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ ѝ одобри на Народната банка траен пристап до репо-линија од 50 милијарди евра

Објавено

на

Европската централна банка ѝ одобри на Народната банка пристап до зголемената репо-линија на Евросистемот ЕУРЕП, со максимален износ од 50 милијарди евра, соопшти денеска Народната банка.

По завршувањето на техничкиот процес за приклучување, Народната банка ќе добие можност за брз пристап до девизна ликвидност во евра, што треба да овозможи полесно справување со евентуални финансиски шокови и зголемена побарувачка за ликвидност.

Од Народната банка посочуваат дека девизните резерви и натаму се примарниот заштитен механизам за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, но новата репо-линија дополнително ќе ја зајакне отпорноста на финансискиот систем во случај на надворешни потреси.

Досега Народната банка имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра, воспоставена за време на пандемијата на ковид-19 и продолжена до 31 јануари 2027 година.

За разлика од досегашниот аранжман, ЕУРЕП е траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат.

Овој инструмент е наменет за обезбедување ликвидност во евра на централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната во услови на пазарни нарушувања. Со него управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.

Од Народната банка оценуваат дека пристапот до ЕУРЕП дополнително ја зајакнува заштитната мрежа на земјата и можноста за справување со евентуални нарушувања на финансиските пазари.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка предупредува на фишинг измама преку СМС пораки

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги предупреди своите клиенти за појава на фишинг измама преку СМС пораки, преку кои се бара од корисниците да ги ажурираат своите податоци со отворање на испратен линк.

Според известувањето од Банката, пораките се испраќаат од телефонскиот број +387 67 142 8204 и содржат линк што води до лажна веб-страница. На неа од клиентите се бара да внесат корисничко име и лозинка за дигиталното банкарство.

Од Стопанска банка посочуваат дека станува збор за измама чија цел е неовластено прибирање на кориснички и други чувствителни податоци.

Банката апелира граѓаните да не отвораат линкови добиени преку сомнителни СМС пораки и да не внесуваат корисничко име, лозинка, ПИН, ОТП кодови или други чувствителни информации на непознати интернет-страници.

Клиентите се советуваат своите податоци да ги внесуваат исклучиво преку официјалните дигитални платформи на Стопанска банка АД – Скопје.

Доколку некој веќе внел лични податоци преку лажниот линк, од Банката препорачуваат веднаш да го контактира 24/7 Контакт центарот на телефонскиот број (02) 3100 109, со цел навремена блокада и заштита на сметката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange