Банки
Лагард: Каматните стапки ќе се зголемат, бидејќи тоа е главна алатка за ограничување на инфлацијата
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.
Кристин Лагард, во интервју за шпанската медиумска групација “Vosento”, објасни дека тоа е одлука на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде што сите бројки кои влегоа во анализата – потврдија дека зголемувањето на каматните стапки е многу веројатна.
„Вкупната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во претстојните неколку месеци. Базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два проценти и тоа го правиме” – изјави Лагард.
„Сакаме да ја скротиме инфлацијата“, додаде таа.
Таа потсети и дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматните стапки во 2024 година и над четири отсто, но укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата – дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што мора да се направи.
„Главна грижа ми е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Економијата во моментов е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво досега”, посочи Кристин Лагард.
Таа потврди и дека поради инфлацијата страдаат граѓаните, особено најранливите, како и оние кои се најекспонирани, како пензионерите со ниски примања.
„Во ЕЦБ сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, на одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергенсите ќе се намалат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја откажат поддршката, бидејќи вака граѓаните се охрабруваат да штедат енергија наместо да ја користат како ништо да не чини”, рече Лагард.
Банки
Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон
Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.
Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.
Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.
Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.
Банки
АЛТА банка денеска ги исплати пензиите
АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.
Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.
Банки
НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање
НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 4 недели10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





