Connect with us
no baners

Бизнис

Е-ФАКТУРИТЕ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ!? – УЈП и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

Објавено

на

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем.

Како што соопштија од УЈП, на состанокот двете страни се согласиле за интензивна соработка и активно вклучување на ресурсите и капацитетите на Комората, со цел навремено информирање и подготовка на компаниите за практична примена на новиот систем.

„Соговорниците оценија дека проектот има значајно влијание врз македонското стопанство, преку унапредување на деловната транспарентност, намалување на административните трошоци и ефикасна борба против сивата економија. Управата за јавни приходи останува доследна на својата определба за јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници, кои се рамноправни чинители на даночниот систем и клучни носители на економскиот развој“, стои во соопштението од УЈП.

no baners

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Бизнис

Готовината сè уште е незаменлива во оваа земја и покрај тоа што важи за една од најразвиените во Европа

Објавено

на

Три четвртини од Германците и натаму најчесто плаќаат во готово, покажува најновото истражување на институтот „YouGov“, спроведено за консултантската куќа „BearingPoint“.

Според анкетата, 73 проценти од 2.026 испитаници во Германија изјавиле дека готовината е нивниот доминантен начин на плаќање, што претставува пораст во однос на претходната година, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Слична е состојбата и во Австрија, каде што 71 процент од граѓаните најчесто користат кеш.

Во останатите европски земји опфатени со истражувањето, употребата на готовина значително опаѓа. Во Швајцарија, 61 процент од испитаниците сè уште преферираат кеш, во Ирска 58 проценти, во Франција 51 процент, а во Холандија 46 проценти.

Најниско користење на готовина е регистрирано во скандинавските земји. Во Шведска само 25 проценти од граѓаните најчесто плаќаат со кеш, во Данска 32 проценти, а во Финска 42 проценти. Притоа, 27 проценти од Швеѓаните и 18 проценти од Данците изјавиле дека воопшто не користат готовина.

За споредба, само два проценти од Германците и еден процент од Австријците воопшто не користат кеш, што ги прави овие две земји европски лидери во одржувањето на готовинските плаќања.

Сепак, трендот на дигитализација продолжува, така што дури 37 проценти од испитаниците во деветте земји сметаат дека целосното откажување од готовината во следните десет години е сигурно или многу веројатно.

Продолжи со читање

Банки

Зошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?

Објавено

на

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата со одлука на Надзорниот одбор, објави Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор.

„Согласно член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор – Главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – Главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Разрешувањето на Наумов е донесено на 23 февруари, една година пред истекот на неговиот мандат. Во својата професионална кариера, тој има извршувано повеќе значајни функции, меѓу кои советник во Владата и кај претседателот на државата, директор на Агенцијата за разузнавање, заменик-министер за финансии и заменик-министер за економија.

Новата в.д. директорка Ефимија Димовска има повеќе од 18 години искуство во областа на развојното банкарство. Таа е доктор на економски науки со специјализација во финансиите и пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија, а својата кариера ја градела на раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.

Развојната банка игра клучна улога во финансирањето на македонските компании преку поволни кредитни линии од меѓународни финансиски институции, а неодамна управуваше и со унгарската кредитна линија од 250 милиони евра наменета за поддршка на бизнисите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange