Бизнис
За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7
Македонскaта финансиска сцена го доби првото целосно автоматизирано решение за одобрување на потрошувачки и наменски кредити за апликации поднесени преку кој било канал.
Овој модел кој пионерски го воведе Иуте Македонија овозможува целиот циклус на анализа и одобрување да се врши 100% автоматски и дигитално, во реално време и преку мобилната апликација Myiute, пришто целата процедура се скратува од досегашните 15 на само 3 минути.
Автоматизираното носење на одлуки се базира наминимална или никаква човечка интервенција поткрепенаод ВИ (вештачка интелигенција) и машинско учење, додека системите се дизајнирани со максималнатранспарентност, одговорно кредитирање, усогласеностсо регулативи и заштита на приватноста на податоците.
Иуте веќе неколку години користи напредна технологија и модели базирани на наука на податоци, машинско учење, ВИ бизнис анализа и автоматизирани секвенци, но со овој модел се прави заокружување на целиот процес на автоматизација.

“Говориме за прв модел од ваков тип на пазарот кој работи врз база на напредни алгоритми за проценка, модел којправи анализа во реално време на поднесување и разгледување на апликацијата на клиентот, со комбинирање на официјални институционални податоци (Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и МКБ) и интегрирани модели за сегментација и проценка на ризиците, пришто апликацијата MyIute комуницира со Македонското Кредитно Биро преку API интеграции. Се прави моментално вчитување на податоци преку софистицирана клиентска платформа (new core), на сите барања за кредит, без оглед на каналот преку кој се поднесени: мобилна апликација, експозитура или контакт центар – овозможувајќи персонализирано и унапредено корисничко искуство. Ако досега за целиот процес – од поднесување, до разгледување, анализа и одобрување биле потребни 15 минути, со новиот модел се добива инстант одговор и процесот се заокружува за 3 минути, пришто системот автоматски генерира персонализиранапонуда која е најсоодветна според профилот наклиентот.”-вели Александар Тишовски, Директор на сектор технологија и оперативно работење.
Развојот на решението беше од страна на мултидисциплинарен развоен тим од групацијата ИутеЕстонија, во партнерство и локална имплементација со тимот на Иуте Македонија.
Иуте го гради финтек моделот на иднината, преку брза и напредна технологија во служба на иновацијата, но сигурноста, довербата и заштитата на личните податоци секогаш останува на прво место.
Целиот процес се одвива преку мобилната апликација Myiute, додека процесот на идентификација се одвива преку регистрирана шема за електронска идентификација, во партнерство со Евротруст, којагарантира највисоко ниво на сигурност и усогласеност со законската регулатива. Сите верификации се вршат преку високо енкриптирани канали. Податоците не се складираат локално – се користи пристап во реално времена таканаречен облак за дополнителна сигурност како најнова технологија.
Автоматизирањето на процесите е во служба на поголема безбедност, каде што напредната технологија освен што во секунди анализира илјадници податоци, овозможува иавтоматско блокирање на сомнителни однесувања на клиентите.
Со користење на овие напредни модели за машинско учење и автоматизирани процеси, може прецизно да се процени кредитоспособноста на клиентите, кредитниотризик и историјата на (не)навремено исполнување наобврските на клиентот, и да се носат издржани етички одлуки при одобрувањето на изложеностите. Сето оварезултира со ниска стапка на нередовност во исполнувањена обврските на клиентите и подобрување на севкупните перформанси на портфолиото.
“Со персонализација на понудата и воведување на модел базиран на машинско учење кој го предвидува ризикот за исполнување на обврската на клиентот, успеавме да го намалиме кредитниот ризик, односно значително да го подобриме квалитетот на кредитното портфолио. Во моментов, кредитното портфолио кое се отплаќа до 30 дена надмина 97%.”, посочуваат од Иуте.
Вештачката интелигенција не заменува луѓе – туку создава ново ниво на доверба
New core real-time клиентската платформа е моќна алатка и за вработените и компанијата, но пред се за корисниците, на кои им се овозможува напредно и персонализирано корисничко искуство.
Улогата на технологијата, особено во финтек секторот, не е да ги елиминира човечките позиции, туку да ги надгради процесите. Автоматизацијата не ја намалува важноста на човечкиот фактор, туку овозможува поголема прецизност, доследност и објективност во донесувањето на одлуки. Бројот на вработени не се намалува со автоматизацијата, туку се врши доквалификација на позициите преку изучување на алатките на вештачката интелигенција, воедно се моделира улогата на финансиски и дигитален советник за клиентите, градејќи високо ниво на доверба.
Бизнис
ЕСМ ангажира кинеска компанија за изградба на соларни централи од 30 мегавати во Осломеј и Битола
АД ЕСМ ја ангажираше кинеската компанија POWERCHINA Jiangxi Electric Power Construction за изградба и управување со нови соларни фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од 30 мегавати во Северна Македонија, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Според известувањата на ЕБОР, ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година.
Првиот договор, вреден 12 милиони евра, се однесува на проширување на соларната електрана во Осломеј за дополнителни 10 мегавати. Новиот капацитет ќе биде изграден на просторот на исцрпениот рудник за јаглен кај Термоелектраната Осломеј.
Вториот договор е вреден 15,65 милиони евра и предвидува изградба на фотоволтаична електрана со моќност од 20 мегавати во близина на РЕК Битола.
Од ЕБОР претходно соопштија дека новите 30 мегавати соларни капацитети се очекува да овозможат намалување на емисиите на јаглерод диоксид за околу 33.000 тони годишно.
ЕБОР во 2021 година одобри заем од 25 милиони евра за ЕСМ за поддршка на проектот. Тогаш беше најавен и план за развој на дополнителни 100 мегавати соларни капацитети во Осломеј.
Истата година Владата потпиша договори со бугарската Solarpro Holding и турската Fortis Energy Electric за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна моќност од 100 мегавати на локацијата на стариот рудник во Осломеј. Во 2022 година ЕСМ започна со пробна работа на првата соларна електрана од 10 мегавати на оваа локација.
ЕСМ е во целосна државна сопственост и обезбедува околу 90 отсто од домашното производство на електрична енергија. Компанијата управува и со првиот ветерен парк во земјата, „Богданци“, со инсталирана моќност од 37 мегавати.
Бизнис
Превозниците од регионот најавуваат нови блокади на границите со ЕУ од есен
Превозниците од земјите од Западен Балкан би можеле повторно да ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген зоната доколку до почетокот на септември не биде постигнат напредок во разговорите со Европската унија околу примената на системот EES.
Претседателот на Здружението на превозници на Црна Гора, Ѓорѓије Љешњак, за весникот „Дан“ изјави дека одлуката била донесена на состанок на превозници од регионот одржан во Скопје, на кој учествувале претставници од Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
Превозниците поставиле рок до 1 септември за решавање на проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи поради правилото за престој во Шенген зоната од најмногу 90 дена во период од 180 дена.
Љешњак изјави дека превозниците очекуваат покана од Европската комисија за состанок во Брисел по конференцијата на земјите членки на Шенген, на која треба да се разговара за измени на визната стратегија на Европската унија.
„Ако не се случат промени во наша корист, веќе следниот ден по конференцијата за визната политика ќе почнеме да планираме нови протести, односно нови блокади на граничните премини кон земјите од Европската унија“, изјави Љешњак.
Според него, меѓу 150 и 200 црногорски превозници во моментов не можат нормално да ја извршуваат својата работа поради ограничувањата поврзани со Шенген зоната.
Превозниците, сепак, посочуваат дека проблемите не се ограничени само на примената на EES. Тие се жалат и на ненавремен поврат на ДДВ, акцизи за гориво, како и на долготрајни царински и инспекциски контроли на границите.
Љешњак тврди дека не се почитува ниту законскиот рок од 60 дена за поврат на ДДВ, а не било исполнето ниту минатогодишното ветување за продолжување на работното време на фитосанитарните инспекции на граничните премини.
Тој истовремено ги отфрли тврдењата дека Србија ги поттикнува превозниците од Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина да организираат блокади.
Изјавата следува по коментарите на македонскиот министер за транспорт Александар Николоски, кој порача дека домашните превозници не треба да подлегнуваат на, како што рече, пропаганда која главно доаѓа од Србија.
Николоски претходно изјави дека македонската влада има билатерални договори со Романија, Хрватска и Швајцарија за долгорочни шенгенски визи за превозниците, а дека се водат разговори и со Унгарија, Австрија и Германија.
Бизнис
Промена во Управниот одбор на ВФП Пензиско Друштво АД Скопје
ВФП Пензиско Друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза извести за промена во составот на Управниот одбор.
„Согласно одредбите од член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартиите од вредност, Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско Друштво АД Скопје известува дека има промена во органот за управување. Имено, по одлука на Надзорниот одбор на Друштвото и одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) за член на Управен одбор на местото на Артон Лена, именувана е Натка Самоиловска“, се вели во соопштението на ВФП Пензиско Друштво АД Скопје.
Натка Самоиловска доаѓа на местото на Артон Лена, со што е извршена промена во составот на Управниот одбор на друштвото.
ВФП Пензиско Друштво ја објави информацијата во рамки на законската обврска за навремено известување за промените во органите на управување на субјектите од пазарот на капитал.
Во моментов, Управниот одбор на ВФП Пензиско Друштво го сочинуваат:
- Марио Ѓорѓиев – претседател на Управен одбор
- Натка Самоиловска – член на Управен одбор
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули





