Банки
Регионалниот проект за управување со цврст отпад во земјата, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање од ЕУ
Грант од 2 милиони евра од ЕУ и билатералните донатори преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан ќе финансира длабинска анализа и проценка на потребите во Вардарскиот и Југо-источниот регион.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската унија (ЕУ) и билатералните донатори преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан (WBIF) ја поддржуваат модернизацијата и проширувањето на системот за управување со отпад во Северна Македонија.
Инвестицијата, финансирана со заем од ЕБОР во износ од 55 милиони евра, кој претходно беше потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Првата фаза, финансирана со транша од 47,5 милиони евра, веќе е во фаза на имплементација и опфаќа активности во регионот на Пелагонија, Југо-западниот и Полошкиот регион.
Денес се потпиша Договорот за грант за дополнителни 2 милиони евра техничка поддршка, обезбедени прекуПрограмата за инвестирање на Западен Балкан, кои ќе го иницираат процесот на мобилизирање на втората транша од заемот, наменета за финансирање на активности во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овие средства ќе се користат за спроведување техничка, еколошка, и финансиска длабинска анализа, со цел да се развие систем за управување со отпад во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овој грант за техничка помош е дел од пошироката финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и Програма за инвестирање на Западен Балкан, која вклучува и 21,7 милиони евра, инвестициски грант финансиран од ЕУ, кој се очекува да биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Билјана Милошеска, Помошник Директорка, Постара Банкарка, ЕБОР изјави: „Овој проект претставува значаен чекор кон позелена и поодржлива иднина во државата. Ова е прва иницијатива на Банката во овој сектор, каде се поддржува имплементација на системи за управување со отпад усогласени со ЕУ стандардите, за повеќе од еден милион жители во три регионални плански области и 45 општини.“
Неговата Екселенција Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во земјата, истакна: „Зачувувањето на природните убавини на Северна Македонија бара решителна и ригорозна борба против цврстиот отпад на централно и локално ниво. Со 2 милиони евра грант од Програмата за инвестирање на Западен Балкан, ја продолжуваме посветеноста на ЕУ во поддршка на земјата, во изнаоѓање на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад. Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Северна Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.“
Банки
НЛБ Банка со порака до учениците за почетокот на новата учебна година
По повод почетокот на новата учебна година, НЛБ Банка Скопје упати честитка до сите ученици, посакувајќи им успешна година исполнета со нови знаења, предизвици и успеси.
„Нови предизвици, нови знаења и уште една година полна со успеси“, порачаа од Банката.
Оттаму на учениците им посакаа успешен почеток и многу причини за гордост во текот на целата учебна година.

„Среќно!“, се наведува во честитката на НЛБ Банка Скопје.
Банки
Седум години „Среќно прваче“ – Халкбанк со поддршка за најмладите ученици
Повеќе од 2.500 првачиња во четири градови во Македонија годинава добија подароци за успешен почеток на новата учебна година во рамки на иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк. Станува збор за традиционална активност за општествена одговорност, која банката ја спроведува седма година по ред. Пакетчето содржи училишни материјали и Бонтон за убаво однесување во училиштето и во домот, прилагоден за возраста на учениците од прво одделение. Главната цел на оваа иницијатива е да се поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст.
„Задоволни сме што „Среќно прваче“ прерасна во препознатлива активност на Халкбанк, особено што во изминатите седум години со неа беа опфатени повеќе од 15.000 првачиња. Секоја година се трудиме подароците со училишни материјали да бидат доделени во различни општини и во различни делови на Македонија. Првачињата заслужуваат топло добредојде во училишните клупи и среќни сме што и Халкбанк има можност да придонесе во исполнувањето на оваа цел“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Годинава пакет подароци со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк, добија првачињата во сите основни училишта во Охрид, Кичево, Гевгелија и во дел од скопските општини.
„Нѝ претставува особено задоволство што општина Гевгелија е дел од иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, со која на нашите првачиња им посакуваме успешен, исполнет и радосен почеток на нивното образование. Ваквите иницијативи имаат посебна вредност бидејќи покажуваат дека грижата за најмладите е заедничка одговорност на локалната заедница, институциите и општествено одговорните компании“, изјави Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.
„Упатувам благодарност до Халкбанк за оваа општествено одговорна иницијатива и за вниманието посветено на децата од нашата општина. Вложувањето во нивното образование и знаење е вложување во иднината на Кичево и на целото наше општество“, рече Александар Јовановски, градоначалник на Општина Кичево.
Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк спроведува и поддржува голем број активности наменети за децата и младите, пред сè со фокус на финансиска писменост, заштита на животната средина, социјална инклузија, развој на креативни навики и одговорно родителство.
Банки
ЕЦБ ја отвора вратата за блокчејн: Парите на банката влегуваат во нова дигитална ера
Европската централна банка сè поотворено ја разгледува можноста парите на централните банки да станат дел од токенизираниот финансиски систем, односно директно да функционираат на дигитални платформи базирани на технологија на дистрибуирани регистри – DLT.
Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, на економскиот симпозиум во Џексон Хол порача дека централните банки треба да ја прифатат оваа технологија и самите да „одат on-chain“, наместо нивните пари да останат надвор од новите дигитални финансиски системи.
Според неа, токенизацијата има потенцијал значително да го промени начинот на кој функционираат финансиските пазари, особено во делот на порамнувањето на трансакциите, управувањето со колатерал и обезбедувањето ликвидност.
Доколку централнобанкарските пари станат директно достапни на ваквите платформи, тие би можеле да функционираат како програмабилен дигитален имот. Со користење паметни договори, одредени финансиски операции би можеле автоматски да се извршуваат кога ќе бидат исполнети однапред утврдени услови, со што би се намалиле рачната обработка и потребата од усогласување податоци меѓу институциите.
Шнабел оцени и дека стабилните криптовалути, односно stablecoin-ите, можат да имаат улога во идниот финансиски систем доколку се добро регулирани, но дека не можат целосно да ги заменат резервите на централните банки.
Како една од главните причини ја посочи способноста на централните банки во периоди на финансиски стрес да обезбедат дополнителна ликвидност и да го стабилизираат системот, што приватните издавачи на stablecoin-и не можат да го направат на ист начин.
Евросистемот веќе работи на инфраструктура за поврзување на постојните финансиски системи со DLT платформите преку проектите „Pontes“ и „Appia“.
„Pontes“ треба да ги поврзе постојните TARGET услуги на Евросистемот со DLT платформите, додека „Appia“ има подолгорочна цел – да испита како би можела да изгледа целосната архитектура на токенизираните финансиски пазари во Европа.
Меѓу опциите што се разгледуваат е и заедничка европска инфраструктура во која би можеле истовремено да функционираат централнобанкарските пари, парите на комерцијалните банки и различни видови финансиски средства.
Од ЕЦБ посочуваат дека токенизацијата може да донесе побрзо порамнување на трансакциите, пониски оперативни трошоци и поголема автоматизација, особено кај прекуграничните плаќања и управувањето со колатерал.
Сепак, новата технологија отвора и прашања поврзани со безбедноста, управувањето, интероперабилноста и концентрацијата на ризици.
Конечниот европски модел сè уште не е утврден, но пораката од ЕЦБ е дека централните банки не сакаат да останат само набљудувачи доколку финансиските пазари постепено се преселат на токенизирани и програмабилни платформи.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





