Connect with us
no baners

Банки

Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој

Објавено

на

Шпаркасе Банка со гордост ја информира јавноста дека вчера беше успешно реотворена нејзината реновирана експозитура во Охрид. Со речиси 70.000 клиенти во Југозападниот регион, од кои 30.000 се во самиот Охрид, Банката останува столб на финансиската стабилност и раст во оваа заедница.

Новата целосно реновирана експозитура се простира на површина од приближно 400
метри квадратни и е резултат на инвестиција од над 260.000 евра. Во исклучително краток рок, со силна посветеност, успешно беа завршени сите градежни зафати, при што услугите кон клиентите се одвиваа непречено и без прекин. Реновирањето се реализираше во две фази, со внимателно планирање и логистика, при што беа ангажирани повеќе од десет локални компании – што дополнително ја потврдува посветеноста на Шпаркасе Банка кон поддршка на локалната економија и развојот на градот.

Експозитурата е дизајнирана според највисоки стандарди за енергетска ефикасност и одржливост. Подовите се изработени со carbon-free технологија, а градежните материјали се еколошки и енергетски ефикасни. Инсталираните системи за ладење и греење користат напредна wind-free технологија за максимален кориснички комфор. Дополнително, експозитурата е дел од зграда што користи обновливи извори на енергија, што ја прави целосно енергетски независна.

Просторот е организиран во согласност со современ групациски концепт, кој пружа пријатен простор за прием на клиенти – сè со цел да се овозможи врвно корисничко искуство. Воедно, во експозитурата се наоѓа и уметничка галерија, која ја збогатува културната понуда и го афирмира локалниот талент.

Клиентите на Шпаркасе Банка во Охрид имаат пристап до целосна палета на банкарски услуги, меѓу кои:

  • Постојано достапна 24/7 АТМ зона,
  • Отворање и водење сметки и депозити,
  • Дигитално потпишување документација преку ONEID-системот,
  • Денарски и девизен платен промет,
  • Издавање дебитни и кредитни картички,
  • Кредитирање за население и за правни лица,
  • Услуги поврзани со хартии од вредност – како тргување на домашен и на странски пазар,
  • Користење граѓански сефови за дополнителна сигурност,
  • Полиси за осигурување,
  • А наскоро и депозитни машини за уплата на дневен промет.

„Со оваа инвестиција уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна посветеност кон регионалниот развој и задоволството на нашите клиенти. Ние не само што обезбедуваме финансиски производи и услуги, туку и создававме услови што придонесуваат за економскиот раст и одржливиот развој на Охрид, како и подобрување на секојдневното корисничко искуство. Шпаркасе Банка освен што е пазарен лидер во Охрид и опслужува повеќе од 30.000 клиенти, истовремено е и е симбол на градот, и горди сме што ја носи оваа улога со целосна посветеност и иновација. Новата модерна експозитура не само што претставува симбол на иновативност и одржливост, туку и создава инспиративна работна средина во која нашите вработени ќе уживаат, ќе се чувствуваат мотивирано и ќе имаат уште подобри услови за постигнување нови успеси“, изјави Нина Неданоскa, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Во јубилејната година во која Штаермеркише Шпаркасе слави 200 години постоење, Шпаркасе Банка како дел од оваа австриска групација, ја зацврстува својата посветеност кон клиентите и пазарот во Охрид, поддржувајќи ги и населението и корпоративните клиенти со кредитно портфолио вредно над 40 милиони евра и удел од 40% во корпоративното кредитирање.

Банки

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид.

Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за децата учесници – летни торби, капи и шишиња за вода, со цел нивниот престој да биде поудобен, попријатен и исполнет со позитивни спомени.

Кампот, кој се реализира во организација на Здружението на граѓани „Мир, слога, стабилност – Скопје“, обединува околу 60 деца од социјално ранливи категории и им овозможува простор за дружење, учење, духовен и личен развој преку едукативни, креативни и рекреативни активности.


Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

мБанка на Комерцијална банка достапна 24 часа дневно

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите дека преку апликацијата мБанка можат да ги користат своите банкарски производи од кое било место и во кое било време.

Услугата е достапна 24 часа на ден и овозможува целосно независно користење на банкарските услуги, без оглед на работното време на Банката.

Од Комерцијална банка ги повикуваат корисниците да ја активираат мБанка и да добијат побрз и поедноставен пристап до своите банкарски производи преку мобилен телефон.

Продолжи со читање

Банки

Битолските бизниси добиваат поддршка за дигитални плаќања преку нова програма на Visa

Објавено

на

Visa, во партнерство со Министерството за дигитална трансформација, Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, ја стартува програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“, наменета за поддршка на микро, мали и средни претпријатија во градот.

Иницијативата има цел да го поттикне користењето на дигитални и безготовински плаќања кај локалните бизниси, како и да придонесе за поголема дигитализација на локалната економија. Конкурсот е отворен од 22 јуни и ќе трае до 31 август 2026 година.

Во рамки на програмата, бизнисите што ќе се пријават ќе можат да добијат Soft POS терминал без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од денот на инсталацијата. Дополнително, секој бизнис ќе добие Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првите 12 месеци.

Пријавувањето се врши директно во локалните експозитури на Халк Банка и НЛБ Банка. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да воведат или да го унапредат користењето на дигитални плаќања во своето работење.

Од Visa посочуваат дека дигиталните плаќања носат конкретни придобивки за компаниите. Според нивното B2B истражување за Северна Македонија, секое второ претпријатие кое вовело дигитални плаќања забележало раст на бројот на купувачи, додека 85 проценти од бизнисите оцениле дека ваквата промена им донела поголема вредност и профит.

„Нашата цел е да ги зајакнеме локалните бизниси, да го унапредиме корисничкото искуство и да придонесеме за понатамошно позиционирање на Битола како модерен, отворен и туристички атрактивен град“, изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека дигитализацијата треба да носи практична корист за граѓаните и компаниите. Според него, безготовинското плаќање и Soft POS терминалите им овозможуваат на локалните бизниси поедноставен начин на работа, а на граѓаните побрза и посигурна услуга.

Од Халк Банка наведуваат дека преку иницијативата ќе продолжат да придонесуваат за развој на дигиталниот платежен екосистем, меѓу другото и преку нивната услуга Mobi POS. Од НЛБ Банка, пак, оценуваат дека ваквите решенија им помагаат на малите и средни претпријатија полесно да направат чекор кон дигитализација без дополнителен финансиски товар во почетната фаза.

Програмата е дел од пошироките активности на Visa за поддршка на дигитализацијата на локалната економија и за поттикнување на безготовинските плаќања во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange