Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард

Објавено

на

Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот наКанцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу.

Во своето воведно обраќање, гувернерката истакна дека процесот на спроведување на структурните реформи во нашата земја е обележан и со достигнувања и со предизвици.

„Најновиот Извештај на ЕБОР ни дава јасна слика за тоа каде се наоѓаме на патот кон постигнување одржлива пазарна економија во моментов. Најниските оценки се забележани во делот на конкурентноста, отпорноста и доброто владеење, што  укажува, меѓу другото, на потребата од подлабоки реформи за зајакнување на продуктивноста, унапредување на вештините, зголемување на учеството во глобалните синџири на вредности и подобрување на деловното окружување, особено за малите и средните претпријатија. Од друга страна, нашата земја има прилично висока оценка во делот на интеграцијата, што ја одразува високата отвореност за трговија (130% од БДП) и инвестиции и релативно повисоко ниво на ИКТ-инфраструктурата. Во однос на продуктивноста, како клучен столб на долгорочниот раст, јазот сè уште е голем, при што нашата продуктивност е околу половина од просекот на ЕУ“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Таа, исто така, дополни дека структурните реформи се континуиран процес. Како пример за структурни промени кај нас таа го посочи влезот на странските компании во слободните економски зони, коишто одиграа позитивна улога во привлекувањето странски компании, создавањето работни места и зголемувањето на продуктивноста во македонската економија. Компаниите во зоните привлекоа над 1 милијарда евра директни странски инвестиции во последната деценија, што претставува околу 50% од вкупниот извоз и се едни од најпродуктивните компании во земјата. Зголемувањето на продуктивноста бара и поттикнување на дигитализацијата и иновациите. Имено, индексот за дигитализација на ЕБОР покажува дека остварувањето на нашата земја е 59% во делот на дигиталните предуслови и 48% во делот на фактичката употреба на дигиталните технологии, резултати коишто, иако се блиску до регионалниот просек, сè уште се далеку од границата од 100. „Пристапот до финансирање, исто така, е значаен фактор на поддршка, и во овој контекст важно е да се нагласи солидната кредитна поддршка на компаниите, за што придонес имаат и мерките на нашата политика насочени кон зајакнување на отпорноста и стабилноста на банкарскиот систем“, истакна Ангеловска-Бежоска.

„Северна Македонија направи импресивни чекори во својата зелена транзиција, развојот на инфраструктурата и унапредување на пристапот до финансии за деловните субјекти и поединците. Овие достигнувања ја одразуваат силата на нашите партнерства со локалните чинители, донаторите и приватниот сектор. Ново усвоената Стратегија на ЕБОР за земјата за 2025 – 2030 година се темели врз овој напредок, со јасни приоритети околу регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и поттикнувањето на поконкурентна и инклузивна економија. Како што е наведено во Извештајот за транзиција на ЕБОР за 2024 -2025 година, „Управување наиндустриската политика“, индустриската политика може да одигра клучна улога во обликувањето на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. Нашето инвестирање во Северна Македонија е насочено кон создавање значајни можности што ќе ги охрабрат граѓаните да ја градат својата иднина дома – поддржувајќи инклузивен раст и помагајќи во справувањето со демографските предизвици. Оптимист сум за патот што претстои и посветен сум на остварување на уште поголемо влијание во наредните години“, истакна Туркменоглу, шефотна Канцеларијата на ЕБОР во земјава.

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе исплати 211,3 милиони денари дивиденда на акционерите

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје планира да исплати дивиденда на своите акционери од акумулираната добивка за 2025 година, во вкупен бруто-износ од 211,3 милиони денари, покажуваат предлог-одлуките за претстојното Собрание на акционери.

Според предлог-одлуката, акумулираната добивка на Банката за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, во износ од 211.296.969 денари, ќе биде употребена за исплата на дивиденда.

Предложената дивиденда изнесува 387 денари бруто по акција, односно околу 6,3 евра по акција.

Од бруто-износот на дивидендата, при исплатата на физички лица резиденти и нерезиденти, Банката ќе го задржи и уплати персоналниот данок на доход. Кај правните лица нерезиденти ќе биде задржан и уплатен данок по задршка, согласно важечката регулатива.

Право на дивиденда ќе имаат акционерите кои се регистрирани во акционерската книга на УНИ Банка на 9 октомври 2026 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 7 октомври 2026 година, додека прв ден на тргување со акциите без право на дивиденда е 8 октомври 2026 година.

Исплатата на дивидендата е предвидено да започне на 26 октомври 2026 година, при што средствата ќе бидат исплатени во паричен износ на платежните сметки на акционерите.

Предлогот треба да биде разгледан од Собранието на акционери на УНИ Банка, закажано за 24 септември 2026 година.

Со предложената распределба, практично целата акумулирана добивка од 211,3 милиони денари за 2025 година се насочува кон исплата на дивиденда на акционерите.

Продолжи со читање

Банки

Европските банки со историска 2025 година, оптимизмот продолжува и во 2026

Објавено

на

Европските банки ја завршија 2025 година со историски раст на берзите, по повеќе од една деценија послаби резултати, а аналитичарите очекуваат секторот да остане во добра позиција и во 2026 година.

Индексот EURO STOXX Banks до 12 декември 2025 година пораснал за 76 проценти од почетокот на годината, со што бил на пат да го забележи најдобриот годишен резултат досега. Со тоа бил надминат и растот од 74 проценти регистриран во 1997 година.

Растот бил широко распространет низ секторот, при што сите банки вклучени во индексот оствариле позитивен принос. Акциите на Société Générale пораснале за 139 проценти, на Commerzbank за 136 проценти, Banco Santander за 110 проценти, а ABN Amro за 102 проценти.

Силен раст имале и BBVA со 101 процент, CaixaBank со 96 проценти, Deutsche Bank со 92 проценти, Bankinter со 86 проценти и Bank of Ireland со 84 проценти.

Главна поддршка за банкарскиот сектор биле релативно високите каматни стапки, стабилниот економски раст и силните капитални позиции на банките. Европската централна банка во јуни 2025 година го запрела циклусот на намалување на каматите и ја задржала депозитната стапка на два проценти, што им овозможило на банките да ги зачуваат повисоките нето каматни маржи.

Истовремено, економските резултати во Европа биле подобри од претходните очекувања. Германија избегнала подлабока индустриска рецесија, додека јужните европски економии продолжиле да добиваат поддршка од туризмот и инвестициите од фондовите на Европската унија.

Дополнителен фактор биле силните капитални резерви. Повеќето европски банки работеле над регулаторните барања, што им овозможило да исплаќаат повисоки дивиденди, да откупуваат сопствени акции и да распределуваат повеќе капитал кон акционерите.

По силната 2025 година, аналитичарите очекуваат во 2026 година вниманието на инвеститорите постепено да се префрли од каматните стапки кон растот, ефикасноста и способноста на банките да генерираат профит.

Според Goldman Sachs, растот во секторот би можел да биде поддржан од продолжен прилив на депозити и постепено зајакнување на кредитната активност. Банката очекува и двоцифрен раст на заработката по акција во секторот, иако вреднувањата на дел од европските банки и натаму остануваат релативно ниски.

Меѓу акциите за кои Goldman Sachs гледа најголем потенцијал за раст се UBS Group со 34 проценти, UniCredit и Banco BPM со по 29 проценти, Julius Baer со 25 проценти, како и Alpha Bank и KBC Group со по 21 процент потенцијален раст.

По рекордната 2025 година, европскиот банкарски сектор влегува во 2026 година со поинакви очекувања од инвеститорите. Наместо само како сектор кој закрепнува по долг период на ниски каматни стапки, банките сè повеќе ќе се оценуваат според нивниот раст, оперативната ефикасност и начинот на управување со капиталот.

Извор: Finance Yahoo

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange