Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка со стабилен раст и добивка од 145 милиони денари во првиот квартал од 2025 година

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИБанка) го заокружи првиот квартал од 2025 година со позитивни финансиски резултати, потврдувајќи го стабилниот тренд на раст и успешна реализација на планираните банкарски активности.

Во периодот јануари–март 2025 година, Банката оствари вкупни приходи од 595 милиони денари, што претставува зголемување од 3,1% во однос на истиот период од 2024 година. Нето-добивката на Банката за овој квартал изнесува 145 милиони денари, при што приходите од камати остануваат најзначаен извор на приходи, со учество од 65,6% во структурата. Каматните приходи се зголемени за 3% споредбено со претходната година, а најголем дел од нив произлегуваат од кредитирањето на секторот население, што укажува на зголемената ориентација на Банката кон поддршка на домаќинствата.

Од друга страна, вкупните расходи се намалени за 8,4% и изнесуваат 450 милиони денари, главно поради пониски издвоени средства за зајакнување на кредитните резервации, што дополнително придонесува за подобрување на финансискиот резултат.

УНИБанка и понатаму останува целосно посветена на подобрување на корисничкото искуство преку дигитализација и развој на иновативни банкарски производи. Дигиталните решенија обезбедуваат побрз, полесен и побезбеден пристап до банкарските услуги, што истовремено води и кон зголемена ефикасност во работењето на Банката.

Иако надворешните економски услови се и натаму обременети со геополитички ризици и неизвесности – особено поради тековните воени конфликти кои влијаат на глобалните енергетски и прехранбени пазари – УНИБанка останува фокусирана на одржување на својата ликвидна и солвентна позиција, како и на континуирана поддршка на клиентите и заштита на интересите на сите засегнати страни.

Во однос на сметководствените политики и методологии за вреднување, во првиот квартал од 2025 година не се евидентирани промени.

Со стабилен финансиски резултат и стратегиска ориентација кон иновации и дигитален развој, УНИБанка ги поставува темелите за понатамошен одржлив раст и сигурна поддршка на реалниот сектор и домаќинствата.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во 2025 година окружувањето во коешто делуваше банката, се одликуваше со постепена стабилизација на ценовниот раст и поволен девизен пазар, но и понатаму постојат ризици и неизвесност, главно поврзани со надворешното окружување. Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст.

Очекувано и во текот на првиот квартал од 2025 година, Банката ја оставруваше својата деловна активност во променливи макроекономски услови и ги преземе сите неопходни мерки и активности за прилагодување на своето работење, пред се водејќи сметка за одржување на квалитетот на кредитното портфолио и изнаоѓање на флексибилни решенија согласно потребите и барањата на клиентите.

Заклучно со првиот квартал од 2025 година, нето активата на банката е над планираната.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 31.03.2025 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори од финансискиот сектор за 16,2%, како и повеќе привлечени извори на средства, по основ на кредитни линии, кои значително ги надминуваат планираните.

УНИБанка има за цел во текот на 2025 година да го зголеми бројот на дигитални корисници и клиенти, кои во пракса ќе ги почувствуваат ефектите од намалувањето на трошоците во нивното работење. Се планира да се воведат нови иновативни мобилни банкарски решенија со кои уште повеќе ќе се овозможи персонализирано корисничко искуство и поголемо задоволство при реализацијата на банкарските операции.

Стратегијата на УНИБанка за 2025 година ќе биде фокусирана на неколку клучни цели, а тоа е продолжување на растот на активата и на пазарниот дел, со повисоко ниво на ризик во портфолиото и повисоко ниво на РОЕ.

Воедно, поттикнувањето на позитивни промени во локалната заедница, грижата за животната средина, поддршката на спортот и културата, поттикнувањето солидарност, инклузија и во 2025 година ќе бидат високо на листата на  приоритети на банката.

Банки

Ендру Бејли: Довербата во вредноста на парите е основата на централното банкарство

Објавено

на

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на довербата, стабилноста и вредноста на парите, особено во време на зголемена неизвесност и економски шокови, оценува Ендру Бејли, гувернер на Банката на Англија, во интервју по повод 80 години централно банкарство во Република Северна Македонија.

Бејли упати честитки до Народната банка по повод јубилејот, нагласувајќи дека ваквите годишнини се потсетник дека централното банкарство се темели врз јавната доверба, која се гради со текот на времето, а најчесто се тестира во најтешките моменти.

Според него, суштинската улога на една централна банка е да ја зачува вредноста на парите. Граѓаните, како што посочува, треба да имаат уверување дека парите ќе ја задржат својата вредност и дека ќе можат безбедно и ефикасно да ги користат во секојдневните трансакции.

„Ова сидро, вредноста на парите, на најсоодветен начин објаснува зошто е толку важна независноста на централното банкарство и зошто таа мора да се заштити“, вели Бејли.

Тој објаснува дека одлуките на централните банки директно влијаат врз финансиските одлуки на домаќинствата и компаниите. Каматните стапки што ги одредуваат централните банки постепено се пренесуваат врз производите што комерцијалните банки им ги нудат на граѓаните и бизнисите. Тоа се одразува врз хипотеките, приходите од заштедите, трошоците за финансирање на компаниите, како и врз нивните одлуки за инвестирање, вработување и одредување на цените.

Бејли нагласува дека финансиската стабилност е подеднакво важна за економијата, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се очекува одржлив раст. Недостигот на стабилност, како што посочува, може да ја намали достапноста на финансирање за домаќинствата и компаниите и да ја разниша довербата во депозитните институции.

Во интервјуто, гувернерот на Банката на Англија се осврнува и на последната инфлациска епизода во Обединетото Кралство, која, според него, во најголема мера била последица на големи надворешни шокови поврзани со енергијата и синџирите на снабдување.

Тој посочува дека непосредните ефекти од ваквите шокови најмногу се чувствуваат кај основните трошоци на домаќинствата, како храната и горивата, но ризиците стануваат поголеми кога повисоките трошоци почнуваат да се пренесуваат и врз другите цени и платите.

Главниот фокус на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија, како што истакнува Бејли, бил спречување на секундарните ефекти и зачувување на инфлациските очекувања. Тоа, според него, бара одлуки засновани врз широк обем на податоци, јасна комуникација и анализа на различни сценарија и ризици.

Бејли оценува дека централните банки научиле многу од последните кризи, но дека подготвеноста за понестабилен свет зависи од постојано подобрување на анализите, преиспитување на сценаријата и одржување на довербата и легитимноста на институциите.

„Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање врз доверба во вредноста на парите и во институциите задолжени за нејзиното зачувување“, порачува гувернерот на Банката на Англија.

Продолжи со читање

Банки

Алта банка со совет до граѓаните: Водете евиденција на месечните трошоци

Објавено

на

Алта банка ги советува граѓаните редовно да водат евиденција на своите месечни трошоци, како едноставен, но важен чекор кон подобро управување со личните финансии.

Од банката порачуваат дека кога луѓето знаат каде и на што ги трошат парите, полесно можат да штедат, да планираат и да носат подобри финансиски одлуки.

„Малата контрола денес носи поголема сигурност утре“, посочуваат од Алта банка, нагласувајќи ја важноста на навременото следење на трошоците и одговорниот однос кон парите.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка викендов овозможува подигнување готовина од АТМ без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави промотивна можност за своите корисници на кредитни картички, со која викендов ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на банката без провизија.

Понудата важи за корисниците на VISA и MasterCard кредитни картички издадени од Стопанска банка. Од банката информираат дека промоцијата е достапна само во текот на овој викенд и важи исклучиво за подигнување готовина од АТМ на Стопанска банка.

Промотивната акција се реализира под мотото „Промо кеш викенд“.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange