Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка а.д. Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.

Дирекцијата за човечки ресурси за потребите на Секторот за физички лица и микро
клиенти, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место Референт за работа со благајна во експозитура,

Експозитура Велес

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Факултетско образование,
  • Најмалку 2 (две) години работно искуство,
  • Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office),

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место

  • Работливост,
  • Доверливост,
  • Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
  • Toчност,
  • Комуникативност,
  • Креативност,
  • Добри организациски вештини,
  • Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
  • Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  • Одговорен за севкупно сервисирање на клиентите физички лица во делот на платни трансакции, уплати, исплати, безготовински преноси од трансакциски сметки, менувачко работење и брз трансфер на пари;
  • Одговорен за севкупно сервисирање на клиентите правни лица во рамките на денарскиот безготовински платен промет, и иницирање на трансакции во платниот промет со странство;
  • Одговорен за Девизен платен промет со физички и правни лица во согласност со процедурите и упатствата за работа и иницирање на трансакции во платниот промет со странство;
  • Одговорен за Придржување до политиките и процедурите на Банката во делот за благајничкото работење;
  • Одговорен за Комплетност на документацијата за благајна, денарски и девизен платен промет, АТМ, брз трансфер на пари;
  • Одговорен за Готовински уплати и исплати на физички лица на /од денарски и девизни трансакциски сметки во банката;
  • Одговорен за Уплати од физички лица за сите видови кредити, кредитни картички;
  • Одговорен за Менувачко работење;
  • Одговорен за Уплати на физички лица на сметки за режиски трошоци (струја, вода, парно, телефон) како и останати уплати кон екстерни сметки;
  • Одговорен за Денарско и девизно орочување, штедни влогови за физички лица;
  • Одговорен за Брз трансфер на пари;
  • Одговорен за Продажба на меници;
  • Одговорен за да води контрола на средствата кои ги прима во благајна и евентуалните неслагања или фалсификати да ги пријави кај својот претпоставен;
  • Одговорен за да се придржува до одредениот блајгајнички максимум, а потребата од средства или вишок на средства да го пријави кај својот претпоставен заради навремено снабдување или пренос на готовина на трезорот или АТМ;
  • Одговорен за ракување на АТМ, полнење и негово администрирање;
  • Одговорен за Отворање на денарски и девизни сметки за физички лица;
  • Одговорен за Отварање, снимање и издавање на дебитни платежни картички;
  • Одговорен за архивирање на документација за трансакциски сметки и дебитни картички за физички лица на ниво на организациониот дел во кој работи;
  • Одговорен за водење регистар за менувачко работење;
  • Одговорен да има основно познавање за сите продукти од каталогот на производи на банката заради давање на кратки информации на клиентите,Учествува во остварување на финансискиот план на ниво на експозитура;
  • Одговорен за внес или одобрување барања за сервисот на електронско банкарство во апликацијата ПКИ согласно привилегиите кои се доделени.

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за
работно место на локација Велес, со договор на определено време од 6 месеци, со полно работно време и плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected], со назнака во Subject „За Референт за работа со благајна во експозитура, експозитура Велес“.

Огласот трае се до пополнување на работната позиција.

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.

Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.

Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.

Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Силк Роуд Банка вработува банкарски службеник во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на банкарски службеник во експозитура во Скопје, нудејќи можност за работа во динамична и професионална средина со фокус на личен развој и напредок.

Од банката информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а предност ќе имаат оние со универзитетска диплома. Потребно е и минимум една година работно искуство, по можност во благајничко работење, како и одлично познавање на MS Office алатките и англискиот јазик. Се бара и добро познавање на банкарските производи, развиени комуникациски и организациски вештини, како и прецизност и доверливост во работењето.

Избраниот кандидат ќе работи со готовински и безготовински трансакции, ќе врши менувачки активности и ќе учествува во советување на клиенти и промоција на банкарски производи. Позицијата вклучува и активности поврзани со кредитирање и вкрстена продажба на услуги.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на електронската адреса: [email protected], со назнака „Банкарски службеник во експозитура во Скопје“, најдоцна до 10 мај 2026 година.

Од банката посочуваат дека сите апликации ќе се третираат со строга доверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)

Објавено

на

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.

Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.

Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange