Банки
ПРОМОТИВНА ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТА – потрошувачки кредити од Стопанска банка АД – Скопје со намалени каматни стапки и без трошоци!
Со цел да понуди уште поповолни услови за финансирање на лични потреби, Стопанска банка АД – Скопје ја претставува својата нова промотивна понуда за обезбедени потрошувачки кредити, достапна до крајот на јуни 2025 година.
Во рамките на понудата, за сите апликации примени во периодот од 1 март до 30 април 2025 година, клиентите добиваат:
- Фиксна каматна стапка од 4,70% за првите две години за кредити со вклучено животно осигурување
- Фиксна каматна стапка од 4,90% за првите две години за кредити со осигурување од незгода
- 100% покривање на административните трошоци, нотарските и трошоците за процена
Клучни предности на кредитниот производ:
- Можност за вклучување на животно осигурување или осигурување од незгода, со што клиентите добиваат поповолни услови
- Ко-кредитобаратели можат да бидат и членови на потесното семејство
- Кредитот се одобрува без потреба од меница, жиранти или депозит
- Секој клиент кој ќе одбере кредит со осигурување од незгода добива подарок ваучер за купување на друго осигурување

Детали за кредитот:
- Износ: од 15.000 МКД / 250 ЕУР до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
- Валута: денарски кредит или денарски со девизна клаузула
- Рок на отплата:
- До 60 месеци за износи до 91.500 МКД / 1.500 ЕУР
- До 84 месеци за износи до 300.000 МКД / 5.000 ЕУР
- До 120 месеци за износи до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
- Начин на отплата: преку еднакви месечни ануитети, со можност за траен налог или користење на i-bank дигиталните канали
Со оваа кампања, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш ја потврдува својата заложба да создава вредност за клиентите преку поволни, безбедни и транспарентни кредитни решенија.
Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката или преку официјалната веб-страница: www.stb.com.mk
Банки
ТТК Банка: Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 8 мај 2026 година
ТТК Банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година е извршена на 8 мај 2026 година.
Корисниците кои поседуваат платежни картички, средствата можат да ги користат преку банкоматите и трговската мрежа, додека за клиентите кои не користат картички, исплатата се реализира преку сите отворени филијали и експозитури на Банката.
Од ТТК Банка посочуваат дека исплатата е достапна од денес, согласно утврдениот распоред.
Банки
Халкбанк со пет награди на BalCannes и признание за најдобар огласувач во Македонија
Халкбанк АД Скопје освои пет награди на регионалниот фестивал „BalCannes“, како и признанието „Best Advertiser of Macedonia“, со што уште еднаш ја потврди успешноста на своите креативни и општествено одговорни кампањи.
Најголем успех постигна кампањата „Made in Shade“, која освои три златни и една сребрена награда. Златните признанија беа доделени во категориите „Finance & Insurance“, „Best TV Spot & Film“ и „Environment & Sustainability“, додека сребрената награда беше освоена во категоријата „Best Online Video“.
Дополнително, Халкбанк доби и бронзена награда за проектот „Музички џез во вез ритам“ во категоријата Best Print (Ad, Publication, Poster).
Од банката посочуваат дека овие признанија претставуваат потврда за силата на идеите кои носат јасна порака и оставаат вистинско влијание во јавноста.
Банки
Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2026 ‒ 2028 година пред претставниците на дипломатскиот кор и на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на амбасадите на Германија, Грција, Италија, Јапонија, Кина, Косово, САД, Унгарија, Холандија, Хрватска и Швајцарија, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Европската банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Настанот традиционално се организира по секој циклус макроекономски проекции на Народната банка.
Во презентацијата беше наведено дека домашната инфлација ќе бележи натамошна постепена стабилизација, но побавна, имајќи ги предвид понеповолните надворешни услови и растот на светските цени на енергентите и храната. Според најновите проекции, во 2026 година, просечната инфлација ќе изнесува 4%, а потоа ќе забави сведувајќи се на 3% во 2027 година и на 2% на среден рок. Притоа, беше истакнато дека Народната банка продолжува со претпазливо водење на монетарната политика. Воедно, Народната банка и во иднина ќе биде подготвена за соодветна реакција доколку се зголемат инфлациските притисоци или притисоците на девизниот пазар.

Во рамките на пролетниот циклус проекции, растот на економијата е проектиран на 3,5% за 2026 година, со забрзување во 2027 година кога би достигнал 3,8% и 4% во 2028 година. И натаму се очекува дека инвестициите ќе бидат главниот двигател на растот, со поддршка и од кредитната активност. Во однос на надворешната позиција, за 2026 година се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе достигне 5,7% од БДП, главно поради повисоките трошоци за увоз на енергија, додека на среден рок се очекува негово постепено намалување. Истовремено, се очекуваат солидни приливи во финансиската сметка, што ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута.
Беше посочено и дека банкарскиот систем и натаму е стабилен, при солидна кредитна и депозитна активност. Во светското окружување сѐ уште владее висока неизвесност и ризици, поради што Народната банка внимателно ќе ги следи движењата и ќе реагира соодветно, во согласност со својата основна цел ‒ одржување на ценовната и финансиската стабилност.
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење



