Банки
Стопанска банка АД – Скопје на Саемот на кариера во Американ Колеџ: Поддршка за иднината на младите финансиски професионалци
На Саемот на кариера организиран од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Стопанска банка АД – Скопје активно зема учество со претставници од Секторот за човечки ресурси и кадри. Преку директна комуникација со студентите, беше презентирана палетата на можности што Банката ги нуди за младите, со акцент на платената студентска пракса и можностите за вработување по завршување на студиите.
Посетителите имаа можност да се информираат од прва рака за организациската култура на Стопанска банка АД – Скопје, условите за развој на кариера, како и за практичната поддршка што Банката ја нуди за младите што сакаат да започнат професионален пат во финансискиот сектор.

Дополнително, беше претставен и специјализираниот ТОПСИ пакет – пакет од банкарски услуги дизајниран токму за потребите на студентите и младите лица на возраст до 28 години. Овој пакет вклучува погодности како што се бесплатна картичка, трансакциска сметка и 24/7 online пристап, но и други алатки за полесно и поефикасно управување со личните финансии.
Присуството на Стопанска банка АД – Скопје на вакви настани претставува дел од нејзината долгорочна стратегија за инвестирање во младиот кадар и градење мост помеѓу академската заедница и бизнис секторот.

Со посветеност кон континуирана поддршка на едукацијата и вработувањето на млади професионалци, Стопанска банка АД – Скопје останува отворена за нови перспективи и активно придонесува кон развој на иднината на банкарството во земјата.
Банки
АЛТА Банка промовира детско денарско штедење за сигурна иднина на најмладите
АЛТА Банка ги повикува родителите навреме да започнат со создавање финансиска сигурност за своите деца преку производот за детско денарско штедење.
Од банката посочуваат дека штедењето уште од најрана возраст претставува важен чекор кон градење здрави финансиски навики и обезбедување средства за идните потреби и планови на децата.
„Секој голем сон започнува со мала заштеда“, порачуваат од АЛТА Банка, нагласувајќи дека производот овозможува постепено и континуирано штедење, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.
Детското денарско штедење е наменето за родители кои сакаат чекор по чекор да создаваат финансиска основа за образованието, развојот и иднината на своите деца.
Повеќе информации за условите и можностите за штедење се достапни на веб-страницата на банката.
Банки
Комерцијална банка потсетува: Охридско лето 66 години ја испишува културната историја на Македонија
Фестивалот „Охридско лето“ веќе 66 години претставува еден од најзначајните културни настани во Македонија, обединувајќи врвни музички и театарски уметници на сцените во Охрид.
По повод долгогодишната традиција на фестивалот, Комерцијална банка потсети на неколку значајни моменти од неговата историја. Приказната започнува во 1961 година, кога во црквата „Света Софија“ настапила оперската дива Ана Липша-Тофовиќ, придружувана од пијано донесено специјално за таа вечер, прво од ваков вид во Охрид.
Со текот на годините, „Охридско лето“ од фестивал посветен на музичката уметност прераснало и во реномирана театарска сцена, привлекувајќи домашни и странски уметници и публика.

Секое свечено отворање на фестивалот започнува со химната компонирана од македонскиот композитор Томислав Зографски, а од 1994 година манифестацијата е дел од европското семејство на најзначајни културни фестивали.
Од Комерцијална банка, која со години е поддржувач на фестивалот, истакнуваат дека „Охридско лето“ не е само календарски настан, туку културно наследство и значаен промотор на македонската култура пред светската јавност.
Благодарение на својата традиција, уметничка вредност и меѓународен углед, фестивалот продолжува да го потврдува местото на Охрид меѓу препознатливите светски културни дестинации.
Банки
Халкбанк овозможува пристап до Истанбулската берза за домашните инвеститори
Халкбанк АД Скопје најави нова можност за своите клиенти, овозможувајќи им пристап до тргување на Истанбулската берза, една од најголемите и најдинамични пазари на капитал во регионот.
Од банката посочуваат дека преку оваа услуга инвеститорите ќе можат да го прошират своето портфолио и да вложуваат во компании од различни индустрии, со што ќе ја зголемат диверзификацијата на своите инвестиции.
„Нов пазар. Нови можности. Твојот следен паметен инвестициски потег е тука“, порачаа од Халкбанк, нагласувајќи дека клиентите ќе добијат поддршка од тимот за брокерски услуги за полесен и побезбеден пристап до турскиот пазар на капитал.
Според банката, новата понуда им овозможува на инвеститорите да излезат надвор од домашниот пазар и да ги искористат можностите што ги нуди една од водечките берзи во регионот.
За повеќе информации заинтересираните можат да се обратат до брокерскиот тим на Халкбанк преку телефонските броеви 02/3 285 628, 02/3 285 728 и 02/3 285 450 или на електронската адреса [email protected].
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


