Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка покажува како се гради тимскиот дух – со чаша смути и добра атмосфера!

Објавено

на

Вработените во НЛБ Банка вчера го започнаа работниот ден со здрав појадок и позитивна енергија, во рамки на иницијатива за промоција на здрави навики и зајакнување на тимската култура.

Пред влезот на Дирекцијата, банкарите имаа можност за неформална дружба со колегите, каде беа послужени со над 660 здрави оброци подготвени од тимот на „Номад“. Поделените оброци вклучуваа 100 чиа појадоци, 430 смутиња и 130 кафиња, внимателно избрани за да обезбедат енергија и фокус за успешен работен ден.

Настанот беше организиран како дел од континуираните напори на НЛБ Банка за унапредување на добросостојбата на вработените и создавање позитивна и мотивирачка работна атмосфера.

„Со вакви иницијативи создаваме моменти на поврзување, поддршка и заедничка насмевка – вредности кои се дел од нашата корпоративна култура“, велат од НЛБ Банка.

НЛБ Банка најавува дека ќе продолжи со слични активности насочени кон унапредување на здравјето, благосостојбата и тимскиот дух меѓу своите вработени.

Банки

Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал

Објавено

на

УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.

Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.

Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.

Продолжи со читање

Анализи

Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите

Објавено

на

Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.

Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.

Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.

Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со нова инвестиција од 40 милиони евра го зајакнува капиталот во Македонија

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар.

Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра.

Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната поддршка од матичната банка, која и во изминатите години инвестираше во развојот и капиталното јакнење на Халкбанк во земјава.

Новата докапитализација, според Банката, ќе овозможи поголем кредитен потенцијал, поддршка за компаниите и граѓаните, како и натамошни вложувања во дигитални и финтек решенија.

„Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок“, велат од Банката.

Оттаму додаваат дека со засилен капитал и стабилна актива, Банката ќе продолжи да финансира развојни проекти и да обезбедува поддршка за домашната економија во услови на глобални економски предизвици.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange