Банки
НЛБ Банка овозможува онлајн ажуирирање на личните податоци
НЛБ Банка овозможува онлајн ажурирање на сите лични податоци преку веб
страницата на Банката. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од
посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална
заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн
ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на
клиентот преку мобилната апликација OneID на КИБС.
За да изврши ажурирање на личните податоци со електронски идентитет, клиентот најнапред треба ја преземе мобилната апликација OneID и да креира свој профил за истата. Понатаму, преку веб страницата на Банката, клиентот ќе може да започне процес за ажурирање на податоците со внес на корисничко име и лозинка за најава, и потврда на својот дигитален идентитет во ОneID мобилната апликација. Онлајн ажурирањето на личните податоци е брза и едноставна постапка која може да се заврши за само неколку минути. (видео упатство за онлајн ажурирање на лични податоци)
„Како Банка, ние сме силно посветени на дигиталната трансформација и интензивно работиме на дигитализација на сите наши услуги, сè со цел на нашите клиенти да им овозможиме флексибилни и достапни банкарски решенија кои го адресираат, денес можеби за сите најважниот ресурс, времето. Истовремено, продолжуваме да ја нудиме услугата и во нашата мрежа на експозитури, почитувајќи го изборот и префенците на клиентите“, истакнуваат од НЛБ Банка.
Клиентите на НЛБ Банка со важечки документ за идентификација и досега можеа да ажурираат лични податоци брзо и безбедно преку апликацијата за мобилно банкарство, но по промена на документ за лична идентификација потребна беше посета на експозитура. Оваа дополнителна услуга значително ја олеснува постапката за ажурирање на сите лични податоци, овозможувајќи целосно дигитален процес од едно место – веб страницата на Банката, во кое било време и од кое било место.
Банки
Девизните резерви достигнаа 5,21 милијарди евра на крајот од мај
Девизните резерви на државата на крајот од мај 2026 година изнесувале 5,21 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Според структурата на резервите, најголем удел имаат вложувањата во хартии од вредност, кои сочинуваат 68,5 проценти од вкупните девизни резерви. Монетарното злато учествува со 16,6 проценти, додека валутите и депозитите имаат удел од 14,9 проценти.
Девизните резерви претставуваат важен показател за финансиската стабилност на земјата и нејзината способност да одговори на надворешни економски предизвици.
Банки
Унапредувањето на институционалната соработка во фокусот на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега.
За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на засилена неизвесност во меѓународното окружување. Воедно, беа споделени искуства поврзани со спроведувањето на монетарната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.
Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.
Исто така, соговорниците се осврнаа на можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, како и јакнењето на институционалните капацитети преку размена на знаења, експертиза и добри практики.
Славески и Гонгшенгсе согласија дека постои потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.
Банки
Стопанска банка ги поттикнува учениците со одличен успех да штедат преку „Пчелка депозит“
Со почетокот на летниот распуст, Стопанска банка ги повика учениците и нивните родители да го искористат периодот за одмор, но и за создавање навики за штедење.
Од банката порачуваат дека свидетелствата исполнети со петки се добра можност за дополнување на „Пчелка депозитот“, штеден производ наменет за најмладите.
„Распустот е идеално време за освежување и полнење на батериите. А свидетелствата полни петки се добра прилика да го наполните и Пчелка депозитот“, велат од Стопанска банка.
Преку овој производ, банката има за цел да ги поттикне децата и младите уште од најрана возраст да развиваат навики за штедење и одговорно управување со финансиските средства.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата


