Connect with us
no baners

Останато

НОВА МОЖНОСТ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Државата се задолжи за 62,9 милиони евра преку две обврзници со рок на доспевање од три години

Објавено

на

Од денес на Македонска берза ќе може да се инвестира во две нови државни обврзници со рок на доспевање од три години и со вкупна вредност од 62,9 милиони евра. 

Обврзниците се котирани на сегментот за тргување со државни обврзници на Македонската берза за хартии од вредност. Купувачи на обврзниците, во најголема мерка, се домашните деловни банки за нив или за нивни клиенти како и инвестициски фондови.

Првата обврзница е на значајно помал износ од втората. Станува збор за задолжување од 10,9 милиони евра на период од три години. Обврзницата на купувачот му носи годишен принос односно камата од 3,65% и доспева на 17 февруари 2028 година.

Втората обврзница е со рок на доспевање од три години и доспева исто на 17 февруари 2028 година. Вредноста на позајмицата што државата ја доби од своите домашни кредитори изнесува 52,02 милиони евра. Годишната камата е 3,9 проценти.

Вкупно за двете обврзници, државата по три години од сега ќе треба да врати 69,14 милиони евра на сега веќе позајмените 62,9 милиони евра, односно ќе плати 6,2 милиони евра камата.

Останато

Димитриеска Кочоска: Баланс меѓу штедење и раст – клучен предизвик за фискалната политика

Објавено

на

Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со предизвик да го усогласи намалувањето на буџетскиот дефицит со потребата од економски раст, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Говорејќи на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, организирана од Фискален совет во Македонска академија на науките и уметностите, таа нагласи дека за стабилна економска политика се неопходни внимателно управување, силни институции и доследно почитување на фискалните правила.

Во пресрет на новата Фискална стратегија за периодот 2027–2031 година, министерката истакна дека документот има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален курс, без да се нарушат економската активност и социјалната сигурност.

Според проекциите, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува – од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти во 2028 година, а потоа на 2,8 проценти во 2029 година, ниво кое ќе се задржи до 2031 година.

Димитриеска Кочоска посочи дека Владата ќе спроведува мерки и на приходната и на расходната страна, со фокус на подобрување на наплатата, намалување на сивата економија и рационализација на трошоците. Паралелно, ќе се работи на поголема транспарентност, подобра контрола на јавните набавки и приоритизација на капиталните инвестиции.

Таа нагласи дека фискалните правила се клучен инструмент за одржување стабилност и доверба во економијата, а улогата на Фискалниот совет е значајна за следење на ризиците и зајакнување на фискалната дисциплина.

Во рамки на расправата беа отворени и теми поврзани со ефикасноста на јавната потрошувачка, одржливоста на јавниот долг и влијанието на фискалните правила врз економските резултати.

Продолжи со читање

Останато

Маск тврди дека парите наскоро ќе го изгубат значењето

Објавено

на

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, смета дека штедењето за пензија наскоро ќе стане бесмислено, бидејќи со развојот на вештачката интелигенција ќе настане општо изобилство.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX важи за голем оптимист кога станува збор за вештачката интелигенција. Според него, луѓето не треба да се оптоваруваат со создавање заштеди за далечната иднина, што е спротивно на советите на многу финансиски експерти.

„Не грижете се за оставање пари на страна за пензија за 10 или 20 години. Тоа нема да биде важно“, изјави Маск во подкастот Moonshots with Peter Diamandis.

Неговиот контроверзен став произлегува од визијата за свет трансформиран од брзиот напредок на вештачката интелигенција, роботиката и енергетиката. Маск очекува дека до 2030 година вештачката интелигенција ќе ја надмине интелигенцијата на сите луѓе заедно, а бројот на хуманоидни роботи ќе го надмине бројот на луѓе на Земјата. Според него, AI ќе ги замени луѓето во традиционалните професии, особено во канцелариските и интелектуалните занимања.

„Сè освен физичкото обликување на атомите, вештачката интелигенција веројатно веќе може да го извршува – половина или повеќе од половина од работните места. Таквиот напредок може да доведе до огромно зголемување на продуктивноста, далеку над она што луѓето можат да го замислат како изобилство“, оцени Маск.

Според неговите зборови, наместо универзален основен доход, иднината би можела да донесе систем во кој „секој може да има што и да посака“. Во такви околности, платата, штедењето и животниот стандард нема да имаат исто значење како денес.

Тој истакна дека во следните пет години, благодарение на вештачката интелигенција, дури и луѓето без заштеди би можеле да имаат здравствена грижа подобра од сегашната. Исто така, можно е да исчезнат ограничувањата во достапноста на производи, услуги и образование.

Ставовите на Маск се надоврзуваат на неговите претходни проценки дека во наредните 10 до 20 години вештачката интелигенција и хуманоидните роботи ќе извршуваат поголем дел од работата, поради што верува дека парите би можеле да станат небитни.

Во таков свет, работата би станала прашање на личен избор и слободно време, слично како денешното занимавање со спорт или играње видео-игри.

„Ако сакате да работите, тоа е исто како кога можете да отидете во продавница и да купите зеленчук или да го одгледувате во сопствената градина. Потешко е да го одгледувате сами, но некои луѓе го прават тоа затоа што уживаат во тоа“, изјави Маск на Американско-саудискиот инвестициски форум.

Сепак, тој предупредува и на можните негативни последици од општество во кое луѓето нема да мора да заработуваат за живот. Како што посочи, таквата реалност може да доведе до длабока криза на смислата, пренесува Fortune.

Извор: Bankar.me

Продолжи со читање

Останато

Северна Македонија ќе понуди државни хартии од вредност во износ од околу 31 милион евра на 5 мај

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 5 мај ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупен износ од 1,9 милијарди денари, што е приближно 31 милион евра, покажуваат податоци на Народната банка.

Станува збор за редовна аукција на државни записи и обврзници, преку која државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби.

Интересот за ваквите инструменти традиционално доаѓа од домашни институционални инвеститори, како банки, пензиски и инвестициски фондови, кои ги користат како сигурна форма на вложување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange