Банки
Годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 11,3 на вкупната кредитна поддршка
Во јануари, вкупните депозити бележат месечен пад од 1,3%, во целост како резултат на намалените депозити на корпоративниот сектор, додека депозитите на секторот домаќинства се зголемуваат. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11 проценти, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот домаќинства, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.
Вкупните кредити, во јануари, се намалени за 0,1% на месечна основа, како резултат на падот на кредитирањето на корпоративниот сектор, при раст на кредитите на домаќинствата. На годишна основа е забележан раст од 11,3%, којшто се должи на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Депозити и кредити на корпоративниот сектор
Во јануари, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат пад од 5,0% на месечна основа. Надолната промена произлегува од падот на депозитните пари, како и од падот на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на раст на долгорочните и на краткорочните депозити во денари. На годишна основа, остварен е раст од 5,7%, којшто се должи на растот на депозитите на сите компоненти, со поголем придонес на краткорочните и на долгорочните депозити во денари, при раст и на краткорочните и на долгорочните депозити во странска валута и на депозитните пари.

Овој месец, кај кредитите на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,4% на месечно ниво, како резултат на падот на кредитите во денари, додека кредитите во странска валута бележат раст. Кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 14,2% на годишно ниво, во целост поради зголеменото кредитирање во денари.
Депозити и кредити на домаќинствата
Во јануари, вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечно зголемување за 0,2%. Притоа, промената се должи на растот на долгорочните и на краткорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на пад на депозитните пари. Годишниот раст изнесува 14,2% и произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.
Кредитите на домаќинствата бележат месечен и годишен раст за 0,2% и 8,8%, соодветно, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.
Во јануари, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, при годишен раст од 8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% и 12,7% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%, соодветно. Во јануари, кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа, соодветно.
Банки
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.
Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.
Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.
Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.
Банки
ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници
ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.
Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.
Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво.
Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.
Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.
Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





