Uncategorized
Diners Club – 75 години во светот и 30 години во Македонија!
Во далечната 1949 година, Diners Club ја создаде првата кредитна картичка, отворајќи врата кон револуција во начинот на плаќање ширум светот. Од тогаш до денес, Diners е синоним за иновација, доверба и привилегии.
Како започна приказната?

Идејата за првата кредитна картичка доаѓа од познатиот американски бизнисмен Frank McNamara, кој се нашол во непријатна ситуација – без паричник во ресторан. Оваа случка довела до создавање на првата Diners Club картичка, која набрзо го промени начинот на плаќање засекогаш.
Од скромниот почеток во 1950 година со 14 ресторани и 2 хотели во Њујорк, Diners Club денес е прифатен во над 55 милиони локации во повеќе од 200 држави.

30 години Diners Club во Македонија
Во 1994 година, Diners Club стигна во Македонија како прва кредитна картичка, која им понуди на своите членови поголема финансиска флексибилност. Денес, Diners е прифатен во над 5.000 продажни места и 400 банкомати низ државата, нудејќи уникатни привилегии:
- Плаќање до 24 рати – на многу локации и без камата;
- Ексклузивни попусти и поволности во омилените продавници;
- Одложено плаќање за поголема слобода и удобност;
- Пристап до кеш на банкомати и многу повеќе.
Diners Club е повеќе од само картичка – тоа е членство во клуб кој го прави животот полесен и поубав.

75-годишниот јубилеј на Diners Club International не е само значаен момент за овој бренд, ова е прослава за почетокот на една цела индустрија, создадена да одговори на потребите на потрошувачите.
Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со се поголем мотив за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, секогаш со фокус на обезбедување извонредна услуга за членовите, партнерите и соработниците.
Уживајте во поголема финансиска слобода и флексибилност во плаќањата со Diners Club – придружете се во клубот и аплицирајте денес!
Uncategorized
Капитал банка нуди станбени кредити со фиксна камата од 3,75 проценти
Капитал банка АД Скопје нуди станбени кредити со услови насочени кон полесно решавање на станбеното прашање за граѓаните.
Според информациите, кредитот вклучува фиксна каматна стапка од 3,75 проценти во првите десет години, што овозможува стабилност и предвидливост на месечните обврски. Рокот на отплата може да достигне до 25 години, додека минималното учество за купување ново живеалиште изнесува 10 проценти.
Од банката посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои бараат сигурност и јасни услови при финансирање на својот дом, во услови на променливи пазарни движења.
Дополнителни информации за кредитните услови се достапни во експозитурите на банката и преку нивните контакт канали.
Uncategorized
ЦКБ со умерен раст и зголемена претпазливост оствари добивка од 13,6 милиони денари во 2025 година
Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2025 година со добивка од 13,64 милиони денари, остварена во четвртото тримесечје, во услови на сложено макроекономско опкружување, растечка инфлација и зголемени каматни стапки. Банката работеше во средина на стабилен раст на потрошувачката и инфраструктурни инвестиции, но и под влијание на геополитички ризици и рестриктивна монетарна политика.
Силен раст на билансот и солидна кредитна активност
Во текот на 2025 година, вкупната актива и пасива пораснаа за 17%, со што е остварување од 108% од деловниот план. Кредитите и побарувањата од комитенти бележат раст од 5%, при што планот е исполнет со 97%, а најголем дел од растот произлегува од кредитирање на физички лица.
Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени за 17%, додека вложувањата во хартии од вредност бележат значително повисоко ниво и се 46% над планираното, што укажува на повисока ликвидносна заштита и конзервативен пристап во управувањето со средствата.
Раст на депозитите, но и на каматните расходи
Депозитната база на Банката е зголемена за 20% во однос на крајот на 2024 година и за 10% над планот, како резултат на зголемените каматни стапки на депозитите. Овој тренд директно се одрази и врз трошоците, оттука расходите за камати се повисоки за 15% на годишно ниво и за 9% над планираното.
И покрај тоа, Банката оствари раст на вкупните приходи од камати од 9%, а нето-каматниот приход е зголемен за 6%, што укажува на релативно успешно менаџирање на каматниот маргин во услови на силна конкуренција.
Провизии, трошоци и влијание на МСФИ 16
Приходите од провизии бележат годишен раст од 7%, но остануваат 6% под планот, додека нето-приходите од провизии се зголемени симболично за 1%. Трошоците за вработени се повисоки за 12%, во линија со планираното, а останатите оперативни расходи се зголемени за 8%.
Значителен раст е забележан кај расходите за амортизација (+69%), како резултат на примената на МСФИ 16, што влијаеше и врз растот на недвижностите и опремата од 25% на годишно ниво.
Зголемени резервации и судски ефект
Во текот на 2025 година, Банката издвои 10,67 милиони денари нето резервации за кредитен ризик, што претставува зголемување од 5,21 милиони денари во однос на претходната година. Дополнително, еден судски спор имал материјално значајно негативно влијание врз финансискиот резултат.
Без дивиденда и фокус на стабилност
ЦКБ во 2025 година не исплати дивиденда, задржувајќи конзервативна политика на капитал и ликвидност. Во делот на задолжувањата, Банката користела кредитна линија од Развојната банка на СМ во износ од 27,5 милиони денари.
Очекувања: претпазлив оптимизам и фокус на квалитет
За наредниот период, ЦКБ очекува постепена стабилизација на макроекономските услови и внимателно олеснување на монетарната политика. Банката најавува задржување на високата претпазливост при кредитирањето, фокус на квалитетот на портфолиото, модернизација на технолошката платформа и зајакнување на клиентското искуство.
Uncategorized
Стопанска банка овозможи дигитално ажурирање на лични податоци преку OneID
Стопанска банка АД – Скопје им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат своите лични податоци во Банката лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала.
Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата https://id.stb.com.mk/ и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува едноставен и удобен начин на клиентите да ја исполнат нивната законска обврска за ажурирање на личните податоци.
„Флексибилноста и зголемената достапност на нашите производи и услуги се императив за новите функционалности кои ги развиваме и планираме за претстојниот период“ – истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Повеќе информации за сервисот можете да најдете на следниот линк. Банката подготви и видео упатство за користење на оваа нова услуга.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно




