Connect with us

Банки

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

Објавено

на

ПроКредит Банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна серијалот на работилници за градење вештини за жени претприемачи со темата „Ефикасно одредување цени и прилагодување на цените на производите и услугите“. Настанот, кој се одржа во просториите на банката, беше организиран како дел од програмата „Жени во бизнис“, која има за цел да ги поддржи жените претприемачи во Македонија, не само преку понуда на финансиски услуги, туку и преку едукативни и консултативни активности.

Преку интерактивното предавање на Гојко Вучиниќ, виш финансиски експерт од Frankfurt School of Finance and Management, учесниците се запознаа со практични и корисни совети за управување со цените како еден од клучените фактори за одржливост и конкурентност на бизнисите. Учесничките имаа можност да научат за различни методи на одредување цени, анализа на деловни и ценовни стратегии, како и техники за адаптирање на цените во зависност од пазарните услови.

Дополнително, учесниците имаа можност да слушнат инспиративна претприемничка приказна од Загорка Блажевска, сопственичка на „Вита Нова“, која го сподели својот пат од идеја до успешен бизнис.

„Финансиската едукација е клучен фактор за развојот на претприемачките капацитети на жените во Македонија. Програмата Жени во бизнис и иницијативи како оваа работилница се само дел од палетата нефинансиски услуги кои ги нудиме на нашите клиенти, а  кои  заедно со финансирањето се клучни за градење стабилни и конкурентни бизниси кои ќе го поттикнат економскиот раст“, изјави Ана Николова, Директор на сектор за мали претпријатија во ПроКредит Банка.

Свое обраќање имаше и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР, која ја потенцираше стратешката поддршка која Европската Банка за обнова и развој ја дава на локалната економија преку систематизирани иницијативи за помош на локалните бизниси за дигитализација, инклузија и зелени инвестиции.

Програмата Women in Business нуди целосен пакет на финансиски услуги прилагодени на потребите на жените претприемачи, вклучувајќи олеснет пристап до финансии без потреба од колатерал, консултативна поддршка од личен банкарски советник, комплетни решенија за дигитално банкарство и дополнителни бенефити за бизнисот и вработените. Покрај финансиските услуги, програмата нуди и нефинансиски услуги како едукативни работилници, менторства и настани за вмрежување. Овие активности им овозможуваат на жените претприемачи да се поврзат со истомисленици и да ги прошират своите професионални мрежи.

Семинарот претставува уште еден чекор кон зајакнување на улогата на жените во деловниот свет, а ПроКредит Банка и ЕБОР повторно ја покажаа својата посветеност на создавање на подобри услови за претприемачките во нашата држава.

За повеќе информации за програмата „Жени во бизнис“ посетете ја веб-страницата на ПроКредит Банка.

Банки

Халкбанк ги направи своите услуги достапни и во Пошта

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги проширува своите услуги и ги прави подостапни за граѓаните преку шалтерите на Пошта.

Како што информираат од банката, корисниците во Пошта ќе можат да извршуваат платен промет, да поднесуваат документи за отворање платежна сметка, како и да аплицираат за дебитна картичка.

Дополнително, ќе бидат достапни услуги поврзани со електронското и мобилното банкарство, како и информации за кредитните и депозитните производи на Халкбанк.

Со ова, дел од услугите што досега клиентите ги користеа во експозитурите на Халкбанк ќе можат да ги добијат и преку Пошта, со цел тие да бидат поблиску и полесно достапни за корисниците.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.

Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.

Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.

Продолжи со читање

Банки

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange