Бизнис
Кој е македонскиот биткоин милионер!?
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД го поттикна растот на американските и светските берзи, ја зголеми вредноста на доларот, додека пак криптовалутите растат вртоглаво.
Најпознатата криптовалута, биткоинот, денеска достигна рекордна вредност од над 100.000 долари, достигнувајќи највисоко ниво од 103.225 долари за еден биткоин.
Овој тренд на раст на криптовалутите преку ноќ направи многу луѓе милионери, а таков е случајот и со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Тој во својот анкетен лист поднесен до Државната комисија за спречување на корупција – ДКСК, пријавил дека поседува 10 биткоини, проценети на 600.000 долари во моментот на пријавувањето односно во тој момент еден биткоин вредел 60.000 долари.
Со новата рекордна цена на биткоинот, неговите 10 биткоини сега вредат околу 1.032,225 американски долари, што го прави Пандов нов крипто милионер.
Оваа заработка го става Александар Пандов во редот на најпрофитабилните македонски инвеститори во криптовалути за оваа година.
Бизнис
РКЕ денеска со нова одлука за цените на горивата, владините мерки продолжуваат до 1 јуни
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на горивата, откако Владата ги продолжи мерките што се однесуваат на бензините и дизелот.
На вонредна седница, Владата одлучи мерките да останат во сила до 1 јуни, со образложение дека целта е да се обезбедат постабилни цени и да се ублажи финансискиот притисок врз граѓаните и стопанството.
Со одлуката продолжува примената на намаленото ДДВ за горивата, како и на пониските акцизи за бензинот и дизелот. Од Владата посочуваат дека со овие мерки домашниот пазар треба да остане поконкурентен во однос на земјите од регионот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжувањето на мерките е насочено кон одржување на пониски цени во услови на нестабилности на светските енергетски пазари.
РКЕ вообичаено новите цени на горивата ги соопштува во текот на денот, а тие почнуваат да важат од полноќ.
Бизнис
Гранит АД Скопје ќе гради и реконструира објекти на границата со Србија во проект вреден 6,8 милиони евра
Гранит АД Скопје потпиша договор вреден 6,8 милиони евра со Министерството за транспорт и врски на Северна Македонија за изградба и реконструкција на објекти на граничниот премин со Србија.
Според информациите, договорот предвидува изградба на нов објект и придружни капацитети, како и реконструкција на постојните станици на граничниот премин.
Проектот е дел од активностите за модернизација и подобрување на инфраструктурата на границата меѓу двете земји.
Гранит АД Скопје е една од најголемите градежни компании во земјата, со долгогодишно искуство во реализација на инфраструктурни и градежни проекти.
Бизнис
Европа АД Скопје ќе исплати повисока дивиденда: 50 денари по акција за 2025 година
Европа АД Скопје ќе исплати повисока дивиденда за 2025 година, откако акционерите ја одобрија одлуката за распределба на бруто-дивиденда од 50 денари по акција.
Минатата година компанијата исплати дивиденда од 30 денари по акција, што значи дека годинава износот е значително повисок.
Одлуката била донесена на собранието на акционери на компанијата, а повисоката дивиденда укажува на подобри финансиски резултати и зголемен принос за акционерите.
Европа АД Скопје е една од најпознатите кондиторски компании во Северна Македонија, препознатлива по производството на чоколади, бисквити и други слаткарски производи.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



