Банки
КАПИТАЛ БАНКА СЕ ПРОШИРУВА – Отворена е нова експозитура во Охрид!
Со особена гордост и задоволство, Капитал Банка ги известува своите клиенти дека ја отвори својата 13 експозитура во центарот на Охрид!
На 04.12.2024 година, на ул. Димитар Влахов бр. 20А, се одржа свечено отворање на новата модерна експозитура на Капитал Банка во Охрид.
Свеченото отворање го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов.

„Отварањето на експозитурата во Охрид претставува значаен чекор во нашата мисија да бидеме поблиску до вас и да овозможиме достапност на најквалитетните банкарски услуги во вашето секојдневие. На овој начин продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер за физичките и корпоративни клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија.
Тимот на Капитал банка е тука за да ви ги претстави современите финансиски решенија кои се прилагодени на вашите потреби и цели и можност за запознавање со нашите услуги и најнови производи. Ве покануваме заедно да го одбележиме почетокот на ова ново поглавје“, истакна Димитар Ризов.
Капитал Банка- Ваш сигурен партнер во светот на финансиите.
Банки
АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.
Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.
Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.
Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.
За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.
Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.
Банки
НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци
НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.
Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.
За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.
За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.
Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.
Банки
Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари
Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.
Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.
Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.
Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
