Банки
Корисни совети од Комерцијална банка: За безбедно електронско банкарство не споделувај лични податоци и лозинки!
Комерцијална банка се грижи за своите клиенти и нивните лични финансии и затоа советува: „Личните финансиски податоци треба да ги знаеш само ти и затоа не ги споделувај со никого!“
За безбедно користење електронско банкарство клиентите секогаш треба да ги имаат на ум следниве корисни совети:
- Не споделувај број на сметка или картичка, лозинка, ПИН или CVC код преку телефон, e-mail, Вибер, СМС – банката никогаш нема да ги побара од тебе.
- Користи силна лозинка – која содржи букви, бројки и симболи и менувај ја често.
- Избегнувај јавна Wi-Fi мрежа – користи личен, сигурен интернет за пристап до платежната сметка.
- Биди внимателен со фишинг пораки – измамниците често испраќаат е-пошта или пораки кои изгледаат легитимно, но водат до лажни страници.
- Редовно следи ги трансакциите – често проверувај ги твоите сметки и трансакции.
- Реагирај брзо – ако забележиш сомнителна активност или трансакција, веднаш пријави ја во банката.
- Ажурирај го софтверот – редовно ажурирај ги апликациите за електронско банкарство.
Еден од приоритетите на Комерцијална банката е грижата за своите клиенти и нивните лични податоци. При користење на Интернет банка, клиентите треба внимателно да ги прочитаат сигурносните препораки.
Споделете ја оваа информација на сите на кои мислите дека ќе им користи.
Банки
АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.
Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.
Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.
Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.
За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.
Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.
Банки
НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци
НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.
Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.
За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.
За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.
Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.
Банки
Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари
Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.
Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.
Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.
Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
