Connect with us
no baners

Останато

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари

Објавено

на

no baners

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на држвата е во таа насока, односно  со поголем развој ќе има подобар живот за сите.

„Социјалата не може да се исклучи комплетно.

Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.

Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, ијави министерката Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.

Таа додала дека дел од проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа прзентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4% буџетски дефицит и 3,7% проценти раст на БДП.

„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари, што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, додаде министерката Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска кажа дека се очекува поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10, коишто ќе се реализираат во подолг период од првично планираното за 4 години, што, како што рекла, било поздравено и од страна на ММФ.

Таа посочила дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата навела дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.

Во однос на јавниот долг министерката за финансии посочила дека тој на крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но оти тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

no baners
no baners

Останато

Претставник од УЈП учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 во Скопје

Објавено

на

Претставник од Управата за јавни приходи учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026, кој од 22 до 24 јуни се одржа во Скопје, во организација на Центарот за извонредност на финансиите и Министерството за финансии на Република Словенија.

На форумот се дискутираше за јакнење на институционалната отпорност, дигиталната трансформација, развојот на човечките ресурси и лидерството во јавниот сектор.

Посебен акцент беше ставен на градењето институции подготвени за промени, развојот на современи лидерски и дигитални компетенции, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси, како и поттикнувањето култура на учење, соработка и иновации.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека преку учество на вакви меѓународни настани продолжуваат активно да ги следат современите практики и да придонесуваат кон унапредување на институционалните капацитети и јавната администрација.

Продолжи со читање

Останато

Државата на 7 јули ќе понуди државни записи од 29,2 милиони евра

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата.

Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, преку тендер со износи, при што цената и купонот се однапред утврдени, а примарните дилери конкурираат само со износи.

Според наведениот курс, едно евро изнесува 61,64 денари.

Продолжи со читање

Останато

За вториот пензиски столб во Буџетот се предвидени 19,6 милијарди денари

Објавено

на

За вториот пензиски столб во Буџетот за 2026 година се предвидени 19,6 милијарди денари, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека официјална одлука за пензиски реформи засега нема.

Таа посочи дека Владата не разговарала официјално за конкретни измени, но дека состојбите во пензискиот систем се анализираат. ММФ и Светска банка, како што рече, ќе изработат анализа за пензискиот фонд и ќе достават препораки, но тоа не значи дека тие автоматски ќе бидат прифатени од Владата.

„За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерката рече дека една од можните препораки би можела да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но нагласи дека Владата допрва ќе одлучува по добивањето на анализите. Според неа, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем на долг рок ќе биде демографијата.

Димитриеска-Кочоска лично смета дека старосната граница за пензионирање не треба задолжително да се зголемува, туку треба да се остави можност за избор.

„Треба да останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Секој треба сам да одлучи што ќе прави понатаму“, истакна министерката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange