Connect with us

Останато

Во Загреб денеска ќе се одржи Балкан Економик Форум

Објавено

на

Балкан Економик Форум – БЕФ денеска ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI), кој БЕФ 2024 го именува како свој водечки настан во годината.

Форумот кој, како што се наведува, „своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа“.

По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција Балкан Економик Форум се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб.

Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.

Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија.

На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива, изјавил во пресрет на новото издание претседателот на БЕФ, Сашо Ќосев.

 Од Балкан Економик Форум соопштија дека крајна цел на Здружението за регионален развој е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои што треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од регионот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

Останато

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

Објавено

на

Дигитализацијата на финансискиот сектор е клучен процес за креирање на одржлива платформа за раст, а  развојот и имплементацијата на нови дигитални алатки и иновации ќе продолжи целосно да го менува обликот на финансиските услуги. Мобилните апликации ќе станат главна алатка во финансискиот сектор и во нивен развој треба најмногу да се инвестира, беше констатирано на годинешното издание на „Finance Talks by EOS“. 

Преку дигитални алатки и користење на вештачка интелигенција за 20% се намалиле загубите на финансиските институции. Истовремено за 15% се зголемиле приходите како резултат на дигитални алатки, креирани за персонализиранифинансиски услуги.

Извршната директорка на EOS Матрикс за Македонија и Косово, д-р Катерина Бошевска поттикна дискусија за водечките теми во глобалната финансиска индустрија, поврзани со дигиталната трансформација. 

Сведоци сме на клучни промени во финансискиот сектор, кои се поттикнати од дигитализацијата, употребата на вештачката интелигенција и иновациите. Овие процеси креираат многу нови можности, но истовремено се соочуваме со нови предизвици за чие решавање е важнa соработката помеѓу сите чинители, особено на мал пазар како што е нашиот. Ние мораме да ја спроведуваме дигиталната трансформација на секторот со забрзано темпо, но и да ги оптимизираме трошоците за овој процес согласно можностите на пазарот. Оттука, размената на искуствата и силната соработка ќе биде основа за иден дигитален развој, кој ќе мора да ги задоволи сѐпоголемите очекувања на корисниците“, истакна Бошевска.

На панелот учествуваа Евангелија Калуптси, генерална директорка за трансформација и стратегија и член на Управен одбор на Стопанска банка АД Скопје, Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Дане Крстевски, директор за информатичка технологија во Народна банка на Р.С. Македонија и Владо Митев, главен извршен директор на софтверската компанија IWConnect. 

Во своето излагање Калуптси истакна дека дигитализацијата е трансформативен процес кој ги менува работите од корен. „За овој процес да биде успешен, неминовно е луѓето да се подготват, да бидат информирани и да се вклучат во неговата имплементација, бидејќи без соодветна поддршка од луѓето нема да можеме да ја завршиме трансформацијата до крај“, додаде Калуптси.  

Според податоците, само 6% од луѓето добиле кредит преку он-лајнпроцедура, што е многу малку. Џорџевиќ потенцираше дека треба да се интензивира работата на полето на дигитализација, а тоа, покрај другото, значи  дека треба да го промениме целиот концепт што го познаваме денес. „Тоа е целта и за тоа треба да работиме. Мораме да го промениме начинот на размислување и начинот на делување“, додаде тој. 

Народната банка во поглед на дигитализацијата работи на две нивоа, односно на внатрешна и  надворешна дигитализација. Крстевски истакна дека се работи за софистициран процес за кој се потребнисоодветни човечки ресурси, технологија и инвестиции, што на мал пазар е предизвик. 

Треба да ги симплифицираме процесите и да ги адаптираме на нашиот пазар и потреби, за да инвестираме паметно во тоа што треба. Исто така, важна е соработката помеѓу сите чинители, помеѓу банките и институциите, особено во одредени области како што е електронската сигурност“, истакна Крстевски. 

Митев потенцираше дека процесот на дигитализација е многу егзактна наука од технички аспект, но голем предизвик е едукацијата и создавањето на соодветна култура кај луѓето, за кои се наменети овие услуги. 

Дигитализацијата создаде нови постулати во процесите, а тоа се брзина, сигурност, доверливост и персонализација. Ова се најважните категории, кои понатаму ќе се развиваат согласно барањата на пазарот“, додаде тој. 

Во рамките на „Finance Talks by EOS“ беше констатирано дека скоро 80% од финансиските институции користат вештачка интелигенција за заштита и препознавање на измами и злоупотреби. Безбедноста на системите останува клучен императив во процесот на дигитализација, но мора да продолжат и инвестициите во иновации и развој на пазарот.

Продолжи со читање

Останато

УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange