Connect with us

Банки

Акционерите на Стопанска банка а.д. Битола не ја прифатија понудата на Комерцијална банка

Објавено

на

Неуспешен беше обидот на Комерцијална банка за преземање на Стопанска банка а.д. Битола со оглед на тоа што прагот на успешност не е постигнат. Понудата за преземање беше прифатена од 149 (сто четириесет и девет) сопственици на обични акции со право на глас, кои поседуваат вкупно 176.154 обични акции, односно 45,0548% од сите акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.

Понудата за преземање од Комерцијална банка се однесуваше на сите 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.

Во Понудата за преземање, прагот на успешност, односно најмалата количина обични акции која требаше да биде прифатена за да се смета за успешна понудата за преземање беше определена на 261.956 обични акции со право на глас, што претставува 67% плус 1 акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.

Со оглед на тоа што прагот на успешност не е постигнат, понудата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје се смета за неуспешна. Причина за неуспешност е тоа што не се изјаснија позитивно по однос на понудата на Банката доволен број акционери кои поседуваат обични акции со право на глас, односно во законски утврдениот рок до 22.09.2024 година не дадоа Изјава за прифаќање на понуда за откуп по цена од 3.200 денари по акција.

Комерцијална банка АД Скопје на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола им посакува успех во понатамошното работење со оглед дека од претходно беше објавено дека ова е ќе биде единствена понуда која Банката ќе ја понуди.

Банки

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен

Објавено

на

Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при Европската банкарска унија чија цел е навремено справување со проблемите во работењето на банки, а со тоа и обезбедување финансиска стабилност. На средбата беше истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, како што покажуваат и оцените на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, а стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 19% на крајот на првото полугодие од 2024 година, коешто е највисоко од 2006 година наваму. Повисоките показатели за солвентноста во голема мера произлегуваат од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, што пред сѐ е поврзано со заштитните слоеви на капиталот и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оцена. Имајќи предвид дека Народната банка во неколку наврати ги зголеми барањата за капитал во врска со противцикличниот заштитен слој на капиталот, коишто ќе започнат со примена во наредниот период, се очекува дека солвентноста на банкарскиот систем и натаму ќе се подобрува.

На средбата стана збор и за Законот за решавање банки, со кој на Народната банка ѝ се доверува вршење активности за справување со проблемите во работењето на банки, односно подготвителни активности, започнување на постапката на справување со проблемите во работењето на банки и примена на инструментите и овластувањата за справување со проблемите во работењето на банка. Во тек е изработка на подзаконската регулатива за примена на Законот.

Продолжи со читање

Банки

Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка

Објавено

на

Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура.

По тој повод, Музејот на Народната банка на 28.9.2024 година (сабота) ќе биде отворен за јавноста од 10 до 16 часот.

За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница под наслов „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот.

За повеќе информации за Музејот на Народната банка и како да го посетите, на следнава врска: https://www.nbrm.mk/muzej.nspx

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје со донација за Медицински факултет – врвна технологија за Институтот за патологија

Објавено

на

Со посетата на Медицинскиот факултет, Стопанска банка ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, оваа опрема ќе се користи и во едукациски цели со што високо ќе го профилира Институтот кај идните студенти и специјализанти создавајќи одржливост на професијата на долг рок.

Донацијата е дел од активностите што Банката ги спроведува во годината кога одбележува 80ти јубилеј, оставајќи и понатаму траен белег врз заедницата.

Донацијата, Банката ја надополнува со изградба на современа читална во рамки на Клиничкиот центар која слободно ќе можат да ја користат студентите и специјализантите во текот на студиите.

Г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на одборот на директори на Стопанска банка по повод донацијата на Деканот и претставниците на Институтот на патологија им порача:“За нас е големо задоволство но и гордост што повторно сме тука, на универзитетските клиники и институти, продолжувајќи ја нашата посветеност на здравјето како врвен приоритет за секој човек. Стопанска банка ја посветува донацијата на членовите на факултетот и на студентите, инвестирајќи со тоа и во квалитетот на медицинското образование на долг рок. Веруваме дека новата опрема ќе ги поттикне следните генерации медицински професионалци да се истакнат во нивните студии, во полза на голем број пациенти во иднина. Силниот здравствен систем е столбот на едно просперитетно општество и како значаен член на заедницата, веќе 80 години ја поврзуваме Стопанска банка со континуираното зајакнување на системот, економијата и заедницата.“

Проф. Д-р Светозар Антовиќ, Декан на Медицинскиот факултет во Скопје, заблагодарувајќи се на претставниците од Стопанска банка изјави: „Чест ни е што можеме и како тим да изразиме благодарност до Стопанска банка која ни се обрати за донација и одлучи да ја поддржи дијагностичката дејност на Институтот за патологија со скенерот за патохистолошки микроскопски препарати. Значењето на донацијата е најевидентно преку имплементацијата на дигиталните алатки во полето на патологија, односно преку зголеменото нивото на точност и го побрзото изготвување на патохистолошките наоди, со што се намалува времето на чекање за дијагноза, која што е клучна за третманот на пациентите од сите наши клиники. Дополнително, оваа опрема ни отвора простор и за телепатологија, односно дигитална консултација на далечина со референтни центри за одредени комплексни патолошки случаи, што досега не беше достапно. Како Декан мојата грижа покрај за пациентите на Клиничкиот центар е и за академскиот кадар – професори, студенти и специјализанти па оттука ме радува и фактот што Банката покрај опремата ќе донира и најсовремена читална во средиштето на Центарот наменета за генерации студенти. Своевиден дом надвор од дома неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, со што создаваме одржливост на здравствениот систем.“

Дигиталниот скенер е веќе во функција на Институтот на патологија, а со тоа е спроведена темелна обука за кадарот на Институтот за патологија, со што значително ќе се подобри функционалноста на дијагностиката поврзана со сите Универзитетски клиники.

Продолжи со читање

Популарно