Connect with us
no baners

Банки

„Отвори сметка со насмевка“- ПроКредит Банка воведува комплетно дигитално отворање сметка со електронска идентификација

Објавено

на

ПроКредит Банка направи уште еден чекор во дигитализација на своите процеси со цел на своите клиенти да им понуди уште побрзи, поедноставни и побезбедни услуги.  

Банката воведува нова услуга – отворање на платежна сметка и услуги без потреба од посета на банка, по пат на електронска идентификација и дигитално потпишување на договори преку апликацијата OneID. Ова значи дека секое физичко лице кое за прв пат отвора сметка во банката може тоа да го направи целосно онлајн, од било која локација и во било кое време.

Како пионери во дигитализација во банкарството, остануваме посветени на иновации и континуирано унапредување на услугите и дигиталните решенија, следејќи ја динамиката и потребите на современите клиенти кои ценат едноставни, флексибилни, брзи и безбедни решенија. 

Како одговор на тоа, имплементиравме нова функционалност со која отворањето сметка преку веб-страницата на Банката ќе биде уште полесно и побрзо. Со интегрирање на услугите кои ги нуди OneID мобилната апликација, идентификувањето ќе се спроведува преку шема за електронска идентификација, а потпишувањето договори ќе се спроведува со користење на квалификуван дигитален потпис, обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно искуство.” – велат од ПроКредит Банка. 

OneID е услуга на KIBSTrust која ПроКредит банка ја интегрираше во своите процеси, која гарантира високо ниво на безбедност и заштита на податоците на клиентите. Дополнително, услугата е потполно бесплатна за сите корисници.  

ПроКредит Банка ги поканува сите клиенти да ја доживеат иднината на банкарството со насмевка, благодарение на ова безбедно, едноставно и целосно дигитално решение.

Дознајте повеќе на следниот линк: ProCredit Bank – Електронска идентификација со OneID (pcb.mk)

Банки

Ендру Бејли: Довербата во вредноста на парите е основата на централното банкарство

Објавено

на

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на довербата, стабилноста и вредноста на парите, особено во време на зголемена неизвесност и економски шокови, оценува Ендру Бејли, гувернер на Банката на Англија, во интервју по повод 80 години централно банкарство во Република Северна Македонија.

Бејли упати честитки до Народната банка по повод јубилејот, нагласувајќи дека ваквите годишнини се потсетник дека централното банкарство се темели врз јавната доверба, која се гради со текот на времето, а најчесто се тестира во најтешките моменти.

Според него, суштинската улога на една централна банка е да ја зачува вредноста на парите. Граѓаните, како што посочува, треба да имаат уверување дека парите ќе ја задржат својата вредност и дека ќе можат безбедно и ефикасно да ги користат во секојдневните трансакции.

„Ова сидро, вредноста на парите, на најсоодветен начин објаснува зошто е толку важна независноста на централното банкарство и зошто таа мора да се заштити“, вели Бејли.

Тој објаснува дека одлуките на централните банки директно влијаат врз финансиските одлуки на домаќинствата и компаниите. Каматните стапки што ги одредуваат централните банки постепено се пренесуваат врз производите што комерцијалните банки им ги нудат на граѓаните и бизнисите. Тоа се одразува врз хипотеките, приходите од заштедите, трошоците за финансирање на компаниите, како и врз нивните одлуки за инвестирање, вработување и одредување на цените.

Бејли нагласува дека финансиската стабилност е подеднакво важна за економијата, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се очекува одржлив раст. Недостигот на стабилност, како што посочува, може да ја намали достапноста на финансирање за домаќинствата и компаниите и да ја разниша довербата во депозитните институции.

Во интервјуто, гувернерот на Банката на Англија се осврнува и на последната инфлациска епизода во Обединетото Кралство, која, според него, во најголема мера била последица на големи надворешни шокови поврзани со енергијата и синџирите на снабдување.

Тој посочува дека непосредните ефекти од ваквите шокови најмногу се чувствуваат кај основните трошоци на домаќинствата, како храната и горивата, но ризиците стануваат поголеми кога повисоките трошоци почнуваат да се пренесуваат и врз другите цени и платите.

Главниот фокус на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија, како што истакнува Бејли, бил спречување на секундарните ефекти и зачувување на инфлациските очекувања. Тоа, според него, бара одлуки засновани врз широк обем на податоци, јасна комуникација и анализа на различни сценарија и ризици.

Бејли оценува дека централните банки научиле многу од последните кризи, но дека подготвеноста за понестабилен свет зависи од постојано подобрување на анализите, преиспитување на сценаријата и одржување на довербата и легитимноста на институциите.

„Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање врз доверба во вредноста на парите и во институциите задолжени за нејзиното зачувување“, порачува гувернерот на Банката на Англија.

Продолжи со читање

Банки

Алта банка со совет до граѓаните: Водете евиденција на месечните трошоци

Објавено

на

Алта банка ги советува граѓаните редовно да водат евиденција на своите месечни трошоци, како едноставен, но важен чекор кон подобро управување со личните финансии.

Од банката порачуваат дека кога луѓето знаат каде и на што ги трошат парите, полесно можат да штедат, да планираат и да носат подобри финансиски одлуки.

„Малата контрола денес носи поголема сигурност утре“, посочуваат од Алта банка, нагласувајќи ја важноста на навременото следење на трошоците и одговорниот однос кон парите.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка викендов овозможува подигнување готовина од АТМ без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави промотивна можност за своите корисници на кредитни картички, со која викендов ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на банката без провизија.

Понудата важи за корисниците на VISA и MasterCard кредитни картички издадени од Стопанска банка. Од банката информираат дека промоцијата е достапна само во текот на овој викенд и важи исклучиво за подигнување готовина од АТМ на Стопанска банка.

Промотивната акција се реализира под мотото „Промо кеш викенд“.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange