Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба преку Секторот за финансиско управување го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг.

Доколку имате желба и амбиција да се приклучите на НЛБ тимот за стратешко планирање и финансиски контролинг, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Аналитичар во
Сектор за финансиско управување

Улога во тимот:

  • Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката;
  • Дефинирање на продажни оперативни планови;
  • Следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи;
  • Анализа и следење на профитабилноста на пазарните сегменти и продукти на Банката;
  • Анализа и следење продуктивноста на продажните канали на Банката.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство во финансиски и сродни индустрии во сегментот на стратешко планирање и финансиски контролинг ќе се смета за предност;
  • Познавање од областа на управување со податоци во финансиски менаџмент;
  • Познавање на работа со бази на податоци, power query и Power BI алатка;
  • Познавање на методи на анализа на податоци;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 12.08.2024 година на: [email protected] со назнака за Аналитичар во Сектор за финансиско управување.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Фондови АД Скопје

Објавено

на

Поради зголемен обем на работа, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје (членка на НЛБ групација), има потреба од понатамошен развој и кандидати за следната работна позиција:

Финансиски советник во продажба

Услови:

  • Високо образование;
  • 3 години работно искуство;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office;
  • Комуникациски и презентациски вештини;
  • Разбирање на деловни процеси;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Работни задачи:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Истражување и анализа на можности за продажба;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
  • Подготовка на извештаи.

Способности и вештини:

  • Способност за стратешко размислување;
  • Комуникативност;
  • Напредни аналитички способности;
  • Одлична способност за управување со проекти;
  • Способност за работа во динамична средина;
  • Како предност се смета познавање од финансии и услуги за финансиски институции;
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
  • Висока мотивираност и желба за надградба во полето на работа;
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи.

Компанијата нуди:

  • Динамична работа;
  • Воведување во работата со обука;
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Развој на кариерата низ соодветен тренинг;
  • Професионализам;
  • Бонуси од остварен учинок;
  • Работно време: од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [email protected], најдоцна до 20.12.2024 година.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 30 дена по завршување на огласот.

За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое може да го најдете на следниов линк: Известување за приватност, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на следнава е – адреса: [email protected].

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

 Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје

 Одговорности и задачи:

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката 
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство 
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласите за работа во Експозитура Неготино, Експозитура Пробиштип и Експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следната работна позиција:

Банкарски комерцијалист – благајник
(Експозитури: Неготино, Пробиштип и Штип)

Улога во тимот:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврдете го вашиот интерес со испраќање на кратка биографија (CV) најдоцна до 08.12.2024 година на: [email protected] со назнака „Банкарски комерцијалист – благајник (Со назнака за соодветниот град)“.

Продолжи со читање

Популарно