Connect with us
no baners

Продукти

Како до бонус поени на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless на Halkbank?

Објавено

на

Промотивен период за секој што сака нова кредитна картичка од Халкбанк. Првите апликанти добиваат бонус поени со апликацијата.

Зошто условите во Халкбанк се подобри? Затоа што сопствениците на овие картички добиваат и дополнителна можност за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. Како плус придобивка се и 10% пониски цени при купување полиси за доброволно осигурување од Халк осигурување.

Двата вида картички се револвинг кредитни картички што значи дека немаат ограничување на лимитот во бројот на плати и даваат можност за користење и пристап до средствата од револвинг кредитниот лимит 24/7, а секој месец се плаќа само 5% од вкупниот долг. Со нив, исто така може да се плаќа до 60 рати без камата, кај над 800 партнери на банката.

Картичките поседуваат највисоки стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code). Картичките се меѓународни и поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите се добива мејл известување за секоја направена трансакција.

Во промотивниот период до 31.12.2024 сите нови Visa Vita и Mastercard Credit Contactless  кредитни платежни картички се со фиксна каматна стапка од 6,6%, а во овој период првите 1000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1000 бонус поени, додека пак, првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2000 бонус поени.

А како се добиваат бонус поени? 

При плаќањето со нив на ПОС терминали на Халкбанк во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места објавени од страна на банката, се собираат бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар, собраните средства можат да се искористат при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали на Халкбанк.

Аплицирањето за Visa Vita и Mastercard Credit Contactless картичките може да се направи во било која филијала на банката, онлајн преку веб страната на Банката или преку електронското или мобилното банкарство на Халкбанк.

Комерцијален текст

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange